Кујнски мијалници - Gorenje
затвори
...
ДОЛГОТРАЈНИ И ИЗДРЖЛИВИКУЈНСКИ МИЈАЛНИЦИ SILIGOR
1

Кујнски мијалници

Иновативен материјал, иновативна форма

Бидејќи секојдневно се користи во услови на висока влажност и како работна површина, квалитетот на мијалникот е многу важен за секое домаќинство. Кога станува збор за функционалноста на мијалникот, од особено значење се неговата издржливост, едноставното чистење и одржување, како и неговиот убав изглед.

SILIGOR е вештачки мермер со карактеристики на природен камен кој е отпорен на удари, дамки од храна и хемикалии, (големи) температурни промени, сечење, детергенти, киселини и разни други супстанции што се користат во домаќинството.

Високите барања за квалитет, трајноста и хигиената бараат секое зрно песок да се третира одделно со незаситена полиестерска смола. SILIGOR е безбеден материјал за здравје и хигиена.

Совети за лесно одржување на мијалниците SILIGOR

Мијалниците SILIGOR можат да се чистат со обични средства за чистење, средства за миење садови, благо абразивни средства за чистење и сунѓер за миење на садови. Дамките од бигор на површината на мијалникот се чистат со средства за отстранување на бигор. По чистењето, исплакнете со чиста вода и избришете. Иако површината е отпорна на гребнатини и удари, треба да се избегнува остри предмети да паѓаат на површината и не треба да се ставаат жешки садови директно од шпоретот врз површината на мијалникот. Со редовното и лесно чистење, се избегнува потребата од скапи агресивни средства и се заштедува пари и време. Со тоа, можете да придонесете за нивната долгогодишна убавина. Мијалниците SILIGOR не се штетни за здравјето и може безгрижно да се одлага храна.

Гребнатини

Високата содржина на природен гранит, кварцот, спречува гребење на површината на мијалникот! За сечење препорачуваме да користите соодветни дрвени или пластични даски. Длабоките гребнатини на површината на мијалникот може едноставно да се отстранат со водена брусена хартија со фина гранулација и потоа да се премачка со тенок слој маслиново или сончогледово масло за јадење.
Повеќе
Затвори

Удари

Искуството, постојаното подобрување и тестирање на материјалите, доведоа до извонредна издржливост на вообичаени удари кои мијалникот може да ги поднесе при секојдневната употреба. Истражувањата покажуваат дека е речиси невозможно случајно да се скрши мијалникот!
Повеќе
Затвори

Топлина

Мијалниците SILIGOR се отпорни на температура до 180°C! Треба да се обрне внимание на тоа дека температурата на дното на садот по отстранување од шпоретот може да биде и до 600°C! Затоа, треба да се користат дрвени или метални подлоги, бидејќи и покрај високата издржливост на површината, препорачливо е да не се изложува мијалникот на температурен шок.
Повеќе
Затвори

Чистење

Специјалната формула на композитните материјали, овозможува лесно отстранување дури и на најтврдокорните дамки. За да се спречи создавање на бигор на кој се задржуваат остатоци од храна и се прават тврдокорни дамки се препорачува чистење на мијалникот со детергент по секоја употреба и пребришување со сува карпа. Се препорачува и да се пребрише со раствор од алкохолен оцет и вода (1:2) два пати неделно.
Повеќе
Затвори

Хигиена

Високата густина и специјалната формула на користените материјали, овозможуваат неограничена и безбедна употреба на мијалникот! Контактот на храна, со соодветно чистење на мијалникот, е комплетно сигурен и микробиолошки безбеден.
Повеќе
Затвори

Заштедете пари на скапо одржување

Мијалниците SILIGOR се отпорни на гребнатини од кујнски прибор, а трагите од нечистотија можат лесно да се отстранат со едноставно миење на површината на мијалникот со стандардна абразивна паста за миење раце и потоа со премачкување на оштетеното место со маслиново или сончогледово масло за јадење. Превентивно, еднаш на секои две недели, премачкајте ја површината на мијалникот со тенок слој од горенаведените масла и вашиот мијалник ќе изгледа како нов.
Повеќе
Затвори
Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice