Ледомат со диспанзер за вода
Нема потреба од филтер или довод за вода
Ледоматот со диспанзер за вода кој се управува на допир ви овозможува да уживате во ладна вода, кршен лед или коцки лед без да го поврзете ладилникот со довод на вода. Благодарение на тесниот дизајн, ледоматот не зафаќа премногу простор во фрижидерот.
HomeBar
Пијалаци и закуски на дофат на рака
Многу корисна мала врата на главната врата на ладилникот која овозможува брзо да пристапите до полицата со пијалаци и закуски без да ја отворите вратата на ладилникот. Оваа корисна опција, исто така, помага да заштедите енергија, бидејќи ладниот воздух не излегува од целиот фрижидер при отворање.
Повеќе
Затвори
HolidayMode
Режим на работа со кој ќе заштедите енергија
Режимот на работа HolidayMode ја прилагодува температурата во замрзнувачот и во ладилникот за да ја намали потрошувачката на енергија и да ја сведе на минимум, кога фрижидерот не се користи подолго време. На пример, кога ќе уживате во вашиот годишен одмор.
LedLight
Добро распоредено и економично
ЛЕД осветлувањето во фрижидерот овозможува одлично и екстремно ефикасно осветлување, бидејќи има подолг животен век и троши значително помалку електрична енергија во споредба со конвенционалните светилки.
FastFreeze
Брзо замрзнување
Замрзнување на големи количини на храна? Функцијата FastFreeze ја замрзнува храната на -24 °C за да ги сочува минералите на храната и да го задржи нејзиниот квалитет. По приближно 26 часа, оваа функција автоматски се исклучува и температурата на замрзнувачот се враќа на иницијално поставената температура.
Повеќе
Затвори
SuperSilent
Екстремно тивка
Овој фрижидер работи исклучително тивко до ниво на бучава што е еднакво на тивко шепотење на две лица. Оваа тивка работа е резултат на одличната изолација и на иновативните решенија во системот за ладење.