EcoMode
Заштеда на енергија
Во случај на подолго отсуство или годишен одмор, фрижидерот може да се постави да работи во режим на заштеда на енергија (EcoMode) бидејќи вратата на фрижидерот е постојано затворена.
FastFreeze
Брзо замрзнување
Функцијата FastFreeze ја замрзнува храната на -24°C за да ги зачува сите хранливи материи во храната. По приближно 2 дена, функцијата автоматски се исклучува и температурата во замрзнувачот се враќа на претходно поставената температура.
IonAir со MultiFlow 360°
Идеална микро клима на секоја полица
IonAir создава негативно наелектризирани јони во внатрешноста на апаратот, кои рамномерно се распоредуваат низ целиот фрижидер благодарение на новиот систем MultiFlow 360°. Воздухот збогатен со овие јони го задржува вкусот и ги отстранува непријатните миризби.
Држач за шишиња
Вистинското место за шишиња и лименки
Со практичниот држач за шишиња, вашите шишиња и лименки се лесно достапни и не заземаат простор таму каде што нормално можете да ставите други намирници.
LedLight
Добро позициониранo и ефикаснo
ЛЕД осветлувањето во фрижидерот овозможува одлично и исклучително ефикасно осветлување. Корисниот век на траење е триесет пати подолг во споредба со класичното светло и заштедува до десет пати повеќе електрична енергија.
SlotIn
Нема ограничувања при отворање на вратата
Заради функционалноста на отворање на вратата на ладилникот под прав агол, сите полици и фиоки можат целосно да се извлечат. Ова решение е идеално за фрижидери поставени до страничен ѕид, до работна површина или до друг апарат.
KitchenFit
Заводлив и софистициран изглед
Со новиот дизајн чија длабочина е еднаква на длабочината на работната површина, овој комбиниран фрижидер елегантно ќе се вклопи во вашата кујна, а притоа ќе има многу голем капацитет за складирање на храна.