Што треба да очекувате од еден аспиратор? - Gorenje
затвори
...

Што треба да очекувате од еден аспиратор?

Може да изгледа дека купувањето и ракувањето со еден кујнски аспиратор е мачна задача. Но, не грижете се, тоа е нешто сосема едноставно.

За да ви ги олесниме работите, ви даваме комплетен преглед на најпопуларните типови кујнски аспиратори. Еве што ќе најдете во оваа статија:

Ќе разговараме за нивните позитивни и негативни страни, набројувајќи ги нивните возбудливи карактеристики, па дури и ќе ви дадеме неколку примери за врвни модели на кујнски аспиратори.

Како кујнскиот аспиратор може да придонесе за да се истакне дизајнот на вашата кујна

За оние кои навистина сакаат да  направат нивната кујна да се издвојува од останатите, дефинитивно вреди да размислат за дизајнирани кујнски аспиратори. Овие визуелно импресивни кујнски аспиратори не се таму само за да ги отстранат несаканите мириси и пареата. Тие се таму за да ви послужат како централно место за вашата кујна, давајќи дополнително чувство на елеганција, кулминација и луксуз.

Некои можеби веруваат дека аспираторите се строго дизајнирани да ја извлекуваат влагата што се крева околу просторот за готвење, но тоа може да се толкува како далеку од вистината. Во денешно време, вентилаторите на кујнските аспиратори не се бучни, незгодни и наметливи апарати како некогаш. Многу од нив претставуваат дизајнерско ремек-дело, комбинирајќи ја најсовремената технологија со импресивниот дизајн.

Кујнските аспиратори што се монтираат како оџаци се познати по нивната специфична инка што се става на врвот, над просторот што треба да го опфаќаат. Оваа инка има внатрешен вентилатор кој е дизајниран да собира секаква пареа, влага, мириси или испарувања. Сето ова потоа се пренасочува во каналите за извлекување на чадот (во оџакот) или во каналите за вентилација.

Овој вид кујнски аспиратори се познати по својот посебен изглед, што претставува една од најпознатите стилски опции. Тие се вистинска привлекувачка точка во секоја кујна, бргу ја трансформираат просторијата во уникатен и елегантен простор.

Бидејќи на пазарот постои огромна разновидност на кујнски аспиратори, ценовниот ранг е исто така широк. Ова олеснува да се најде нешто што одговара на кој било буџет!

Кога станува збор за монтажа на аспираторот, важно е овој чекор да се направи правилно. Освен бањата, ниту една друга просторија во вашата куќа нема да биде подложена на подрастични варијации во нивото на влага од вашата кујна. Неправилната инсталација може да доведе до проблеми како црна мувла, што не само што може да предизвика оштетување на површините, туку и на вашето здравје. Доколку не сте сигурни, секогаш контактирајте ги стручните лица за да се осигурате дека инсталацијата е правилно поставена.

Се прашувате како да изберете најдобар аспиратор за готвење? Запомнете дека одговорот ќе зависи од вашата кујна и од вашите потреби! За да ви ја олесниме работата, ги собравме сите информации што мора да ги знаете за разни видови аспиратори за готвење и тие се дадени во продолжение.

Невидлив вграден кујнски аспиратор

Интегрираните аспиратори за готвење се, главно, познати по нивниот дискретен дизајн. Овие популарни вградени аспиратори за готвење се вклопуваат во кујнскиот дел над плочата за готвење. Откако ќе се постават, тие можат да се отворат едноставно, со повлекување на рачката на вратата или со притискање на прекинувачот.

Кога не се користат, тие совршено се вклопени во вашите кујнски шкафови и практично се незабележливи.

Вградните аспиратори со извлекување работат на ист начин како и обичните аспиратори. Тие помагаат да се отстрани пареата или маснотиите, како и да се ослободите од мирисите од храната што инаку би се задржувале во воздухот во вашата кујна. На крај, но не и најмалку важно, тие го рециркулираат или го проветруваат воздухот.

Ако сте љубител на чисти и современи ентериери, ова е очигледен избор за вас. Покрај тоа, тие се идеални и за секого кому му недостасува простор, бидејќи има помали димензии. Малите кујни лесно може да предизвикаат впечаток на преполнетост, но вклучувањето на скриен функционален елемент може да помогне во предизвикување чувство на простор и на чистотија.

Вградните кујнски аспиратори може да користат систем за извлекување или систем за рециркулација, а изборот зависи од вас.

Сè на сè, тие нудат одлични перформанси и стил, сè додека се практично невидливи за окото!

Островски кујнски аспиратори како центар на вашата кујна

Кога вашата единица за готвење е „островска“, ќе ви треба островски аспиратор. Овие типови аспиратори едноставно висат од таванот веднаш над вашата површина за готвење. Тие работат на ист начин како и секој друг аспиратор, но се поставуваат на средината од вашата кујна, наместо на ѕид.

Постојат две различни опции при изборот на кујнски „остров“ – аспиратор што го опфаќа „островот“ или аспиратор што се спушта надолу.

Популарноста на „островските“ аспиратори е зголемена во последниве години, бидејќи нудат повеќе погодности. Тие визуелно се зачудувачки и претставуваат прекрасен елемент во вашата кујна. Почесто,  нивното место ќе биде соодветно во една пространа, наместо во мала кујна.

Кујнските „острови“ доживеаја експлозија на популарност во последните децении. За возврат, „островските“ кујнски аспиратори забележаа сличен пораст во побарувачката. Тие се луксузни, визуелно импресивни и се нудат во широк спектар на стилови. Освен што додаваат фантастичен елемент на функционалност, тие постигнуваат и прекрасен впечатлив детаљ што го импресионира секој посетител.

Како и кој било друг вид аспиратори, ваквите аспиратори за т.н. кујнски „острови“, исто така, имаат свои негативни страни. Тие се како опција поскапи во споредба со обичните аспиратори и, можеби, ќе треба подолго време за инсталација.

Тавански кујнски аспиратори

Таванските кујнски аспиратори се познати по нивниот минималистички и современ дизајн.

Тие не заземаат многу простор, што ги прави популарни и за мали и за големи кујни. Кујнските тавански аспиратори понекогаш може да бидат управувани со практичен далечински управувач.

Сепак, и покрај многубројните придобивки, тие не се оптимален избор за кујни со високи тавани. Бидејќи аспираторот е далеку од изворот на готвење, несаканите мириси и влагата не може да отстранат ефикасно.

Примери за различни аспиратори за готвење

Горење е дом на врвни аспиратори за готвење кои ви гарантираат мир на умот. Нивниот извонреден квалитет и современиот дизајн се комбинирани за да ви понудат нешто што е направено да трае. Без разлика дали барате аспиратор од 50, 60, 70, 80 или 90 см, има опции за секоја големина.

Нашиот самостоен ѕиден декоративен кујнски аспиратор е опремен со уникатни алуминиумски филтри за  маснотии кои елиминираат до 98% од масните честички.

Ако сте љубител на сè што е иновативно, нема да сакате да го пропуштите нашиот уникатен и пионерски телескопски аспиратор. Овозможува лед- осветлување со високоефикасна илуминација на плочата за готвење. Конечно, тој нуди неспоредливи својства на апсорпција на звукот за да се намалат нивоата на бучава.

Друга фасцинантна опција е ѕидниот кујнски аспиратор со димензија од 60 цм, WHC63CLI. Овој кујнски аспиратор во боја на слонова коска е опремен со автоматско работење на вентилаторот и има значително намалено ниво на бучава. Вклучува параметар што овозможува автоматско исклучување, како и функција за освежување дизајнирана да се активира на секој час и да се освежува воздухот во период од 10 минути.

Последно, но не и најмалку важно, ѕидниот кујнски аспиратор со димензија од 60 цм, WHI643ORAW, се одликува со иновативни параметарски системи за вшмукување на воздухот и со елегантно лед-осветлување. Може автоматски да се исклучи на 10, 20 или 30 минути, и нуди функција за освежување. За да бидат работите уште подобри, аспираторот го открива нивото на нечистотии и автоматски ја приспособува брзината на вентилаторот. На овој начин можете целото свое внимание да му го посветите на приготвувањето прекрасен оброк, наместо да се расправате со различните параметри на вентилаторот.

И што друго да барате од еден кујнски аспиратор?

Конечно, важно е да се посочат два основни елемента на аспираторот кои честопати остануваат незабележани. Ние цврсто веруваме дека поединците треба да стекнат што повеќе информации пред нивното купување. Подоброто запознавање на вашиот кујнски апарат ќе спречи да направите какви било грешки што можат да влијаат на неговите перформанси и, исто така, ќе ви помогне да донесете правилна одлука за вашето домаќинство.

Запомнете, секое домаќинство е различно и има многу различни потреби. Едноставно, не избирајте нешто само затоа што ви се допаднало, како некој апарат што ви се бендисал при посетата на домот на некој ваш пријател. Секогаш избирајте го најдоброто што вам ви одговара, како и на вашето семејство!

Кога зборуваме за помалите елементи на аспиратори на извлекување, не можеме да заборавиме на филтрите за маснотии на аспираторот.

Ако се прашувате како да ги чистите филтрите на аспираторите, најважното нешто што треба да го запомните е редовно да го правите тоа! Колку подолго чекате толку повеќе нечистотија, маснотии и прав ќе се соберат на филтерот. Исто како кога станува збор за рерните, чистењето на филтерот на аспираторот треба да се прави редовно. Колку почесто се прави ова толку полесен ќе биде процесот. Чистиот филтер за маснотии на аспираторот, исто така, ќе понуди целосно подобри перформанси.

На крајот, но не и помалку важно, не можеме да заборавиме да ги споменеме светилките за аспиратори. На крајот на краиштата, тие често се најчестата работа што подложи на замена кај аспираторот. Тие се наменети да се користат строго за време на готвењето и не треба постојано да се вклучуваат. За среќа, многу е едноставно тие да се сменат.

Ако ви треба повеќе помош во изборот на вистинскиот аспиратор за вашата кујна, не двоумете се да контактирате со нас или да посетете една од нашите продавници. Нашите експерти се тука за да бидете сигурни дека аспираторот што го избравте одговара на стилот на вашата кујна и на вашите потреби за готвење.

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice