Power blender - Gorenje
»
»
»
»
затвори
...
ОТКРИЈТЕ ЈА ВИСТИНСКАТА МОЌБлендерот BPC2B е најмоќниот блендер што некогаш ви бил потребен. Со 1500 W максимална моќ и 30 000 вртежи во минута (rpm), тој ќе го срони ледот во снег или ќе ги претвори во течност вашите омилени зеленчуци и овошја. Не се колебајте да приготвите песто, хумус или путер од кикирики. Децата ќе сакаат кремаст сладолед, а вие ќе бидете задоволни со свиленкавото зелено смути и со топло пире.
1
ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Животот со малите апарати од Gorenje има свои предности. Бројни предности. Проверете ги извонредните карактеристики и перформанси на апаратите кои нудат современо корисничко искуство, врвен квалитет и ефикасно работење.
Повеќе Затвори
Копче со ЛЦД + 6 меморирани програми
Повеќе
Лесно за чистење
Повеќе
Моќен мотор
Повеќе
Заоблен четриаголен сад
Повеќе
Гумени ногарки
Повеќе
Контролна табла за брзина и за време
Повеќе
Сeчило од нерѓосувачки челик
Повеќе
Копче со ЛЦД + 6 меморирани програми
Заобленото копче на предната страна од апаратот има вграден кружен проѕирен кристален дисплеј којшто нуди совршен поглед на поставеното време и на брзината. Со нежно завртување на копчето можете да изберете една од меморираните програми (овошје, зеленчук, мраз, млеко од соја, ореви, фино промешување) и да започнете со блендирање со притискање на копчето за почеток.
Лесно за чистење
Чистењето на садот на power blender-от е многу лесно. Едноставно истурете ја водата во блендерот и притиснете на копчето за чистење на контролната табла. Моќта на сечилата за брзо спирално движење создаваат ефект на вител што темелно ќе ја исчисти внатрешноста на садот.
Моќен мотор
Основата на power blender-от ја чини неговиот мотор. Издржлив, со 1.500 W максимална моќност, тој ќе ги изблендира сите состојките во фина свиленкава течност или во прав. Со 30.000 вртежи во минута, со заштита од прегревање и со автоматско исклучување можете да бидете сигурни дека блендерот секогаш ќе ги пресретнува вашите најголеми очекувања.
Заоблен четриаголен сад
Естетски дизајнираниот сад со капацитет од 2 литри има специјално заоблени агли, така што состојките се лизгаат кон средината на садот и кон сечилата во текот на блендирањето. На тој начин секоја состојка поминува низ сечилата.
Садот е направен од тритан и не содржи бисфренол А (BPAfree). На него има ознаки за мерење во милиметри и чаши за прецизно дозирање на состојките. Капакот на садот го овозможува додавањето состојки дури и во текот на блендирањето, а поттурнувачот помага да ги туркате состојките поблиску до сечилата.
Гумени ногарки
За да остане еден ваков моќен апарат стабилно на едно место потребна е добра основа. Гумените ногарки на дното гарантираат дека блендерот нема да се поместува за време на работењето или кога се вади садот.
Контролна табла за брзина и за време
Покрај меморираните програми можете да ги наместите времето и брзината според вашите желби или потреби на контролната табла под ЛЦД копчето. Откријте кои се совршеното времетраење и брзината за вашиот омилен пијалак или јадење.
Сeчило од нерѓосувачки челик
Инвентивно изработеното сечило од нерѓосувачки челик ќе ги исечка и влажните и сувите состојки без додавање течности. Неговиот специјален облик овозможува прецизно и фино сечење дури и при големи брзини. Сечилата се остри и доволно цврсти да иситнат и мраз и цврста храна.
Копче со ЛЦД + 6 меморирани програми
Лесно за чистење
Моќен мотор
Заоблен четриаголен сад
Гумени ногарки
Контролна табла за брзина и за време
Сeчило од нерѓосувачки челик
ФАКТИ И БРОЈКИ
Power blender-от е лесен за користење, вешт и незаменлив помошник во кујната.
Повеќе Затвори

Видете ја вистинската моќ во акција

Замрзната храна

Замрзнатата храна претставува одлична основа за освежително свежо смути. Многу блендери не успеваат да ја претворат во течност замрзнатата храна; со Power blender-от немате потреба да се грижите.

Цврсти овошја и зеленчуци

Подготовката на храната пред блендирањето одзема многу време. Со Power Blender-от,  нема потреба ситно да ги сечкате намирниците бидејќи моќниот мотор лесно ќе се справи дури и со силните лушпи. Покрај тоа, не мора да ја вадите срцевината од овошјето бидејќи со големата брзина на блендирање целосно ќе се соединат семињата во течноста.

Мраз

Најдобрите коктели треба да користат убаво искршен мраз. Челичното сечило ќе го искрши мразот за вашата коктел-забава или дури и ќе го претвори мразот во густ снег којшто можете да го користите за да ги украсите чашите.

Топли јадења

Сечилото, ротирајќи до 30.000 вртежи во минута, генерира топлина што ја претвора храната во разнолики пиреа или во крем-супи. Вкусете пире од морков или супа од тиква. Тие ќе бидат подготвени за помалку од три минути.

Јаткасти плодови и семиња

Сега можете да направите салца, путер од кикирики или песто со вашиот блендер. Искршете ги јаткастите плодови и ставете семиња во свиленикавите сосови.

Зрна од кафе

Само една минута откако ќе почнете со блендирање, ќе бидете маѓепсани од мирисот на свежо сомеленото кафе. Уживајте во вистинското чувство на бариста секое утро.

Идеално решение за специјални задачи

Исхрана со сирова храна

Исхраната со сирова храна вклучува храна што не е термички обработена, бидејќи готвењето, пржењето и печењето ги уништува ензимите, витамините и минералите во храната.

Пирамидата на исхрана за сирова храна се разликува од конвенционалната пирамида и покажува дека храната треба да се консумира често, умерено и во помали количини. Покрај овошје и зеленчук, на ова мени се и јаткастите плодови и семињата, мешунките, билките и природните масла.
 
Сировата храна е ризница на корисни состојки, од кои многу се наоѓаат во тврдите лушпи или во семињата. Конвенционалните блендери ќе имаат проблеми со обработката на влакната. Моќта на Power blender-от, сепак, ќе ги претвори во течност состојките кои претходно не можевте да ги обработите.

Со оглед на тоа дека лупењето и сечењето на помали парчиња веќе не е потребно, ќе потрошите помалку време за да го подготвите вашиот омилен оброк или пијалак, додека зачувувањето на сите состојки е корисно за вашето здравје.

Храна за бебиња

Кога им се внесува цврста храна на бебињата, многу е важно да се вклучува што повеќе овошје и зеленчук.

Со Power blender-от, приготвувајќи пиреа со рамномерна текстура, на лесен начин му овозможувате на вашето бебе да ужива во храната без присуство на какви било цврсти парчиња.

Специјални диети

Секоја специјална диета бара многу внимание околу изборот на состојки и при подготовката на храната. Со Power blender-от, лесно ќе направите:

  • јадења без глутен,
  • веган-јадења,
  • вегетаријански јадења,
  • јадења без лактоза и без млеко.
ДОБАР АПЕТИТ!
Дали сте во потрага по добри идеи? Пробајте ги вкусните рецепти коишто ќе ве одведат на патување на кое ќе ги откриете разнобојните вкусови и привлечните мириси ширум светот - токму во Вашата кујна!
Повеќе Затвори

Безалкохолен коктел од круша

Безалкохолен коктел од круша

Состојки

  • 2 чаши коцки мраз
  • 1,5 dl 100% сок од портокал
  • 2 сочни круши
  • 1 dl сок од круша
  • 2 супени лажици мед
  • минерална вода

Начин на подготовка

1 Измијте ги, излупете ги и извадете ги семките од крушите и исечете ги на парчиња.
2 Префрлете ги коцките мраз во бокалот на блендерот.
3 Изберете ја меморираната програма за кршење мраз.
4 Додадете круши, сок од портокал и од круша и двете супени лажици мед.
5 Изберете ја меморираната програма за блендирање овошје.
6 Истурете во чашите и додадете малку минерална вода во секоја чаша.
7 Работ декорирајте го со парче портокал.

Чоколаден сладолед

Чоколаден сладолед

Состојки

  • 3 парчиња смрзната банана
  • 2 полни грста коцки мраз
  • 100 g ситно сечкано чоколадо
  • 1 супена лажица мед
  • 200 g мелени бадеми

Начин на подготовка

1 Додадете ги коцките мраз во бокалот на блендерот.
2 Изберете ја меморираната програма за кршење мраз.
3 Додадете ги смрзнатите парчиња банана и мелените бадеми.
4 Додадете ги ситно сечканото чоколадо и медот.
5 Изберете ја меморираната програма за кршење мраз.
6 Изладете во замрзнувачот околу 1 час, а потоа послужете.

Сос од соја

Сос од соја

Состојки

  • 300 g зрна од соја
  • 3 корнишони (кисели краставички)
  • 1,5 супени лажици сенф
  • 1,5 супени лажици кисела павлака
  • 1,5 лажичиња путер
  • 8 супени лажици маслиново масло
  • 1/2 мала главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 3 супени лажици фета сирење
  • 1 dl вода
  • китка магдонос
  • сол, бибер

Начин на подготовка

1 Потопете ги во вода зрната соја најмалку 12 часа. Потоа, измијте ги и сварете ги.
2 Кога ќе се оладат, префрлете ги во бокалот на блендерот.
3 Додадете ги сите останати состојки.
4 Зачинете по вкус и додадете го исечканиот магдонос.
5 Изберете ја меморираната програма „nuts“.
6 Послужете со потпечен леб и со сирење или со пршута.

Пире од авокадо

Пире од авокадо

Состојки

  • 2 авокада
  • 1/2 лажиче свежо или сушено чили
  • 1 чешне лук
  • 2 супени лажици сок од лимон
  • 1 dl кисела павлака
  • 1/2 лажиче семе од коријандер
  • сол

Начин на подготовка

1 Преполовете го авокадото и отстранете ја семката.
2 Со лажица изгребете ја внатрешноста на авокадото од неговата лушпа и ставете ја во бокалот на блендерот.
3 Додадете лук, чили, сок од лимон, кисела павлака, сол и истолчено семе од коријандер.
4 Изберете ја меморираната програма за блендирање зеленчук.
5 Сервирајте со пченкарен тортиља чипс.

Коктел Маргарита

Коктел Маргарита
Предупредување! Пијалакот содржи алкохол. Ве молиме користете го одговорно и во согласност со законот.

Состојки

  • Коцки мраз
  • 100 ml текила
  • 60 ml ликер од портокал (triple sec)
  • 1 супена лажица сок од лимета
  • сол по вкус

Начин на подготовка

1 Половина час пред да го направите коктелот, наполнете ги чашите со мраз за да ги изладите.
2 Измијте ја и пресечете ја лиметата. Искористете една половина за работ на чашата.
3 Распрскајте ја солта врз чинијата и натопете ја чашата, превртете ја наопаку, во солта.
4 Истиснете го сокот од другата половина на лиметата.
5 Додадете два грста мраз во бокалот на блендерот.
6 Изберете ја меморираната програма за кршење мраз.
7 Додадете текила, трипл сек и сок од лимета.
8 Блендирајте 30 секунди на ниво на моќност 4.
9 Истурете во оладените чаши и украсете го работ со парче лимета.

