Гаранција - Gorenje
затвори
...

Гаранција

Дополнителна 10 годишна гаранција на одредени компоненти

Дополнителна 10 годишна гаранција е достапна на инвертер моторот на одредени апарати. Правото на дополнителна 10 годишна гаранција на инвертер моторот се обезбедува исклучиво со пополнување на формуларот (на соодветните линкови подолу) во период од 30 дена од денот на купување на апаратот, со што добивате официјален сертификат за 10 години гаранција на моторот. За повеќе детали, видете ја понудата подолу.

5 godina garancije

Бела техника

5 години целосна и бесплатна гаранција на сите апарати од бела техника од Gorenje (машини за перење и сушење алишта, фрижидери и замрзнувачи, машини за садови, апарати за готвење, вградни микробранови печки).

Горење ДООЕЛ Скопје од 01.04.2015 година на пазарот во Република Македонија воведе значајна предност за купувачите и корисниците на апаратите од бела техника. Сите апарати бела техника од Горење купени во Република Македонија од 1 . арпил 2015 година имаат 5 (пет) години целосна и бесплатна гаранција. Гаранција од 5 (пет) години не ги опфаќа самостојните микробранови печки, малите апарати за домаќинство, апаратите за греење и ладење, бојлерите, прочистувачите и  одвлажнувачите кај кои гаранцискиот период останува 2 (две) години.

5 години гаранција имаат и апаратите бела техника купени во официјалните промотивни периоди одобрени од Горење ДООЕЛ Скопје:

  • 01.07.2010 -01.10.2010 година
  • 01.12.2011 -15.01.2012 година
  • 01.07.2012 -01.10.2012 година
  • 01.01.2013 -31.03.2013 година
  • 01.09.2014 -31.12.2014 година

Сите апарати бела техника кои се купени надвор од промотивните периоди, а се купени пред 01.04.2015 година имаат 3 години целосна и бесплатна гаранција.

5 godina garancije

Мали апарати за домаќинство

2 години целосна и бесплатна гаранција на сите мали апарати за домаќинство од Gorenje.

На производите од Gorenje кои се продаваат во Република Македонија носител на гаранцијата (давател) е Горење ДООЕЛ Скопје, со што е обезбеден сервис и резервни делови во Македонија во периодот наведен во гаранциската изјава.

Право на исправка во гарантен рок се добива со фискална сметка и заверен гаранциски лист. Условите за користење на гаранцијата може да ги погледнете на гаранциската изјава приложена со секој производ. 

За користење на гаранцијата, совет, сервис или одржување,  како и доколку ви се потребни дополнителни информации јавете се во центарот за поддршка на Gorenje сервисот на единствениот телефонски број 02/32 99 111.

Гаранциска изјава

Изјавуваме:

  • дека производот правилно ќе работи во гарантниот рок, ако го користите согласно со неговата намена и упатствата за употреба;
  • дека ако на ваше барање кое е  поднесено во гарантниот рок, на наш трошок ќе се погрижиме да ги отстраниме дефектите и недостаците на производот поради кои истиот не работи правилно, најдоцна во 30 дена од денот на пријавувањето на дефектот.

Гаранцијата почнува да важи од денот на продажбата на мало, што го докажувате со потврден гарантен лист (име и седиште на претпријатието што го продало производот на мало, печат, датум на продажбата и потпис на продавачот) и фискална сметка.

Гаранцијата престанува да важи во следниве случаи:

  • поради непочитување на упатствата за употреба;
  • ако се вградени неоригинални составни делови на производот;
  • поради немарно постапување со производот;
  • поради оштетувања настанати од механички удари по вина на купувачот односно трето лице.

Гаранцијата не опфаќа: потрошен материјал (светилки, садови за мраз, филтри за воздух, пенаст филтер итн.).

Поправки во гарантниот рок:

За поправки во гарантниот рок гаранција признаваме со потврден гарантен лист и оригинална фискална сметка.

При пријавување дефект наведете ги следните податоци:

  • Тип, модел, сериски број и шифра (број на артиклот) на производот;
  • Kраток опис на дефектот;
  • Најсоодветно време за посета на сервисерот и точна адреса со телефонски број.

Основните податоци за производот ќе најдете во гарантниот лист или во натписната табличка што е налепена на производот. Во упатствата за употреба е опишано на кое место од  производот е налепена натписната табличка.

Поправки после гаранција

Исто така, ако гаранцијата веќе поминала, сепак повикајте нé. Вградуваме оригинални резервни делови. За одредени нововградени резервни делови повторно даваме гаранција во времетраење од 6 месеци.

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice