MultiFlow 360°
Идеална микроклима на секоја полица
Системот за вентилација MultiFlow 360° рамномерно го дистрибуира воздухот во ладилникот за да обезбеди оптимална циркулација на воздухот и најдобри услови за чување на вашата храна.
Ледомат со диспанзер за вода
Нема потреба од филтер или довод за вода
Ледоматот со диспанзер за вода кој се управува на допир ви овозможува да уживате во ладна вода, кршен лед или коцки лед без да го поврзете ладилникот со довод на вода. Благодарение на тесниот дизајн, ледоматот не зафаќа премногу простор во фрижидерот.
FastFreeze
Брзо замрзнување
Замрзнување на големи количини на храна? Функцијата FastFreeze ја замрзнува храната на -24 °C за да ги сочува минералите на храната и да го задржи нејзиниот квалитет. По приближно 26 часа, оваа функција автоматски се исклучува и температурата на замрзнувачот се враќа на иницијално поставената температура.
HolidayMode
Режим на работа со кој ќе заштедите енергија
Режимот на работа HolidayMode ја прилагодува температурата во замрзнувачот и во ладилникот за да ја намали потрошувачката на енергија и да ја сведе на минимум, кога фрижидерот не се користи подолго време. На пример, кога ќе уживате во вашиот годишен одмор.
HomeBar
Пијалаци и закуски на дофат на рака
Многу корисна мала врата на главната врата на ладилникот која овозможува брзо да пристапите до полицата со пијалаци и закуски без да ја отворите вратата на ладилникот. Оваа корисна опција, исто така, помага да заштедите енергија, бидејќи ладниот воздух не излегува од целиот фрижидер при отворање.
KitchenFit
Заводлив и софистициран изглед
Овој комбиниран фрижидер чија длабочина е еднаква на длабочината на работната површина, елегантно ќе се вклопи во вашата кујна, а притоа ќе има многу голем капацитет за складирање на храна.
LedLight
Добро распоредено и економично
ЛЕД осветлувањето во фрижидерот овозможува одлично и екстремно ефикасно осветлување, бидејќи има подолг животен век и троши значително помалку електрична енергија во споредба со конвенционалните светилки.
TwistIce
Лед секогаш при рака
Со отстранливиот внатрешен ледомат TwistIce секогаш ќе имате доволно лед. Едноставно свртете ја рачката и уживајте во разладниот пијалак.
Држач за шишиња
Вистинско место за вашите шишиња и лименки
Со практичниот држач, вашите шишиња и лименки ќе бидат лесно достапни и нема да го зафаќаат просторот што сега можете да го користите за складирање други намирници.
SuperSilent
Екстремно тивка
Овој фрижидер работи исклучително тивко до ниво на бучава што е еднакво на тивко шепотење на две лица. Оваа тивка работа е резултат на одличната изолација и на иновативните решенија во системот за ладење.