Зад брендот Ora ïto стои креативен млад француски дизајнер чии провокативни идеи го оcигуруваат неговиот брз растеж кон врвот на дизајнерскиот свет. На почетокот на својата кариера тој ги претстави неговите дизајни и идеи за замислените производи, потпишани од познати марки на неговата сопствена веб-страница. Луѓето почнаа да нарачуваат производи коишто не постоеја. Големите компании како Louis Vuitton, Nike, Gucci, Swatch, Apple и Levi’s, не можеа да го тужат младиот претендент но беа толку импресионирани од неговите дизајни, така што наместо тоа, го вработија.