Одберете било која боја од фрижидерите со класичен дизајн и тој ќе биде центар во вашиот дом. Може да го поставите било каде. Можеби во вашата романтична кујна. Или во вашата шик урбана дневна соба. Или пак во вашиот фанки тавански простор. Секој ретро фрижидер е горд сопственик на впечатлив изглед, оптимално искористен просторот и ги има сите карактеристики кои се очекуваат од фрижидер. Без разлика на бојата, овие модерни икони се моментален хит каде и да се појават.
Можете да го изберете вашиот фрижидер од романтичен, шик и фанки спектар на бои.
Вашата
шик страна
Вашиот живот е време со визија. Знаете точно што сакате, а што не сакате. Очекувате многу од себе; така што и вашиот животен стандардард е висок. Сакате совршеност. Едноставни и елегантни линии каде што ништо не излишно.
Сакате минимализам. За вас, деталите се клуч за убавината. Таму каде што сѐ се вклопува на вистинско место. Таму каде што вашиот специфичен вкус е извор на сите добри работи кои ги правите во вашиот живот.
Вашата романтична
страна
Собирате делови од вашето минато. Секој дел има своја приказна и тие се дел од вашиот живот. Никогаш не се чувствувате осамено. Ви се допаѓаат новите приказни, новите слики, зачинети со одреден карактер. Едноставно романтично. Избирате предмети за вашите специфични желби. За вас го одбирате само најдоброто.
Сакате удобност. Со гордост си овозможувате големи задоволства. Знаете како да си угодите себеси. Го живеете животот како дама. Како господин.
Вашата фанки страна
Кога сакате да го достигнете небото, нема да дозволите таванот да ви биде препрека. Имагинацијата има огромна моќ. Со неколку искри од неа, вашиот дом станува идеално игралиште. На овој начин, навистина уживате во вашата независност. Кога и да посакате независност. Каде што сѐ што ќе посакате е дел од вас.
Ја сакате слободата. Адреналинот кои доаѓа со новите сензации и искуства. Желбата да се дознаат и да се научат нови работи ве движат низ цел свет. Вашиот живот е патување. Вашите соништа се богати и живописни.
Одберете го вашиот Retro фрижидер
Убава однадвор, паметна во внатрешноста
IonAir со MultiFlow 360° функција

More
NoFrost Plus

More
AdaptTech технологија

More
FreshZone фиока

More
ZeroZone фиока

More
XtreemeFreeze фиока

More
IonAir со MultiFlow 360° функција
Напредната технологија во ладилниците ја пресликува природната микроклима за да се осигура дека храната ќе остане свежа подолго време. Негативно наелектризираните јони генерирани од страна на апаратот континуирано го освежуваат воздухот за да ја имитира природната микроклима и со тоа да се креира идеална средина за свежа храна. Вентилацискиот систем MultiFlow 360° еднакво го дистрибуира јонизираниот воздух преку 14 вентилациски отвори за да се одржи константна температура на секоја полица.
Еден од најдобрите системи за ладење на пазарот, инсталирани во преградата за замрзнувач, го спречува натрупувањето на мраз за да се одржи ниско ниво на потрошувачка на енергија, додека во одделот за ладење, тоа одржува идеална микроклима за свежа храна. Циркулацијата на јонизиран воздух ја заштитува храната од исушување и ги задржува во неа витамините и минералите.
Овој „ паметен“ систем беше осмислен за одржување на оптимална температура во фрижидерот во зависност од тоа колку често ја отворате вратата. Кога вратата е отворена, температурата одеднаш расте и храната е изложена на термален шок којшто за возврат предизвикува таа поскоро да се расипе. Фрижидерот континуирано го следи и го анализира начинот на којшто го користите. Така, тој може да предвиди кога ќе ја отворите вратата на ладилникот и токму пред тоа да го сторите, тој ја зголемува температурата од 1 до 2 °C за да се осигурате дека се одржува константна температура и дека храната останува свежа и полна со хранливи материи.
Оваа фиока со најниска темература во фрижидерот е идеална за складирање на месо, риба, овошје и зеленчук. Ја зачувува свежината на храната, нејзината арома и вкус многу подолго.
Фиоката со температура од околу 0 °C е идеална за чување на свежо или на маринирано месо, риба или на морска храна. Ја продолжува свежината на деликатната храна и ги задржува природната сочност и хранливите вредности.
Брзото замрзнување на екстремно ниски температури. Со ваквиот начин на замрзнување се зачувуваат хранливите состојки и вкусот на храната.
IonAir со MultiFlow 360° функција