Миксирано смути од јагоди

Миксирано смути од јагоди

Состојки

  • 100 g свежи јагоди
  • 1 банана
  • 1 јаболко
  • 1 dl млеко од соја
  • 1 лажиче мед
  • 1/2 лажиче цимет во прав
  • 1 лажиче мака корен во прав

Начин на подготовка

1 Измијте ги и излупете ги овошјата и извадете ја срцевината од јаболката.
2 Исечете на големи парчиња.
3 Ставете ги во бокалот на блендерот и додадете млеко од соја.
4 Додадете мед, цимет и мака.
5 Изберете меморирана програма за блендирање овошје.

Сос од сончогледово семе

Сос од сончогледово семе

Состојки

  • 200 g семе од сончоглед
  • 0,5 dl маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 3 сушени домати конзервирани во масло
  • 1 лажиче ливчиња од магдонос
  • 1/2 лажиче босилек
  • 1 лажиче сол

Начин на подготовка

1 Потопете ги во вода сончогледовите семиња, да стојат преку ноќ, а потоа исплакнете ги.
2 Ставете ги во бокалот на блендерот.
3 Додадете лук, масло, сушени домати, тревки и сол.
4 Изберете ја меморираната програма „nuts“.
5 Изладете во ладилникот 15 минути.
6 Послужете со потпечен леб.

Зелено смути

Зелено смути

Состојки

  • 200 g сирова брокула
  • 200 g свежи краставици
  • 2 јаболка
  • 1 супена лажица маслиново масло
  • вода

Начин на подготовка

1 Измијте ги и излупете ги овошјето и зеленчукот и исечкајте го на помали парчиња.
2 Преместете го сето тоа во бокалот на блендерот. Додадете масло и 2 dl вода.
3 Изберете ја меморираната програма за блендирање зеленчук.
4 Додадете повеќе вода за да ја постигнете посакуваната густина на пијалакот.
5 Послужете го пијалокот ладен.

Пире од зеленчук

Пире од зеленчук

Состојки

  • 300 g тиква Хокаидо
  • 200 g компири
  • 50 g путер
  • 100 g семки од тиква
  • 1 лажиче куркума во прав
  • морско оревче во прав
  • 1 dl цврст крем
  • прстофат сол

Начин на подготовка

1 Измијте ја тиквата Хокаидо, исечете ја на парчиња и отстранете ги семките.
2 Полејте ја со маслиново масло и печете ја 20 минути на 180 °С.
3 Сварете ги компирите.
4 Преместете ја печената тиква и сварените компири во бокалот на блендерот.
5 Додадете путер, семки од тиква, крем, куркума и сол.
6 Изберете ја меморираната програма за блендирање на зеленчукот.
7 Сервирајте го пирето жешко со морско оревче во прав.

Пикантен хумус

Пикантен хумус

Состојки

  • 200 g сушен наут
  • 3 чешниња лук
  • 3 супени лажици сок од лимон
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 2 супени лажици тахини (паста од сусам)
  • 100 ml наут во зовриена вода
  • прстофат сол и пипер
  • 1/4 лажиче лут пипер
  • 1 лажиче семе од синап
  • свежо исечкан магдонос

Начин на подготовка

1 Потопете го во вода наутот и така оставете го околу 20 часа. Потоа измијте го и згответе го.
2 Стоплете одделно 100 ml вода да врие.
3 Преместете го наутот што врие во бокалот на блендерот и додадете ја водата.
4 Додадете лук, сок од лимон, маслиново масло, тахини, сол и пипер.
5 Додадете лут пипер за вкус.
6 Одберете ја меморираната програма „nuts“.
7 Сервирајте ладно.
8 Потурете со сусамово семе и со сечкан магдонос.
Безалкохолен коктел од круша
Чоколаден сладолед
Сос од соја
Пире од авокадо
Коктел Маргарита
Миксирано смути од јагоди
Сос од сончогледово семе
Зелено смути
Пире од зеленчук
Пикантен хумус

Модели

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice