Инвертер мотор
Сигурен, тивок и издржлив
Инвертер моторот е потивок, подолготраен и троши помалку енергија во споредба со конвенционалниот мотор. Подобро и побрзо се прилагодува на промените во температурата во фрижидерот, на пример кога се отвора вратата на ладилникот, што значи помалку флуктуации на температурата и подобри услови за чување на вашата храна.
Повеќе
Затвори
IonAir со MultiFlow 360°
Идеална микро клима на секоја полица
IonAir создава негативно наелектризирани јони во внатрешноста на апаратот, кои рамномерно се распоредуваат низ целиот фрижидер благодарение на новиот систем MultiFlow 360°. Воздухот збогатен со овие јони го задржува вкусот и ги отстранува непријатните миризби.
MultiBox
Мултифункционална, практична кутија
Повеќенаменската кутија може да се користи за чување сирење, кромид и друга храна со остар мирис благодарение на капакот кој не пропушта воздух, ја чува свежината и штити од сушење.
SensoTech прекинувач
Лесна контрола на ладилникот и замрзнувачот
Големиот и јасно распореден ЛЕД дисплеј овозможува моментална контрола на параметрите за температура. Функциите како што се FastFreeze и HolidayMode може да се вклучат со еден едноставен допир. Во случај на ненадеен пораст на температурата, вградениот аларм веднаш ќе ве предупреди.
SuperCool
Брзо ладење по шопинг за време на викендот
Функцијата за интензивно ладење значително ја намалува температурата во ладилникот за брзо ладење на храната по големи набавки. По шест часа, оваа функција автоматски се исклучува и температурата на ладилникот се враќа во претходно поставените параметри.
XtremeFreeze
Замрзнување за миг
Кога оваа функција е активирана, храната сместена во специјална фиока во одделот за замрзнување ќе се замрзне значително побрзо, со што ќе се обезбеди подобар квалитет на замрзната храна.
Држач за шишиња
Вистинското место за шишиња и лименки
Со практичниот држач за шишиња, вашите шишиња и лименки се лесно достапни и не заземаат простор таму каде што нормално можете да ставите други намирници.
LedLight
Добро позициониранo и ефикаснo
ЛЕД осветлувањето во фрижидерот овозможува одлично и исклучително ефикасно осветлување. Корисниот век на траење е триесет пати подолг во споредба со класичното светло и заштедува до десет пати повеќе електрична енергија.
SlotIn
Нема ограничувања при отворање на вратата
Заради функционалноста на отворање на вратата на ладилникот под прав агол, сите полици и фиоки можат целосно да се извлечат. Ова решение е идеално за фрижидери поставени до страничен ѕид, до работна површина или до друг апарат.