Philippe Starck е меѓународно потврден француски креатор.
Неговото длабоко разбирање на современите мутации, неговата љубов кон идеи, неговата желба да ја брани интелигенцијата на корисноста – и истата таа корисност на интелигенцијата - придружија едноподруго иконско создавање. Од секојдневните производи какви што се мебелот и цедалките за лимон, до револуционерните мега-јахти, индивидуалните ветерници, електричните велосипеди или хотели и ресторани кои се стремат да бидат чудесни, стимулирачки и интензивно живописни места.
Преку дизајнирање на неговата прва колекција со Gorenje, Philippe Starck ја потврдува неговата обврска да ѝ служи на својата заедница преку обезбедување на најдобриот квалитет на вистинското место, со производите создадени со интелигенција, квалитет и чесност.
Секогаш ставајќи ги корисниците во срцето на неговиот креативен процес, линијата на апарати за домаќинство креирана за Горење од Starck, беа дизајнирани да го обележат и да ги рефлектираат секој животен стил и личност.
„Преку мојот дизајн, корисникот ја има целокупната можност да го создава неговото сопствено искуство.“ Philippe Starck
Неговите 10.000 креации, неговата глобална слава и неговата неуморна променлива инвентивност, никогаш не му дозволиле да го заборави суштинското, неговата мисија и визијата: креативноста, каков облик и да зема, мора да го направи животот подобар за најголемиот можен број луѓе, преку тоа, предметите да бидат „добри“ пред да бидат „убави“.
„Секој предмет, секој облик, секој стил мора да има значење и тоа е она значење што на нас влијае секојдневно.“ Philippe Starck