Рачни блендери - Gorenje
»
»
»
»
затвори
...
ПРАКТИЧНИ И СИГУРНИРачните блендери од Gorenje ќе ве направат уште поефикасни во кујната. Тие ќе бидат ваши сестрани помошници било кога и да ви бидат потребни.
1
НАГЛАСУВАМЕ
Со широк опсег на функции и додатоци, рачните миксери од Gorenje можат да се справат со задачи за коишто некогаш ви бил потребен голем број апарати.
Повеќе Затвори
Отстранлив додаток за блендирање
Повеќе
Четиристрано сечило
Повеќе
DC мотор
Повеќе
Тивка активност (SilentAction)
Повеќе
DynaSpeed
Повеќе
SofTouch + Турбо
Повеќе
ИНОКС куќиште
Повеќе
Широк опсег на додатоци
Повеќе
Отстранлив додаток за блендирање
По употреба, едноставно извадете го делот за блендирање и измијте го под млаз вода. Дополнително, заштедувате простор при чување.
Четиристрано сечило
Инвентивно дизајнираното четиристрано сечило од нерѓосувачки челик овозможува брзо и темелно мешање, сечкање и пасирање на вашата храна.
DC мотор
Овој доверлив мотор за изведување тешки задачи нема да ве разочара. Тој е енергетски многу ефикасен и дизајниран е да биде користен подолг временски период.
Тивка активност (SilentAction)
Дали сте вие или луѓето околу вас вознемирени од вревата кога ги правите вашите омилени јадења? Рачните блендери од Gorenje остануваат тивки дури и при врвни брзини.
DynaSpeed
Со едноставната и лесно достапната контрола на брзината можете да ја нагодувате брзината на ротацијата на сечилото за време на работењето.
SofTouch + Турбо
Ергономски држач со нежен завршеток до копчињата за стартирање и за максимална брзина. Блендерот со задоволство се употребува и лесно се контролира.
ИНОКС куќиште
Куќиштето од нерѓосувачки челик дава нота на елеганција и овозможува дополнителна издржливост на блендерот. Ако останатите ваши кујнски апарати се исто така направени од нерѓосувачки челик, овој блендер е совршен избор за вашата кујна.
Широк опсег на додатоци
Со овие екстра додатоци, рачниот блендер станува сестран помошник кој може да ја исполни секоја работна задача.
Отстранлив додаток за блендирање
Четиристрано сечило
DC мотор
Тивка активност (SilentAction)
DynaSpeed
SofTouch + Турбо
ИНОКС куќиште
Широк опсег на додатоци
ФАКТИ И БРОЈКИ
Со рачниот блендер од Gorenje и со ронка фантазија, ќе приготвите мноштво јадења и напивки коишто ќе ги воодушеват вашите сакани.
Повеќе Затвори

Што можат тие да прават?

Со рачните блендери од Gorenje брзо и лесно ќе подготвите сè, од фил за палачинки до фино сечкан кромид. Погодни се и за матење шлаг или за приготвување пире од  домати.

Шлаг

Повеќе не ви е потребен обичен рачен миксер за матење шлаг – едноставно користете го Вашиот рачен блендер со додаток за матење. Перките за матење ќе ви овозможат да приготвите шлаг по ваш вкус за неколку минути.

Кајгана

Еве, брз и лесен начин да приготвите кајгана. Додадете ги жолчките и белките од  јајцата во длабок сад за матење и потоа употребете го блендерот со додатокот за матење.

Супи, сосови и чорби

Рачниот блендер стана алатка што секогаш се избира кога се приготвуваат супи и сосови, кога сакате да ги згуснете или да ги врзете состојките. Тој е исто така корисен кога сакате да отстраните какви било грутки од некаква течна храна.

Пире од овошје и зеленчук

Дури и без голем процесор за храна, подготовката на пире од овошје и зеленчук е брзо и лесно. Едноставно употребете го рачниот блендер! Охрабрете се и обидете се.

НАШ ИЗБОР!

Рачниот блендер HBX884QE од Gorenje лесно може да се справи со мноштвото задачи што бараат неколку апарати.

Со многу функции и со екстра додатоци како длабок сад за мешање, маталка, сечило со сад за сечкање и елегантно постоље, oвој рачен блендер од Gorenje ќе стане ваш омилен помошник.

ДОБАР АПЕТИТ!
Дали сакате да приготвите вкусен и здрав десерт со само еден кујнски апарат? Изберете го рачниот блендер од Gorenje и заштедете од вашето драгоцено време.
Повеќе Затвори

Чоколаден мус со авокадо

Чоколаден мус со авокадо

Состојки

  • 3 зрели плодови авокадо
  • 1 филџан какао во прав
  • ½ филџан мед
  • 2 лажичиња ванилин шеќер

Начин на подготовка

1 Додадете ги сите состојки во садот за матење. Употребете го рачниот блендер за да ги измешате состојките во густа свиленикава конзистентност.
2 Внимателно истурете го мусот во чаши за десерт и ставете ги во ладилник за време од 1 час.
3 Декорирајте со ливчиња нане, крупно сечкани бадеми или лешници и шлаг-крем. Можете исто така да ги замените лешниците со свежо наронет кокос.

Модели

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice