Карактеристики - Gorenje
затвори
...

Карактеристики

ЛЕД дисплеј

ЛЕД дисплејот на клима уредот ги претставува вашите прилагодувања, така што работата е секогаш прегледна.

Енергетска класа A, A+ и A++

Класифицирањето на апаратите во енергетска класа A значи висока енергетска ефикасност на апаратот бидејќи со ниска потрошувачка на енергија се остваруваат врвни резултати. Коефициентот SEER кај ладењето и SCOP кај греењето го покажува односот на вложената електрична енергија и добиената моќност на греење или ладење. Повисокиот коефициент означува поголема ефективност, а со тоа и сврстување во подобра енергетска класа. Коефициентот SEER повисок од 5,6 и SCOP повисок од 4 значи класификување на клима уредот Super DC Inverter во енергетската класа A+. Коефициент SEER повисок од 6,1 значи класификација на клима уредите во режимот за ладење во класата A++.

Тивка работа

Намалување на бучавата за ваша удобност
Бучавата се намалува до 19 dB и ви овозможува тивка и мирна околина, правејќи да се чувствувате како на прошетка на месечината.

Компактен дизајн

Компактниот дизајн на клима уредот кај оние со помали димензии ги овозможува сите предности на оние со големи димензии! Ги одликува тивка и економична работа и автоматско префрлање меѓу ладењето и греењето. Местењето е едноставно, со помош на дигиталниот управувач од далечина.

Насочувачи на воздухот

При функцијата ладење, насочувачите на воздух при ладењето се свртуваат во водорамна положба. Со тоа ладниот воздух е насочен под плафонот што овозможува брзо и рамномерно ладење на просторот. Меѓутоа, при функцијата греење, насочувачите на воздух се свртени надолу што овозможува брзо и рамномерно зголемување на температурата.

Автоматско повторно придвижување

Во случај на прекин на доводот на електрична енергија, кај повторното вклучување на клима уредите, функцијата на автоматско повторно придвижување овозможува автоматско продолжување со работата на апаратот со сочувани поставувања.

Автоматска работа

Клима уредот, при изборот на автоматскиот начин на работа, со помош на температурниот сензор го регулира оптималниот начин на работа меѓу греењето и ладењето.

Одвлажнувач

Клима уредот овозможува ладење со минимален воздушен проток низ единицата на клима уредот што овозможува одземање на влагата од просторот, при што температурата во просторијата битно нема да се намали.

Заштита на просторот од замрзнување

Со помош на оваа функција, во зимските месеци, просторот може да се заштити од замрзнување. Во просторијата се одржува температура на 8 °C.

Моно/мулти компатибилност на внатрешните делови

Внатрешните делови на DC инвертерот и на Super DC инвертерот можат да се употребат како кај моно така и кај мулти инвертер клима уреди.

Ноќен режим

Ноќен режим на работа за ваша комоција
Оваа функција овозможува автоматско зголемување на поставената температура за 2°C по еден час работа. Температурата тогаш останува константна и ќе имате идеална температура за спиење.

Детекција на истекување на фреонот

Клима уредот автоматски го детектира истекувањето на фреонот што овозможува дополнителна заштита на компресорите.

Функција самопрочистување

Функцијата самопрочистување, по завршување на работата во режимот на ладење, автоматски го суши изменувачот на топлина во внатрешноста на системот и го подготвува за следните дејства. На тој начин се оневозможува создавање на талог и непријатен мирис од клима уредот.

Брзо ладење

Турбо режим на работа за подобро чувство во пократко време
Уникатната технологија за слаба магнетна контрола се користи за работа на висока фреквенција при висока температура, со што се постигнува поголем капацитет на ладење и се зголемува стапката на ладење за 25%.
Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice