AquaClean
Едноставно секојдневно чистење
Благодарение на комплетно новиот емајл во сите линии на рерните од Gorenje, функцијата AquaClean значително е унапредена. AquaClean нуди голема помош при чистењето на внатрешноста на рерната. Се што треба да направите е да ја наполните длабоката тава со половина литар вода и да ја вклучите функцијата AquaClean. Резултатот е видлив на целата површина и тавите за само 30 минути. Флеките и маснотиите омекнуваат и може да се избришат полесно отколку било кога до сега.
Повеќе
Затвори
GentleClose
Супер лесно и супер тивко
Благодарејќи на новиот дизајн на шарките, потребен е само лесен допир за да се затвори вратата без никаква бучава.
Сушење на храната (Dehydration)
Супер храна, секогаш при рака
Сувото месо, овошјето, зеленчукот и билките можете да ги подготвувате дома, многу брзо. Дехидратацијата е можна истовремено на 5 нивоа, со што заштедувате време и електрична енергија.
Јогурт
Најлесен начин да бидете здрави
Можеби, сè уште не сте слушнале, но здрав јогурт може да се подготви и во домашни услови. Се подготвува на 40˚C околу 3 часа, со мала помош на додатокот од Gorenje.
PureSteam
Без ниту една капка вода
Знаеме дека готвењето на пареа е здраво, но постојат разлики во начинот на подготовка. Рерните на пареа на Gorenje се потполно ослободени од вода во внатрешноста, благодарение на генераторот кој ја извлекува водата од пареата, така што внатрешноста и понатаму останува сува и чиста. Облакот од чиста пареа рамномерно се дистрибуира во рерната, без капка вода која може да ја расипе и да ја наводени храната.
Повеќе
Затвори
MultiSteam 360°
Природен спој на пареа и храна
Истиот вентилаторски систем од конвенционалните рерни, MultiFlow 360˚, се користи и во нашите рерни на пареа. Бидејќи пареата влегува во рерната низ бројни отвори, специјалниот вентилатор ја дистрибуира сосема рамномерно, давајќи ѝ на храната нежност и мекост. Само еден сад со вода е доволен за цел процес, без дополнително отворање на рерната, со што се заштедуваат време и електрична енергија и дава максимални резултати при подготовка на пареа.
Повеќе
Затвори
Декалцинирање (Decalcination)
Бигорот повеќе не е проблем
Отстранувањето на бигорот од резервоарот се прави автоматски. Кога ќе биде потребно, алармот ќе ве потсети да ја вклучите оваа функција. Бидејќи се додава специјален раствор, целиот процес трае еден час.
Здраво подгревање (HealthyReheating)
Подеднакво подгреано или одмрзнато
Комбинираната рерна на пареа може да се користи за да се подгрее или одмрзне јадењето. Кога се загрева храната, таа не се готви дополнително и никогаш не се суши. Одмрзнувањето е доволно унифицирано и нежно за да не ја промени структурата на храната. Поради тоа, подгревањето и одмрзнувањето во рерната на пареа едноставно е поздраво.
Повеќе
Затвори
DC+ систем
Ефикасно распределување на топлината
DC+ системот ефикасно ја разладува рерната и спречува оштетување кое е предизвикано од високите температури. DynamiCooling системот на ладење работи додека рерната е вклучена, додека пак напредниот DynamiCooling+ систем работи и по исклучување на рерната.
Ултра ладна врата (UltraCoolDoor)
Слободно допрете – каде било и во кое било време
Специјалната тројна или четирислојна заштита, ги прави рерните безбедни за деца и за домашни миленици. Топлината се задржува внатре, со што се подобрува енергетската ефикасност на рерната.
SuperSize
XXL тави кои се вклопуваат во секоја рерна
Пространите рерни овозможуваат приготвување на повеќе храна – не само поради рамномерната циркулација на воздухот на сите нивоа, туку и поради ширината на тавите од 46cm во стандардните и компактните рерни. Инвентивните решенија овозможуваат повеќе простор во секоја тава, а супериорната void технологија помага за рамномерно печење на храната на сите нивоа.
Повеќе
Затвори
Совршен грил (PerfectGrill)
Двоен грејач за фантастично печење
Најдобриот резултат при печење во вградните рерни на Gorenje се постигнува благодарејќи на комбинацијата на грејачите. Големиот грејач е надвор, а малиот внатре. Напредните модели се опремени со варијабилни грејачи, што овозможува печење на храната со помош на помалиот или со помош на двата грејачи. Распоредот на топлината секојпат овозможува идеални резултати при печење, па храната е крцкава однадвор, а мека однатре.
Повеќе
Затвори
Сонда за месо (MeatProbe)
Совршено испечено, секој пат
Со контролирање на температурата внатре во месото, специјалната сонда го следи целиот процес на подготовка и го активира алармот доколку е потребно.
Слој без отпечатоци (TouchFree-слој)
Сјајна површина без отпечатоци од прсти
Сите површини, направени од неʼрѓосувачки челик, се обложени со специјален TouchFree слој кој не дозволува да се познаваат отпечатоците од прстите, оставајќи ја површината секогаш сјајна и полесна за чистење.
Брзо загревање (FastPreheat)
Заводливо брзо, штеди време и електрична енергија
Со функцијата за брзо загревање, потребни се само 6 минути рерната да достигне температура од 200˚C, при што се заштедува 30% од времето. Оваа функција е многу корисна кога се приготвуваат јадења кои бараат рерната да е претходно загреана. Вграденото светло и звучниот сигнал ќе ве известат кога рерната ќе ја достигне посакуваната температура.
Повеќе
Затвори
Бавно готвење (SlowBake)
Постепено до комплетно совршенство
SlowBake технологијата ја пече храната на ниска температура и до 6 часа. Поради долгото време на подготовка, месото и рибата се меки, но ги задржуваат својата сочност, арома и хранливост.