Избор на вистинската машина за перење - Gorenje
затвори
...

Избор на вистинската машина за перење

Машината за перење е апарат за домаќинство без кој тешко можеме да го замислиме животот. Добро осмислената набавка може да ве опреми со машина за перење која ќе ви биде верен помошник во домаќинството уште многу години!

Погледнете што има зад етикетата со цена

Не дозволувајте цената да ви биде единствен критериум кога купувате машина за перење. Размислувањето во оваа насока само ќе ве натера да купите најевтин апарат – барем на прв поглед. На долг рок, тоа може да носи многу поголеми и непредвидени трошоци, како и да ви предизвика фрустрација. На пример, моделите со најниска цена можат да трошат значително повеќе вода и електрична енергија, а нивните програми се подолги и помалку ефикасни. И кога не само цената туку и квалитетот е низок, шансите за ненадминлив неуспех драматично се зголемуваат. Ако вашата евтина машина за перење веќе не е под гаранција, нејзината поправка обично нема смисла бидејќи релативните трошоци едноставно би биле премногу високи.

Затоа, пред да купите, паметно е да се добијат што повеќе информации за карактеристиките на машината за перење. Потоа, се разбира, споредувате кои карактеристики одговараат на потребите на вашето домаќинство (достапен простор, фреквенција на перење, проценети финансиски инвестиции, итн.) и донесете одлука врз основа на добра информираност за најдобриот можен апарат што можете да го купите.

Капацитет: Кралица според избраните критериуми

При избор на машина за перење, капацитетот е сигурно еден од најочигледните критериуми. Дури и машина за перење од висока класа, инаку совршено приспособена на вашето домаќинство, може да предизвика константна фрустрација ако не го земете предвид нејзиниот капацитет. Безброј карактеристики и технолошки додатоци никогаш нема да го променат фактот дека мора да најдете решение за големината на барабанот кој може да биде премногу голем или премногу мал.

За просечно домаќинство, идеалниот капацитет обично се движи од 7 до 8 кг. Дури и ако многу луѓе гравитираат кон избор на поголема машина за перење, тоа не е нужно најдобрата идеја. Капацитетот од 7 кг е повеќе од доволен бидејќи сè уште имаме тенденција да переме помала количина на алишта користејќи програми со пократки циклуси на пониски температури.

Кога станува збор за поголеми домаќинства, изборот на барабанот со поголем капацитет е, се разбира, добра идеја. Машината за перење WS168LNST нуди капацитет до 10 кг и е одличен избор за големи семејства.

Кои се различните типови на машините за перење?

  • МАШИНИ ЗА ПЕРЕЊЕ АЛИШТА СО ПРЕДНО ПОЛНЕЊЕ

    Машините за перење алишта со предно полнење се најпродавани и најшироко распространети (повеќе за овие конвенционални машини за перење ќе наведеме подолу).

  • МАШИНИ ЗА ПЕРЕЊЕ АЛИШТА СО ГОРНО ПОЛНЕЊЕ

    Овие машини се обично помали и, затоа, погодни за помали простори. Тие ги задржуваат истите капацитети на барабанот, додека нивните надворешни димензии се обично значително помали. Полнењето и празнењето на алиштата одгоре е полесно отколку кај конвенционалните машини за перење со предно полнење, што ги прави одличен избор за луѓе на поголема возраст и за секој што смета дека машините со предно полнење не се практични. Нивната дополнителна предност е што вратата не се загрева. Врвен избор меѓу машини за перење со горно полнење е моделот WT72122. Со енергетска класа А +++, носивост од 7 кг и безбедносна карактеристика AquaStop што го штити вашиот дом од поплавување, моделот WT72122 е вистински победник во својата категорија.

  • КОМБИНИРАНИ МАШИНИ ЗА ПЕРЕЊЕ И СУШЕЊЕ

    Ако живеете во мал стан или немате соодветен простор за сушење алишта, комбинираната машина за перење и сушење алишта е веројатно совршен избор. Овие машини ги комбинираат двете функции: перење и сушење.

