Енергетско ефикасни фрижидери

ВИСТИНСКИОТ ЗА ТЕБЕ. ЕДНОСТАВНО. МАГИЧНО.
Откријте ги NoFrost и MultiFlow 360° фрижидерите од Gorenje

Широк избор за сечија потреба

Откријте го широкиот асортиман на комбинирани фрижидери, side-by-side фрижидери и замрзнувачи. Опремени се со напредни функции кои ја одржуваат вашата храна подолго време свежа, го оптимизираат процесот на ладење, ви даваат дополнителен простор кога ви треба, се прилагодуваат на секоја ваша потреба и исто така спречуваат таложење мраз. И поради новиот инвертер компресор тие секогаш ќе бидат стабилни, тивки и издржливи. Дизајнирани, развиени и произведени по највисоки стандарди за да одговараат и да се вклопат совршено во секое опкружување и да се истакнат со извонредни енергетско ефикасни перформанси.

Изберете од широкиот избор на фрижидери кои се прилагодуваат на секоја ваша потреба, одговараат на вашиот животен стил и го поедноставуваат вашиот секојдневен живот.

Помалку простор, повеќе функции

Сè што ви треба за совршено свежа и замрзната храна спакувана во еден единствен апарат, кој се прилагодува на вашите потреби и желби. Опремен е со AdaptTech, lonAir со MultiFlow 360°, ConvertActive и други напредни функции, кои обезбедуваат извонредни перформанси по мал дел од цената.

Минимална енергија, максимално складирање

Врвен избор за практично и ефикасно зачувување на свежината на храната. Модерниот дизајн во комбинација со напредните функции како NoFrost Plus, инвертер компресор и ConvertActive, овозможуваат помалку шопинг патувања и нудат лесно достапно и добро организирано складирање за вашите секогаш свежи намирници.