IQpro
Кулинарски маратон, многу едноставна подготовка
IQpro нуди лесен начин да се подготват јадења кои треба да се готват подолго време, со бавно загревање и со готвење на пониска, константна температура. Идеално за подготовка на гулаш.
IQpoach
Температура... баш по мерка!
IQpoach спречува претекување, ја одржува температурата помеѓу 71 и 85°C. Храната ги задржува бојата, соковите и вкусовите. Конечно можете дома да подготвите јајца Бенедикт.
IQgrill
Совршено за големи садови
IQcook го прави готвењето изненадувачки едноставно, со многу малку или без масло. Пробајте ја највкусната храна.
IQboil: Готвење со поголема количина вода
Овој режим на готвење е соодветен за јадења кои се подготвуваат со голема количина на вода, како супи и паста. Храната ќе биде зовриена, а температурата на вриење ќе се одржува во комуникација со IQ сензорите. Одберете помеѓу малку, средно или многу зовриено.
100% СОЧНО!
XpandZone
XXL површина за XXL резултат
XpandZone овозможува готвење скоро на целата површина на плочата. Кога е активен режимот XpandZone, левата или десната зона на плочата за готвење се спојуваат во една екстра голема зона за готвење. Споените зони за готвење овозможуваат повеќе простор и слобода при готвењето, простор за поголеми садови или простор за повеќе помали садови или тави, кои можат да се стават каде било во проширената зона за готвење.
BridgeZone
Едноставен план за супер големи садови
Индукциската плоча со две поврзани зони го поедноставува готвењето во поголеми садови. Идеална е за приготвување риба со ориз.
FishZone
Совршена за огромни садови
Hi light плочите имаат проширена зона, која се нарекува FishZone. Одлична е за големи садови.
Контрола на зовривање (BoilControl)
Искипена вода ... сега е минато!
Се грижиме за безбедноста, па поради тоа го ограничивме времето на непрекинато работење. Кога временската граница ќе се пробие, плочата сама се исклучува.
Тајмерот може да се приспособи до 99 минути. Доколку го знаете оптималното време за подготовка на одредено јадење, приспособете го мерачот на време (тајмерот) и плочата автоматски ќе се изгасне, а воедно сигналот ќе ве извести за тоа.
Stop&Go
Направете пауза кога било
Stop&Go функцијата го запира готвењето и продолжува со потполно истите параметри кога повторно ќе ја активирате.
Сигурносно заклучување (ChildLock)
За потполна безбедност на вашите деца
Функцијата ChildLock е одлична за оние кои имаат деца. Никогаш не било побезбедно за децата да ги оставите сами во кујната, бидејќи не можат да ги регулираат или да ги активираат апаратите благодарејќи на оваа функција.
StayWarm
За сите кои секогаш доцнат на вечера!
Функцијата StayWarm одржува константна температурата од 70˚C. На тој начин храната ги задржува вкусот и топлината до сервирањето.
SoftMelt
Еден, два, чоколадо!
SoftMelt ги топи чоколадата или путерот на константна температура од 42˚C, создавајќи идеални услови за лесно топење, без загорување.
Инвентивно дизајнираните горилници на плинските плочи на Gorenje го контролираат нивото на пламен со цел да се забрза подготовката и да се овозможи поефикасно користење на плинот. Плинот секогаш се меша со воздухот пред да стигне до горилникот, па употребата на плинот и контролата на пламенот се значително унапредени од стандардните горилници. Горилниците се направени како целина, што го поедноставува чистењето.
Горилници со висока енергетска ефикасност
Дополнителна моќ за плинот
Сите нови модели на плински плочи на Gorenje се опремени со значително унапредени плински горилници, кои се 10% поефикасни.
Вок-горилници (WokBurner)
Оригиналниот вкус на Азија, кај вас дома
Вок-горилниците многу брзо достигнуваат висока температура, што ја прави подготовката на азиски јадење во големи тави, лесна и достапна за сите.
Редуктор за кафе (Coffee Reductor)
Направен за совршен утрински ритуал
Новиот дизајн на плинските плочи на Gorenje вклучува многу практичен редуктор за кафе, идеален за садови со мал дијаметар.