Како да ја изберете вистинската рерна за вашата кујна? - Gorenje
затвори
...

Како да ја изберете вистинската рерна за вашата кујна?

Изборот на вистинската рерна за вашата кујна не мора да биде мачна задача! Собравме стручни информации за да ве обезбедиме со врвен прирачник за купување на вистинската рерна за вашето домаќинство. Со рангирањето од единечни до компактни рерни, сакавме малку да ви  го олесниме процесот на купување!

Еве што подготвивме за вас:

Кој стил на вградна рерна да се избере?

Постојат неколку фактори што треба да ги земете предвид при купување нова рерна. Не грижете се, ние ви го образложуваме овој процес за вас во еден практичен преглед претставен во продолжение:

  • Големина: стандардна рерна: 60 cm, компактна рерна: 45 cm, или вградна микробранова печка: 38 cm.
  • Програми за чистење: пиролитичко чистење, каталитичко чистење или чистење со вода.
  • Бои и стилови: ретро или модерни, инокс, бела или црна боја.
  • Со пареа или без пареа: дали ви се потребни дополнителни функции какви што се различните параметри на рерната за користење на пареа?

Купувањето рерна е инвестиција која треба да трае неколку години, ако не и една деценија. Најдете време да разгледате што сѐ има по продавниците и да ги споредите опциите со вашите сопствени потреби.

Ајде да погледнеме какви сѐ можности постојат.

Постојат неколку различни стилови на вградни фурни на пазарот. Интегрираните или вградните рерни се погодно поставени под работната површина на кујната, непречено вклопувајќи се со останатиот распоред на елементите во кујната.

Тие може да се сретнат во повеќе различни опции.

Вградните електрични рерни со грил ќе ви понудат поголема флексибилност, овозможувајќи ви да испечете деликатно месо и зеленчук до совршенство.

Најдобрите вградни рерни ќе ви овозможат да ги користите стандардните функции на една рерна, скара (грил) и вентилатор, како и да понудат опции за автоматско чистење опишани во продолжение.

 

Како да ја исчистите рерната? Стандардна наспроти рерна со каталитичко чистење наспроти рерна со пиролитичко чистење

Чистењето на рерната е задача што малкумина од нас со задоволство ја очекуваат. Всушност, со сигурност може да се каже дека тоа е една од најмалку популарните домашни обврски. Ова е причината зошто не е изненадување тоа што карактеристиките на рерната со автоматско самочистење се ценат.

Постојат два типа рерни со автоматско чистење: каталитички и пиролитички.

Каталитичката рерна може да се загрее до околу 200°C за време на нејзината програма за автоматско чистење. За најдобри резултати, програмата треба да се користи на месечно ниво (во зависност од фреквенцијата на употреба, овој период може да биде пократок или подолг).

Овој тип  рерна е опремен со таканаречени каталитички облоги, третирани со високоефикасни хемикалии и материјали кои апсорбираат остатоци од храна и маснотии. Откако ќе заврши програмата за самочистење, сè што треба да направите е едноставно да ги избришете остатоците.

Пиролитичкото чистење е наједноставниот и најефективниот вид  автоматско чистење. Може да се достигне температура над 400°C, што значи дека секој остаток од храна едноставно ќе се претвори во пепел. Ова ги прави пиролитичките рерни не само неверојатно ефикасни туку и многу едноставни за употреба. Сè што треба да направите е едноставно да ја избришете пепелта што останува, откако ќе заврши циклусот на автоматско чистење и фурната ќе се олади до безбедна температура.

Стандардна рерна Каталитичка рерна Пиролитичка рерна
Поприфатлива
Лесно се чисти
Автоматско самочистење до 220°C
Автоматско самочистење до (или над) 400°C
Не е потребно рачно чистење
Отстранува шеќер
Најдобри резултати
Најлесна опција
Длабинско чистење

Без разлика дали ќе изберете каталитичка или пиролитичка рерна, едно е сигурно. Процесот на чистење ќе биде значително полесен и ќе се потроши помалку време за чистење отколку кога станува збор за стандардните рерни без функции за автоматско чистење.

Меѓутоа, ако сакате да почнете со една задача која претставува вистински предизвик каква што е чистењето на една стандардна рерна, можеби ќе сакате да ги следите советите дадени  во продолжение:

  • Заштитете ја кожата: задолжително ставете ракавици. Избегнувајте ги ракавици за еднократна употреба и одлучете се за тешки, подебели раквици кои ќе придонесат многу повеќе за заштита на вашата кожа.
  • Заштитете ја облеката: Ова можеби не треба да се каже, но чистењето на рерната не треба да го правите во вашата омилена облека! Едноставно, облечете стари панталони за спортување или тренерки што ги користите за други домашни активности, како на пример при молерски активности.
  • Заштитете ја вашата кујна: Се заштитивте себеси, сега е време да ја заштитите вашата кујна! Пронајдете некакви стари весници и ставете ги внимателно околу рерната за да спречите тешките хемикалии да истекуваат на  подот.
  • Бидете сигурни дека сте набавиле средство за чистење со добар квалитет. Запомнете дека можеби ќе треба да купувате и да испробате неколку опции пред да го пронајдете она што најдобро ќе ви одговара. Генерално, не штедете на средството за чистење бидејќи тоа може да го направи процесот на чистење многу помалку ефикасен.

Откако ќе ги примените сите овие совети, можеби ќе се прашате како да ја исчистите стаклената врата на рерната. На крајот на краиштата, честопати тоа се смета за еден од најкомплицираните делови во процесот на чистење на фурната. Сепак, тоа не мора да биде толку досадно!

Прво, проверете дали внимателно го прочитавте упатството од производителот кое може да даде совети за чистење на овој модел на рерна. Добра идеја е да користите вода со сапуница, средство за чистење за одмастување или паста со сода бикарбона за да овозможите длабинско чистење. Многу модели ќе ви овозможат едноставно да кликнете на стаклената врата и да ја извадите од надворешната страна на рерната, што го прави процесот на чистење многу полесен.

Ние, во Горење, решени сме да ви го олесниме процесот на чистење, поради што ја создадовме функцијата AquaClean. Оваа научно поддржана функција помага за длабинско чистење на внатрешноста на рерната за само 30 минути. Сè што треба да направите е да истурите ½ литар вода директно на плехот за печење и да ја вклучите опцијата AquaClean. За само половина час, сите дамки или маснотии значително ќе омекнат, што го прави процесот на чистење многу полесен.

Стандардни вградни рерни

Онаму каде што просторот е тесен, стандардните рерни се фантастичен избор. Тие заземаат многу помалку простор од двојни рерни и можат да се вклопат директно под повеќето работни површини. Како сигурен и практичен избор, стандардните рерни сѐ уште се една од најпопуларните опции во кујните ширум целиот свет.

Друга причина за избор, што не може да се занемари, е огромната разноликост достапна при изборот на стандардните вградни рерни. Обично, тие се нудат во повеќе модели и видови од кој било друг тип, што  овозможува за домаќинството полесно да се избере најдобрата вградна рерна. Без разлика дали домаќините бараат вградни електрични рерни или мултифункционални рерни со пареа, големи се шансите нивниот апарат од соништата да го добијат на полесен начин!

Иако тие не можат да понудат прилично голема флексибилност како двојните рерни, сепак обично се повеќе од доволни за просечните корисници. Нивната компактна големина и достапноста ги прават совршен избор за лицата што живеат сами, за парови и за мали семејства, кои не приготвуваат печени јадења во големи количини. Единичните рерни обично можат да се сместат во која било кујна и полесно може да се преместуваат при преуредувањето на кујната.

Тие се среќаваат во неколку различни вида, како што се рерни со вентилатор, рерни на пареа и електрични рерни. Вградните или интегрираните рерни често нудат карактеристики на паметна технологија, а нивниот беспрекорен дизајн е популарен меѓу вљубениците во модерниот ентериер.

Компактни рерни

Не изненадува фактот ако се прашувате што претставува, всушност, компактна рерна. На крајот на краиштата, таа е помалку популарна од стандардните или од двојните рерни, но сепак нуди одлични карактеристики за малите домаќинства.

Компактните рерни се дизајнирани да нудат максимална флексибилност за мали простори. Идеални се за помали кујни, бидејќи вградните компактни рерни обично не се повисоки од 46 см. По големина се слични на микробрановите печки и секогаш се напојуваат со електрична енергија. И покрај нивната мала големина, тие нудат функции на рерна и на скара или грил. Ова ги прави многу покорисни од микробрановите, кои изгледаат слично, но не ја нудат истата можност.

Нивната мала големина ги прави идеални за повремени корисници за кои не е потребна поголема рерна, но сепак им е потребно малку повеќе од само микробранова печка. Всушност, многу вградни компактни рерни содржат интегрирана микробранова печка. Уште повеќе, некои од нив нудат и готвење на пареа, една од техниките за подготовка на најздрави оброци.

Во поголемите домаќинства, тие понекогаш се користат како дополнителни рерни, покрај поголемите рерни вградни под работната површина на кујната.

Генерално, ако ви недостига простор или едноставно не сте љубител на готвењето, малите вградни рерни може да бидат токму она што вам ви треба.

Примери за различни вградни рерни на Горење

Се прашувате каде да купите фурна што ќе ви возврати најмногу за вашите потрошени пари?

Горење е дом на голем број вградни рерни, од компактни рерни со помал капацитет до поголеми рерни со врвна технологија. Што и да барате, може да сметате на неколку опции за избор.

Еве некои од нашите најдобри производи!

Вградната рерна BO799S50X од нашата супериорна линија го обезбедува најдоброто од двата света – фасцинантен надворешен изглед, како и карактеристики кои одземаат здив. Таа нуди голема површина за печење од 73l, целосно автоматски програми за готвење и помош за чистење AquaClean, што претставуваат само мал дел од вкупните карактеристики. Последно, но не и најмалку важно, нејзината сребрена површина ѝ дава нота на безвременска елеганција, со гаранција дека ќе изгледа добро во секоја кујна.

За оние што живеат во помали простори, вградната компактна рерна со пареа од Горење BCS547ORAW ги нуди сите карактеристики на поголемите рерни уредно спакувани во помала големина. Таа нуди MultiFlow 360˚ вентилација, одлично генерирање на пареа и карактеристична заоблена форма инспирирана од традиционалните рерни.

Последно, но не и најважно, оние што не сакаат ништо помалку освен најдоброто, ќе бидат воодушевени кога ќе ја откријат вградната пиролитичка рерна на Горење, BOP798S54X. Таа нуди печење на повеќе нивоа, врвна функција за автоматско чистење или за самочистење, дехидрирање, печење на 300 °C и многу повеќе. Покрај тоа, таа, исто така, нуди возбудлива поставка StepBake, овозможувајќи ви да готвите во различни фази.

Да се избере вистинската рерна може да претставува предизвик. Се надеваме дека овие совети ви помогнаа, но ако сѐ уште се сомневате, контактирајте нѐ или прашајте ги нашите експерти директно во продавницата. Постои совршена рерна што ве чека само вас, само треба да ја откриете.

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice
Месечни акции и промоции
Месечни акции и промоции