Gorenje designed by Karim Rashid - Gorenje
затвори
...

Креатор на облици кои се универзално посакувани.

Karim Rashid продолжува да импресионира со својата работа за Gorenje.

„Апаратите се  дел од нашето секојдневние.“

Неговите апарати се универзално препознаени како сензуални и чисти. Неговиот дизајн е познат по природни нежни линии и внимание кон деталите. Неговата работа се почитува на глобално ниво, бидејќи го зборува универзалниот јазик на убавината.

Karim Rashid е член на глобалната дизајнерска елита, а како добитник на многу награди за дизајн, тој е креативната сила зад бројни објекти и икони на глобалниот дизајн. Неговото чувство и стил се присутни во брендови какви што се Alessi, Audi, Estée Lauder, Issey Miyake, Prada и Sony. Тој редовно добива престижни интернационални награди, вклучувајќи ги Red Dot Award и Chicago Athenaeum Good Design Award.

Опремете го вашиот дом со апарати од Gorenje дизајниран од Karim Rashid

Дизајнирано од Karim RashidСилниот карактер и чистите линии даваат впечатлив и привлечен изглед, надграден со модерна технологија. Нежните линии ја раскажуваат приказната за протокот на енергијата, вкусот и воздухот. За текот на животот.

Препуштете се на текот на животот.

Инспирирани од бесконечната енергија. Дизајнирани од Karim Rashid.

Во последната успешна соработка со Gorenje, Karim Rashid создаде семејство на апарати што не оставаат никого рамнодушен. Од надвор тие се дефинирани со смирен, но моќен карактер и со чисти линии. Се карактеризираат со исклучително јасен дизајн, во кој ниту еден облик или движење не се непотребни. Нивната површина портретира мелодија на фини линии кои раскажуваат приказна за протокот на енергијата, протокот на вкусот, протокот на воздухот. За текот на животот.

Внатре, ова се моќни апарати. Но за разлика од многу други, нивната технологија е визуелно невидлива. Бидејќи се непретенциозни однадвор, програмите кај вградните апарати за готвење, можностите за управување  и карактеристиките за безбедност тивко преземаат и обезбедуваат супериорно искуство за корисникот. Со мало движење на прстите, тие реагираат брзо, ве покануваат, ве инспирираат и ве предизвикуваат.

Огништето на вашиот дом.

Доживејте магичен проток на енергија.

Печење? Запекување? Само кратко загревање? Навистина не е важно. Енергијата од оваа иновативна рерна го олеснува готвењето. Со неа, домашно приготвените јадења се извор на задоволство и здравје. Поради впечатливиот дизајн, оваа рерна е предводник во секој модерен ентериер.

HomeMADE

Иновативниот дизајн на оваа уникатна рерна е инспириран од традиционалните рерни на дрва, кои се пример за идеални услови за печење. Внатрешноста на рерната на Gorenje има горен свод, кружни странични ѕидови и паметно поставен грејач. Овој уникатен дизајн дава за резултат крајно ефикасна и рамномерна дистрибуција на жежок воздух.

Автоматизирано готвење

Совршен резултат во само три едноставни чекори. Модулот на електронско програмирање кој очекува патент, е револуционерна новост во контролата на уреди преку екран на допир. Бројни однапред наместени програми автоматски ја приспособуваат вистинската комбинација на елементите на загревање, температурата и на времето на готвење, додека, пак, дополнителните приспособувања прават тоа да биде едноставно за користење и да заштеди уште повеќе од вашето скапоцено време.

Три јадења одеднаш

Не е проблем да имате многу гости или многу идеи. Во една рерна можат да се приготват разни јадења, на едно од трите нивоа, во исто време, со значителни заштеди во време и енергија. Специјалниот вентилатор го циркулира воздухот рамномерно и брзо, па така се гарантираат извонредни резултати во готвењето.

Креативна платформа.

Започнете добар живот: поттикнете го протокот на вкус.

Храната и задоволството секогаш одат заедно. Оваа технолошки совршена плоча ќе го претвори дури и најкреативниот кулинарски потфат во весел и креативен процес. Интелигентните функции, иновативните елементи и дизајнот кој е лесен за користење, прават се да биде возможно! Со овие плочи, кујната добива совршен микс на емотивна сензуалност и функционален минимализам.

Моќен играч

Индукциската плоча од врвна технологија дава брзина, пониска потрошувачка на енергија, безбедност и нежен допир. Згора на тоа, функцијата PowerBoost дополнително ги подобрува работењето и капацитетот на конвенционалната индукциона плоча. Одговара без одлагање, спречува течноста да проврие и да претече и ве поштедува од чистење.

Означен избор

Стакло керамичката плоча со hi-light грејачи функционира едноставно. Двојните овални зони на загревање прават да џбиде лесно таа да се приспособи на различни видови садови. За да се заштеди енергија, зоната на готвење може едноставно да се прошири до посакувани димензии.

Пламен со стил

Стилското бело стакло, ергономски дизајнираните контролни копчиња и инспиративниот дизајн прават овој шпорет на плин да биде совршен придружник во модерната кујна. Уникатниот вок горилник дава пламен во три прстени со застрашувачка моќ на загревање и моментален одговор.

Круна на кујната.

Проток на свеж воздух, секогаш на располагање.

Свежиот воздух е секогаш приоритет, особено ако тој пристигнува на ваков спектакуларен начин. Минималистичкото стакло напред и невидливата контролна табла на допир тивко ја претставува технолошки супериорната природа на аспираторот. Нежните линии лизгаат по површината и го прилагодуваат воздухот во универзална приказна за безгранична убавина.

Контрола без мака

Контролната плоча е лесна за употреба и може да се дофати без мака. Осветлената лента овозможува едноставен избор на четири нивоа на моќ на извлекување.

Совршено осветлување

LED осветлувањето овозможува одличен преглед на плочата и на околните полиња, додавајќи така добредојден естетски и функционален елемент во кујната. Во споредба со конвенционалните решенија, осветлувањето е подобро и поблиску до природната светлина, пониска е потрошувачката на енергија и векот на траење му е три пати подолг.

Тивко вшмукување

Системот за вшмукување со напредни параметри ја префрла зоната на вшмукување од централниот дел на поклопецот кон надворешните рабови.Ова дава подобрено, побрзо и подобро концентрирано вшмукување, додека пак во исто време ги намалува потрошувачката на енергија и нивото на врева.

Галерија

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice