Смарт дисплеј
Напреден ЛЕД дисплеј
Елегантниот и јасно поставениот ЛЕД дисплеј ви овозможува да го набљудувате готвењето или текот на загревањето во микробрановата печка. Одбројувачкиот тајмер обезбедува ажурирана информација за тоа колку долго ќе трае процесот на готвење и кои елементи на загревање се користат.
Автоматско мени
Готвење никогаш не било толку едноставно! Изберете програма; рерна ќе го прилагоди процесот на готвење.
Многу модели имаат (автоматски) менија, т.е. одреден број на претходно меморирани програми за уште поедноставна подготовка на одредени јадења. Можете да го изберете типот на храна и да ја внесете тежината, и рерната автоматски ќе ги прилагоди времето и температурата соодветно.
Оваа технологија овозможува ефикасна дистрибуција на топлиот воздух, што доведува до побрзи и подобри резултати од готвењето.
Контрола со допир (TouchControl)
Модерната сензорна технологија обезбедува едноставна и јасна контрола со допир на микробрановата печка. Печката може едноставно да биде блокирана заради заштита од несоодветна употреба. Идеално мазната површина за контрола обезбедува елегантен изглед и овозможува лесно чистење на печката.
Мултифункционални печки: микробранови, конвекција и грил
Вградните микробранови печки ви овозможува со комбинација на микробранови, конвекција и грил да ја подготвите храната на нов начин.
Монтажни рамки за лесна инсталација
Специјалните монтажни рамки овозможуваат вашата микробранова печка совршено да се вклопи во вашата кујна.
Рачно поставување на моќноста
Пет нивоа на јачина овозможува соодветен број на микробранови за секое јадење.
Петте различни нивоа на прилагодување на моќноста ви овозможуваат да ја прилагодите јачината на микробрановите која одговара на јадењето кое сакате да го подготвите. Можете да ја прилагодите јачината на 100%, 70 %, 50 %, 30 % или 10 %, според посакуваното ниво на готвење и според типот на храна. На ист начин можете да ја прилагодите и јачината на грилот, загревањето на рерната и готвењето на конвекција.
Однапред дефинирани програми и функција за помнење
Неколку модели се опремени со автоматско мени кое се карактеризира со однапред дефинирани рецепти за подготовка на одредени јадења. На рерната, одберете го типот на храна која сакате да ја подготвите и внесете ја тежината, а рерната автоматски ја одбира идеалната програма и времето потребно за оптимални резултати. Функцијата за помнење е посебно корисна за подготовка на вашите омилени јадења: со стискање на едно копче, рерната секој пат дава одлични резултати.
Сигурна електронска контрола и претходно дефинирани рецепти
Сите вградни рерни од Gorenje се карактеризираат со електронска контрола која е едноставна за користење и има можност за прецизно прилагодување на времето и методот на готвење. Кога се користи однапред програмиран рецепт за готвење на храна како на пример пица или пиле, или загревање пица, сé што треба да направите е да ја внесете тежината на храната/пицата и рерната сама ќе ја одбере програмата која најмногу одговара како и времето потребно за перфектен резултат. Специјалната карактеристика кај најдобрите модели од Gorenje е авотматски програми со сензорско управување. Екранот користи едноставни симболи за читање и текст кои би ве водел низ едноставен процес на селекција.