Опции за сушење
Совршено за сите ваши потреби
Нашата технологија ви обезбедува секој вид ткаенина да биде исушена на најдобар можен начин, со идеална комбинација на температурата, вртењето на барабанот и времето на сушење. Фабричките програмирања можат понатаму да го приспособуваат сушењето кон вашите потреби со користење на различни опции.
Повеќе
Затвори
Топлотна пумпа
Економична и нежна
Машините за сушење со технологија на топлотна пумпа можат да се пофалат со одлична енергетска ефикасност која овозможува значителна заштеда во потрошувачката, но и понежно сушење во однос на конвенционалните системи за сушење. Температурата во пумпата за загревање на машината за сушење достигнува околу 50 °C, што овозможува да се исуши речиси сета облека, а исто така, да се превенира пресушување и губење на формата.
Повеќе
Затвори
Постелнина
Совршено суви без заплеткување
Сушење големи чаршафи и постелнина во машина за сушење алишта може да резултира со голем извртен јазол во машината за сушење алишта. Програмата за постелнина со внимателно осмислени алгоритми и ротација на барабанот во двете насоки, спречува извртување и обезбедува одлични резултати на сушење.
Повеќе
Затвори
Одложен почеток (StartDelay)
Исушено во вистинско време
Однапред наместете го почетокот на процесот за сушење и оставете ја машината за сушење да работи тогаш кога ви е најпогодно, на пример, во часовите кога електричната енергија е поевтина. Облеката ќе биде сува во согласност со претходно избраното ниво на сувост и подготвена за пеглање или за редење во шкафот.
Повеќе
Затвори
Против туткање (AntiCrease)
Минимално пеглање
Не сте во можност веднаш да ја извадите облеката од машината за сушење? WaveActive машината за сушење алишта периодично ќе ја превртува облеката три часа по завршувањето на циклусот на сушење, за да се зачува облеката од непотребно туткање.
StableTech
Помалку вибрации. Помалку бучава.
Овие специјални странични облоги ги намалуваат вибрациите на машината за сушење на минимум за да се намали бучавата за време на процесот на сушење и да се осигура поголема стабилност на апаратот.
Осветлување на барабанот
Стоп за распарувањето на чорапите
Внимателно поставеното ЛЕД осветлување елегантно го осветлува барабанот и обезбедува едноставно полнење и празнење на барабанот.
Погодно отворање на вратата
Совршено вметнување алишта
Голема врата, направена од едно парче пластика, без додатни навои, кои обезбедуваат стабилност и го спречуваат досадното чкрипење. Се отвора потполно, под 180 степени, па затоа полнењето и празнењето на барабанот не може да биде поедноставно.
Автоматско цедење (AutoDrain)
Без рачно празнење на садот за кондензат
Ако садот за кондензат на одводната цевка AutoDrain ја поврзете со одводот, веќе нема да биде потребно рачно празнење на садот.
ChildLock
Сигурност за љубопитните деца
Управувачката плоча може да се заклучи со притискање на одредена комбинација на копчиња, спречувајќи ги децата да го користат апаратот, ако вие не сте во близина, или за да се спречи ненамерното менување на поставките.
SoftSound
Нема иритирачки звуци
WaveActive машините за сушење алишта не се нежни само кон вашите алишта, туку и кон вашите уши. Придушените тонови нежно ќе ви дадат информација за функциите и за програмите што сте ги избрале.
JoggerDial
Едноставен избор со вртење на копчето
JoggerDial обезбедува брза и лесна селекција на програмите за сушење. Со помош на ЛЕД индикаторот, одбраната програма е јасно видлива од сите агли и без оглед на осветлувањето на просторот.
Сeнзорскo сушење
Сензорска технологија за ефикасна работа
Напредната сензорска технологија автоматски го контролира процесот на сушење на облеката согласно со одбраната програма, со видот на облеката и со саканиот степен на сувост на облеката. Сензорите ќе го запрат процесот на сушење тогаш кога облеката ќе го достигне зададениот степен, за да не се пресуши.
Повеќе
Затвори