Апарат за цедење масло OP650W - Gorenje
OP650W Апарат за цедење масло
12.990,00 ден

Апарат за цедење масло OP650W

Моќност: 650 W Капацитет (max): 2 kg/h Ефикасност (max): 50 % Ладното цедено масло ги задржува хранливите материи Сад за масло Сад за пулпа
17.990,00 ден
12.990,00 ден
Цената е со вклучен ДДВ од 18%.
печатете
печатете
споделете
Facebook
Twitter
превземи
превземи

Карактеристики

_products/features/icon - 30-минутен циклус

30-минутен циклус

Цедењето за масло може да работи континуирано до 30 минути. Ова значи дека вашата единствена задача за ова време е да внимавате садот за состојки да биде постојано наполнет и да се осигурате дека има доволно простор во садовите за масло и за ситните парчиња. Така ќе бидете слободни да сработите други обврски во текот на процесот на цедење.
Повеќе
Затвори
_products/features/icon - Спирален сврдел

Спирален сврдел

Маслото се екстрахира од семињата и од јаткастите плодови со ротирање на сврделот кој ги згмечува состојките и ги одвојува во масло и во корисни остатоци – парчиња. Сврделот е направен од отпорен не’рѓосувачки челик кој е исто така многу лесен за чистење. Наместо да се мие под млаз вода, металниот дел едноставно може да се исчисти со сува кујнска крпа.
Повеќе
Затвори
_products/features/icon - Ладно цедење

Ладно цедење

Одржувањето на температурата под 49°С, за време на процесот на цедење, овозможува маслото да ги задржи своите витамини и минерали кои можат да се уништат на повисоки температури. Технологијата на ладно цедење, само ги затоплува состојките до температура која овозможува екстракција на маслото. Ладно цедените масла треба да се чуваат во затемнети садови и на ладно место, затоа што, во споредба со индустриски преработените масла, тие се почувствителни на светлина и побрзо ги губат своите хранливи материи и изворниот мирис ако се чуваат на собна температура.
Повеќе
Затвори
_products/features/icon - Два сада

Два сада

Во апаратот има два сада: сад за масло опремен со филтер кој ги отстранува кои било цврсти делови од маслото и еден поголем сад за собирање на ситните парчиња. Садовите се направени од трајни материјали што не содржат BPA.
_products/features/icon - Резервоар

Резервоар

Поставен директно над сврделот, резервоарот прецизно ги дополнува состојките во апаратот за цедење, ослободувајќи ве од секакви грижи за тоа дали сте додале премногу или премалку. Резервоарот има капацитет од 700 мл и може лесно да се извади и да се исчисти под млаз млака вода.
_products/features/icon - Функција без застанување

Функција без застанување

Апаратот за цедење масло е опремен со функција која дозволува едноставно обратно ротирање на сврделот за отстранување на какви било тврди делови од семките и јатките. Нема да биде потребно да го испразните или да го расклопите апаратот, а состојките секогаш ќе бидат потполно искористени.
Повеќе
Затвори
_products/features/icon - Гумени ногарки

Гумени ногарки

Можете да се одморате убедени дека апаратот нема да се помести по работната површина за време на процесот на цедење. Гумените ногарки на дното од апаратот дозволуваат цврста прилепеност и стабилност, што значи безбедна употреба и без непријатни изненадувања.
_products/features/icon - Безбедноста на прво место

Безбедноста на прво место

Апаратот ќе работи само ако поклопецот на садот за состојки е прописно и правилно наместен. Како дополнителна безбедносна карактеристика, апаратот автоматски ќе сопре доколку се прегрее или ако садот за состојки е празен.

Технички карактеристики

Моќност: 650 W

Ефикасност (max): 50 %

Ладното цедено масло ги задржува хранливите материи

Време на работа (max): 30 мин.

Продолжено време на работа

Лесно чистење

Оn/Off копче

Сад за масло

Сад за пулпа

Филтер за масло за одлични резултати

Четка за чистење за лесно одржување

Гумени ногарки за стабилност

Заштитна ракавица

Заштита од прегревање за дополнителна безбедност

Куќиште: Пластика + метал

Материјал на сврделот: Не'рѓосувачки челик

Капацитет (max): 2 kg/h

Сигурносен прекинувач за совршена безбедност

Должина на приклучен кабел: 1 m

Димензии (ШxВxД): 18 × 30 × 35 cm

Димензии на амбалажата (ШxВxД): 23,2 × 46,7 × 36,5 cm

Нето тежина на апаратот: 4,3 kg

Бруто тежина на апаратот: 6,9 kg

Приклучна моќ: 650 W

Код: 521962

EAN Код: 3838942086243

Прилози

Поврзани производи

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice