StableTech
Поголема стабилност во текот на работата
Посебно дизајнираните страни на машината ги намалуваат нејзините вибрации во текот на работата, поради што таа е постабилна и значително потивка дури и додека работи на највисоките брзини на центрифугата.
SterilTub
Алишта со секогаш пријатен мирис
Користењето на детергентот на пониски температури може да доведе со идеални услови за развој на бактерии кои на крајот од перењето можат да предизвикаат непријатен мирис на вашите алишта. SterilTub ќе ги отстрани сите бактерии во внатрешноста на машината за перење на алишта и ќе обезбеди вашите алишта секогаш убаво да мирисаат.
Повеќе
Затвори
Погодно отворање на вратата
Совршено вметнување алишта
Голема врата, направена од едно парче пластика, без додатни навои, кои обезбедуваат стабилност и го спречуваат досадното чкрипење. Се отвора потполно, под 180 степени, па затоа полнењето и празнењето на барабанот не може да биде поедноставно.
Начини на перење
Совршено приспособени на потребите за вашите алишта
Нашата технологија обезбедува најдобар третман за секаков вид на алишта, користејќи оптимална комбинација на температура, количество вода, време на перење и брзина на центрифугирање. Наведените поставки можат да се приспособат дополнително во врска со различните начини на перење, овозможувајќи ви избор од најдобрите комбинации на поставките за вашите моментални потреби.
Повеќе
Затвори
ChildLock
Сигурност за љубопитните деца
За време на перењето на алиштата, вратата на машината за перење е заклучена, така што дури и најупорните мали љубопитници ќе бидат спречени доколку се обидат да ја отворат вратата на машината за перење. За дополнителна заштита, може да се заклучи и панелот за управување, со притискање на посебна комбинација на копчиња, за да се спречи ненамерното менување на поставките.
Повеќе
Затвори
SoftSound
Без иритирачки звуци
WaveActive машините за перење алишта не се нежни само кон вашите алишта, туку и кон вашите уши. Придушените тонови нежно ќе ви дадат информација за функциите и за програмите кои сте ги избрале.
Четири длабочини
Одговара секаде
Било во мали бањи било во големи простории наменети за перење алишта, машините за перење алишта WaveActive се дизајнирани за да им одговорат на вашите конкретни потреби. Можете да изберете помеѓу четири различни длабочини: тенките модели (43 cm и 46,5 cm) имаат капацитет на полнење од 6 до 7 кг, а моделите со полна големина (54,5 cm и 61 cm) и капацитет на полнење до 10 кг.
Повеќе
Затвори
Брза програма 20‘
Вашата омилена гардероба секогаш подготвена за носење
Само 20 минути е доволно за да ја освежите вашата нова маица и други помалку валкани алишта. Значи вашата облека секогаш ќе биде подготвена.