Десет критериуми за нарачување машина за перење алишта

Сега, кога се решивме за вистинската носивост на нашата машина за перење, што следува понатаму? Набавката на нов апарат за домаќинство честопати е вознемирувачка задача за многу луѓе, бидејќи тие се чувствуваат вознемирени поради можноста од сложеност при неговото работење. Но, во реалноста, вие сте единствената личност која вистински ги знае вашите потреби кога станува збор за перењето алишта и, со неколку корисни совети, изборот на вистински апарат треба да биде едноставно како една прошетка во паркот.

Проверете го изборот што го преферирате според следните критериуми:

  • Претперење: Дали вашата претпочитана машина за перење ја нуди оваа можност? Особено ако имате мали деца, претперењето може да ја надмине неизвесноста околу отстранувањето на најтврдокорните дамки.
  • Бучава на машината за перење: Просечните нивоа на бучава на машината за перење се мерат во децибели. Колку се повисоки децибелите, толку е погласно работењето на машината за перење. Сè што е под 60 dB, во суштина, претставува тивко работење. Машините за перење на Горење се истакнуваат при тивко работење нудејќи инвертер-мотор PowerDrive, што овозможува нивото на бучавата никогаш да не се искачи над 54 dB.
  • Енергетска класа: Машините се класификуваат во енергетски класи од А до G (со А се означува најниската потрошувачка на енергија). Секој дополнителен плус (+) што ја следи класата значи понатамошно намалување на потрошената енергија за 10% во споредба со номинално оценетата класа. Моделот WS168LNST со IonTech-технологија и со енергетска класа A +++ (–20 %) е дефинитивно една од најефикасните машини за перење на пазарот. Тој е опремен и со лесен за читање EcoEye-индикатор кој ви дава повратни информации во реално време за тоа колку е ефикасна вашата избрана програма, помагајќи ви да заштедите вода и енергија.
  • Лесночитлив екран: Повеќето понови машини за перење имаат екран некаде на предната страна кој го прикажува преостанатото време на циклусот на перење и други информации.
  • Заштита од поплавување: Некои машини имаат вграден безбедносен систем кој автоматски и механички го исклучува снабдувањето со вода во случај на оштетување на цревото за да се спречи поплавување.
  • AquaStop: систем што гарантира целосна заштита. Можете да ја оставите машината за перење да работи без надзор, без страв од поплавување. Дното на машината за перење е запечатено; така водата останува внатре. Посебен сензор е инсталиран на дното на машината за перење за да открие собирање на вода и да го затвори снабдувањето со вода со помош на електричен вентил. Пумпата автоматски ја испумпува преостанатата вода од барабанот преку цревото за одвод.
  • Електричен мотор од типот на инвертер за тивко работење: Покрај тивкото работење, предност на таквиот електричен мотор е неговиот подолг век на траење и помалите барања за одржување.
  • Ефикасност на циклусот на центрифугирање: Ефективноста на машината за перење алишта при ослободување на водата од облеката зависи од бројот на вртежи во минута. Најпрепорачливите машини за перење имаат над 1.200 вртежи.     
  • Приспособување кон количината и видот на алиштата: Машините за перење со оваа функција автоматски управуваат со неколку параметри на циклусот. Покрај приспособувањето на потрошувачката на вода, тие го приспособуваат времетраењето на перењето, на плакнењето и вртењето на количината на алишта.
  • Разновидност на програмите: Поголемиот број машини за перење нудат основни програми за разни видови алишта, додека некои од нив обезбедуваат и поконкретни програми, како што се: рачно перење, перење на детската облека, програма за помалку извалкани алишта, спортска облека, обувки, итн. Апаратите на Горење, исто така, ја нудат програмата AutoWash (автоматско перење) при што автоматски се избира најдобрата програма за полнењето, така што нема што друго да правите, освен да седите и да се релаксирате.

Карактеристики што не се споредливи со други брендови

Користејќи ги најновите и најнапредните технологии, апаратите на Горење го гарантираат најдоброто можно корисничко искуство. Традиционалните непријатности што ги поврзуваме со алиштата сега се минато. Не ни верувате? Дозволете ни да ги оттргнеме сите ваши преостанати сомнежи презентирајќи некои од карактеристиките на машината за перење што ги нуди Горење.

  • SteamTech: Заборавете на омекнувачот! Дополнителен третман со пареа на крајот од избраната програма значително ги намалува наборите, мирисите
  • Осветлување на барабанот: ЛЕД-диодите го осветлуваат барабанот. Да, ова навистина дава многу елегантен изглед, но првенствено овозможува тој да биде  лесно употреблив. Нема веќе буричкање на слепо по чорапи!
  • SterilTub: Дали често перете алишта на пониски температури? Програмата SterilTub спречува ширење на бактерии во барабанот, исто така, ослободувајќи се од непријатните мириси и осигурувајќи дека алиштата секогаш ќе мирисаат свежо како нови.
  • Четири различни длабочини: Можете да изберете до четири различни длабочини од опсегот на машината за перење на програмата WaveActive. Ова ви овозможува да ја приспособите вашата набавена машина кон избраниот простор правејќи ја особено погодна за помали бањи.
  • Брзина 20': Оваа опција за брзо перење ви овозможува да миете маици или други помалку извалкани алишта до 20 минути. Идеално е за избегнување на премногу често перење, како и за заштеда на време, енергија и пари.
  • Стоп/Додади/Продолжи (StopAddGo): Дали заборавивте да уфрлите едно или две парчиња алишта? Функцијата StopAddGo ви овозможува едноставно да го запрете циклусот на перење и да ја додадете (скоро) заборавената облека во барабанот.
  • Јонско перење 59'(IonWash 59'): Оваа програма може брзо и нежно да отстрани до 30% повеќе дамки отколку при перењето во вообичаениот циклус.
  • Експерт за дамки (StainExpert): Оваа технологија автоматски отстранува до 36 различни тврдокорни дамки со единствена комбинација на поставувања за температура, време и вода. Дамките предизвикани од овошје, маснотии, путер, јајца и трева, па сѐ до оние од чај, јогурт, па дури и од шминка, едноставно исчезнуваат.
  • Помош при дозирање (DoseAid): Најекономична и пријатна за кожата употреба на детергент! Системот DoseAid ви помага секогаш да ја пронајдете вистинската доза на детергентот, без оглед на тоа колку алишта ставате во машината.

Машини за перење и сушење: Две муви со еден удар

Машини за перење и сушење се најдобриот избор за мали простори. И, како да изберете машина за перење и сушење што ќе го издржи тестот на времето, како и да работи тивко и ефикасно?

Според истражувањето, машината за перење и сушење е најпогоден апарат за домаќинства со едно до две лица. За поголемите семејства, посебните апарати се подобра опција, бидејќи тие можат да заштедат значителни количини на време и енергија.

Двете главни предности на машината за перење и сушење се:

  • ПРОСТОР: Веројатно, најдоброто нешто кај овие типови апарати е што тие комбинираат две машини во само една. Ова го оптимизира просторот, совршен за луѓе кои живеат во мали куќи и станови или кои едноставно не сакаат да поседуваат премногу големи апарати.
  • ОРИГИНАЛНА ЦЕНА: Со купување машина за перење и сушење, заштедувате значителна сума пари во споредба со купување на два одделни апарата. Вистина е дека трошоците за одржување можат да бидат поголеми. Понатаму, циклусот на сушење троши многу повеќе енергија отколку сличен циклус во одделна машина за сушење.

Ова произлегува од честопати занемаруваниот факт дека комбинираните машини за перење и за сушење алишта имаат помалку капацитет за сушење од конвенционалните машини за сушење. Потребно е многу повеќе простор за ефикасно сушење на истиот волумен алишта отколку за нивно перење. Ова значи дека релативниот капацитет за перење е обично поголем во споредба со капацитетот за сушење.

