Погодно отворање на вратата
Совршено вметнување алишта
Голема врата, направена од едно парче пластика, без додатни навои, кои обезбедуваат стабилност и го спречуваат досадното чкрипење. Се отвора потполно, под 180 степени, па затоа полнењето и празнењето на барабанот не може да биде поедноставно.
ChildLock
Сигурност за љубопитните деца
За време на перењето на алиштата, вратата на машината за перење е заклучена, така што дури и најупорните мали љубопитници ќе бидат спречени доколку се обидат да ја отворат вратата на машината за перење. За дополнителна заштита, може да се заклучи и панелот за управување, со притискање на посебна комбинација на копчиња, за да се спречи ненамерното менување на поставките.
Повеќе
Затвори
Четири длабочини
Одговара секаде
Било во мали бањи било во големи простории наменети за перење алишта, машините за перење алишта WaveActive се дизајнирани за да им одговорат на вашите конкретни потреби. Можете да изберете помеѓу четири различни длабочини: тенките модели (43 cm и 46,5 cm) имаат капацитет на полнење од 6 до 7 кг, а моделите со полна големина (54,5 cm и 61 cm) и капацитет на полнење до 10 кг.
Повеќе
Затвори
Брза програма 20‘
Вашата омилена гардероба секогаш подготвена за носење
Само 20 минути е доволно за да ја освежите вашата нова маица и други помалку валкани алишта. Значи вашата облека секогаш ќе биде подготвена.