Па затоа, кога купувате комбинирана машина за перење и сушење, имајте ги на ум следните критериуми:

  • Брзина на вртежите – Колку е поголема брзината на вртежите толку е побрзо и поефикасно сушењето.
  • Гаранција – бидејќи ова е еден апарат што извршува двојна должност во споредба со одделни машини, гаранцијата е многу поважна.
  • Енергетска ефикасност – Ние веќе споменавме дека комбинираните машини за перење и за сушење се поскапи за употреба и за одржување. Можете значително да ги намалите овие трошоци со избирање на енергетски ефикасна комбинирана машина за перење и за сушење на Горење од моделот WD10514.
  • Разновидност на програмите - Проверете дали машината за перење и за сушење нуди добра разновидност на различни програми за перење, на пример програмата QuickWash (брзо перење).
  • PowerDrive мотор PowerDrive моторот на Горење е неверојатно ефикасен, тивок и моќен. Испорачува оптимална употреба на енергија и, исто така, може да се справи со големи полнежи на алишта.

Задоволувањето на горенаведените критериуми значи, исто така, дека вашиот апарат ќе има подолг век на траење.

Правилна употреба на машината за перење

Со помош на експерти од оваа област, направивте набавка на вистинската машина за перење за вашето домаќинство. Што сега?

Сите мислиме за себеси дека сме експерти за перење алишта и дека нашата нова машина за перење не се разликува многу од старата. Сепак, треба да имате предвид дека првото нешто што треба да го направите по купувањето е да ги прочитате упатствата за употреба и да ги проверите карактеристиките и програмите на вашиот нов апарат. Така, ќе бидете сигурни дека перењето алишта ќе биде колку што е можно поефикасно и поедноставно.

Друго општо разгледување при перењето алишта е количината на облека и на друг текстил, како и колку е таа извалкана, кога се додава точната доза на детергент за перење и омекнувач. Ако додадете премногу детергент, перените алишта ќе бидат лепливи, додека додавањето премногу малку детергент нема задоволително да ги отстрани дамките.

Исто така, не ставајте премногу алишта во барабанот бидејќи детергентите, омекнувачот и водата, нема да можат да достигнат и да пробијат во сите нив.

Пред перењето, сортирајте ги алиштата според материјалите и боите. Различни материјали треба да се перат на различни температури. Ако перете одреден вид текстил на премногу високи или на премногу ниски температури, ќе постигнете помалку задоволувачки резултати и, веројатно, ќе ги оштетите. Алиштата направени од памук можеме да ги переме на повисоки температури, додека синтетиката треба да се пере на пониски температури.

Некои машини за перење имаат, исто така, и претперење, главно, на повисоки температури, што е особено корисно за многу извалкани алишта. При изборот на програмата со претперење, треба да ставиме точна количина детергент во наменскиот оддел на дозерот за детергент. Упатството за употреба на детергент обично се печати на неговото пакување, а во некои од нив има и чаша за мерење на точната доза.

Детергенти за перење алишта и други производи

Постојат многу типови на разновидни детергенти и производи за перење алишта:

  • ДЕТЕРГЕНТИ ВО ПРАВ: Овие се главно наменети за перење алишта од 30 до 90 °C.
  • ТЕЧНИ ДЕТЕРГЕНТИ: Овие се погодни за миење на температура од 30, но не повеќе од 60 °C. На располагање постои широк спектар на детергенти и тие се наменети за разни видови и бои на ткаенини (темни, светли, шарени, итн.).
  • КАПСУЛИ ЗА ПЕРЕЊЕ: Овие го поедноставуваат ставањето на вистинската доза на детергент, затоа што една капсула е погодна за едно полнење и се става директно во барабанот. Некои луѓе прават комбинации од детергент и омекнувач во една капсула.
  • ЕКОПРИЈАТЕЛСКИ ТОПКИ ЗА ПЕРЕЊЕ: „Екотопчињата“ се наменети за перење алишта без додавање детергент.
  • СОБИРАЧИ ЗА БОЈА: Овие ви овозможуваат да го перете текстилот во повеќе бои, бидејќи тие ги прибираат непостојаните бои кои се влеваат во водата за време на перењето и спречуваат да се излеваат овие бои на вашата друга облека.
  • ОМЕКНУВАЧИ: Омекнувачите за ткаенини ги омекнуваат и пријатно ги ароматизираат испраните алишта.

Совети за еколошки пријателско перење алишта

Во последниве години, земјите во целиот свет ги зголемуваат своите напори за заштита на животната средина. Таканаречената брза мода е еден од главните фактори кој негативно влијае на состојбата и на иднината на нашата планета. Брзата мода се однесува на облека и на додатоци кои ги рефлектираат најновите трендови, но сепак носат етикета со ниска цена. Ова го заведува потрошувачот да падне во стапицата на континуираното купување нова облека.

Поради нашиот често непромислен и незаситен апетит за купување облека, што потоа ја отфрламе за неколку години, па дури и за неколку месеци, непотребниот отпад се трупа на депониите ширум светот. Во прилог на купувањето што помалку облека, можеме да го намалиме и печатот што го оставаме на животната средина преку перењето алишта на паметен, еколошки пријателски начин. Невнимателното перење може да доведе до оштетување на нашата облека и може да направи таа да изгледа излитено, забрзувајќи го времето кога ќе ја отфрлиме. Експертите препорачуваат дека со усвојувањето паметен

пристап при перењето на алиштата, можеме значително да го продолжиме животниот век на облеката. Студиите покажуваат дека дури 9 од 10 делови од облеката завршуваат на депониите многу порано отколку што би требало. А која е причината за ова? Несовесното купување и премногу честото или неправилното перење што доведува до собрана и деформирана облека со избледени бои.

Подолу, наведовме неколку совети за поодговорно перење на вашите алишта:

  • Поретко перење: Ќе заштедите време и пари, како и ќе придонесете за заштита на животната средина. Нормално, треба да перете одредени текстилни производи, како што се долна облека и чорапи, по секоја употреба, но тоа не важи за сите видови алишта. Можеме да носиме производи кои не се во директен контакт со кожата (на пр., јакни, џемпери, лабави фармерки) повеќе од петпати пред да имаме потреба да ги испереме.
  • Изберете нежни детергенти: Детергентите за перење и производите за перење често содржат натриум лаурил сулфат (SLS) и оптички осветлувачи. Овие можат да ја иритираат кожата, како и да истекуваат опасни токсини во околината, бидејќи се направени од петрохемикалии (добиени од нафта или од природен гас). Кога и да можете, изберете нежни, еколошки детергенти без SLS и петрохемиски производи.
  • Избегнувајте хемиско чистење: Средства за хемиско чистење често користат токсини кои, и покрај тоа што се ефикасни во отстранувањето на дамките, не се штетни само за кожата туку и за околината.

Дали сакате да знаете колку често треба да перете одредени видови алишта? Погледнете ја табелата подолу!

По секое носење: долна облека, чорапи, спортска облека и костими за пливање.
По 1 до 2 носења: маици, фустани и хеланки.
По 3 до 4 носења: пижами и градници.
По повеќе од 5 носења: јакни, блејзери, палта и фармерки.

Значи, да заклучиме со една интересна информација: Многубројни студии потврдуваат дека грижата за нашиот дом, осигурувањето дека е тој чист и уреден и перењето на алиштата треба да влијае позитивно на нашата благосостојба! Овие активности го намалуваат стресот и ни претставуваат задоволство. Тие дури ги намалуваат чувствата на вознемиреност.

Посакуваме перењето алишта со машините за перење на Горење да ве наполни вас и вашиот дом со радост по секое ново полнење!

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice