Како да ја изберете вистинската плотна за готвење за вашата кујна? - Gorenje
затвори
...

Како да ја изберете вистинската плотна за готвење за вашата кујна?

Без оглед дали правите нова кујна или дали сакате да ја замените или да ја надградите вашата плоча, треба да разгледате повеќе видови плочи за готвење. Но, од каде да се почне?

Оваа статија ќе ви даде некои карактеристики за најчесто користените типови плочи за готвење кои ќе ви помогнат да ја пронајдете вистинската плотна за готвење за вашиот дом. Ние даваме информации за сè што треба да знаете пред да ја купите плотната за готвење за вашата кујна. Еве што ви подготвивме:

Олеснете си на себеси со една совршена плотна за готвење која ќе одговара на вашите потреби и ќе го направи вашиот живот во кујната поедноставен, со стил и многу попријатен.

Брз преглед на можностите на плотната

Денес постојат два типа класични плотни за готвење кои се широко достапни, кои понатаму се делат на најмалку пет различни поткатегории.

Првата е класичната плотна на плин што се загрева преку пламен што се создава со користење на плин. Можете да изберете помеѓу две опции: плински горилник на челик и плински горилник на стаклокерамика. Последната е поелегантна и посовремена верзија на плинската плотна.

Потоа може да се разгледува електричната плоча за готвење во три форми: керамичка плоча, традиционална електрична плоча за готвење и индукциска плоча за готвење. Сите се електрични, но функционираат на различен начин. Индукциската плоча работи врз основа на магнетно поле и претставува најбрза и најефикасна плоча за готвење. Другите две ја користат истата технологија, но керамичката верзија има рамна површина наместо посебни електрични плотни или рингли како традиционалните електрични плотни. Ова ја прави керамичката плоча полесна за чистење и постилизирана.

Со многу различни видови што ви стојат на располагање, можеби ќе се прашате која плотна за готвење е најдобра, што е подобро, керамичка или индукциска плотна, плинска или индукциска плотна за готвење? Во продолжение е дадена кратка споредба на главните карактеристики на различните видови.

СО РИНГЛИ КЕРАМИЧКА ИНДУКЦИСКА ПЛИНСКИ ГОРИЛНИК НА ЧЕЛИК ПЛИНСКИ ГОРИЛНИК НА СТАКЛЕНОКЕРАМИКА
Цена Со најприфатлива цена Поскапа од електричната плотна за готвење, но поевтина од индукциската плотна за готвење Поскапа, но најевтина за употреба Пристапноста до цена со среден ранг, но скапа за работа (зависи од цената на плинот) Поскапа е од обичната плотна на плин
Ефикасност Висока топлинска ефикасност Висока топлинска ефикасност Највисока топлинска ефикасност Ниска топлинска ефикасност, но прецизна контрола на топлината Прецизна контрола на топлината
Чистење Потешко се чисти од керамичката плоча за готвење Лесно се чисти Лесно се чисти Најтешка е за чистење од сите други понудени опции за плоча Полесно се чисти отколку традиционалната плотна на плин
Брзина Не е многу погодна бидејќи загревањето и ладењето се одвиваат бавно Не е многу погодна бидејќи загревањето и ладењето се одвиваат бавно Многу реактивна, но бара специфични тави Брзо се загрева и нуди рамномерна дистрибуција на топлината во тавите Брзо се загрева и нуди рамномерна дистрибуција на топлината во тавите
Моќност Се напојува со електрична енергија Се напојува со електрична енергија Се напојува со електрична енергија, но се загрева со создавање магнетно поле Се напојува со плин Се напојува со плин
Стил Застарена Стилизирана Стилизирана Ретро стилизирана Стилизирана
Посебна карактеристика Безбедна за употреба на целото семејство Се одликува со разновидност Се одликува со разновидност

Како што можете да видите, сите овие опции имаат некои очигледни предности и недостатоци. Ако вашиот стил на готвење е разновиден и не сакате да се одлучите само за една опција, имаме одлични вести за вас. Постојат многу плотни кои ги комбинираат овие опции во една, мултифункционална плоча за готвење. Најпопуларните комбинации вклучуваат плин и класични рингли за готвење, плин и стаклокерамичка плоча за готвење и најновата комбинација – плин и индукциска плоча за готвење. Кога станува збор за плотни, навистина нема потреба да се прават компромиси – вие именувајте го вашиот избор, а ние веќе го создадовме.

Сè што треба да знаете за индукциските плотни

Индукцијата стана мошне гласен збор во светот на готвењето. Но, што е индукциска плотна за готвење и како таа се разликува од електричната?

Индукциските плотни се напојуваат со електрична енергија исто како и електричните плотни. Сепак, постои важна разлика. Индукциската плотна ја загрева тавата преку создавање магнетна енергија, додека електричните плотни ја пренесуваат топлината директно на садот што е поставен на нив.

Па, како функционираат индукциските плотни за готвење? Тие содржат бакарен жичен калем под керамичката површина. Ова создава магнетно поле помеѓу садот и калемот. Можеби сте чуле претходно дека индукциските плотни бараат посебни тенџериња и тави? Сега ја знаете причината зошто е тоа така! Ако тавата не содржи доволно железо, нема да се создаде електромагнетно поле преку бакарниот жичен калем. За среќа, многу тави денес се создадени да работат на индукција, како и на други видови плотни.

Се прашувате како да ја исчистите индукциската плотна за готвење? Индукциските плотни за готвење се вбројуваат меѓу плотните кои најлесно се чистат поради мазната површина. Тие ја загреваат тавата наместо површината на плотната за готвење, што спречува да загоруваат остатоците од храната и да се лепат на плотната за готвење.

Меѓутоа, ако има храна на плочата за готвење, препорачливо е да ја исчистите колку што е можно побрзо откако плочата ќе стане ладна на допир. За да ја одржувате вашата индукциска плоча за готвење во добра состојба, избегнувајте какво било користење метални сунѓери затоа што тие може да ја оштетат плочата за готвење.

Она што придонесува индукциската плотна да се издвојува од другите е нејзината енергетска ефикасност. Таа е енергетски најефикасна во споредба со која било плотна која користи напојување со електрична енергија, бидејќи таа е во состојба точно да ја искористи количината на енергија што е потребна за да се загрее садот. Притоа, има минимална загуба на енергија.

Конечно, тоа е најбезбедна за целото семејство. Индукцијата ја загрева само тавата, а не површината, што значи дека кога тавата ќе се тргне, таа многу брзо ќе се олади. Исто така, таа нема да се вклучи освен ако на неа се стави тава која ќе го активира магнетот.

Кои се најдобрите плотни за готвење на плин?

Плинските плотни се едни од најпопуларните видови плотни. Тие се познати по нивната прецизна дистрибуција на топлина, по реактивноста и разноликоста. Плинските плотни за готвење ги загреваат тавите преку пламен што го создава плинско гориво, а тој пламен се произведува од горилникот на плин. Пламенот е високореактивен и зависи од количината на плин што е достапна за процесот на горење што треба да се одвива.

Ова значи дека кога ќе ја намалите јачината на плотната и пламенот станува помал, па на оваа промена тавата ќе изреагира многу брзо. Вие сте тогаш во можност точно да контролирате како сакате да се загрева вашата тава. Со мал пламен во центарот или со широк пламен што го опфаќа работ на тавата. Главниот недостаток на плотната на плин е тоа што таа не е секогаш најлесно да се исчисти. За да ви го олесниме чистењето, наведуваме неколку совети во продолжение, собрани врз основа на најчесто поставуваните прашања за тоа како да ја исчистите плинската плотна.

Додека керамичките и индукциските плотни имаат само една (рамна) површина, плинската плотна е составена од плотна за готвење и од решетката на горилникот. Главната плотна за готвење може да биде малку незгодна за чистење, бидејќи не претставува една целообразна (мазна) површина. Добрата работа е во тоа дека нема да ја оштетите површината толку лесно како кај керамичката или индукциската плотна за готвење. Како и со другите плотни за готвење, секогаш е најдобро да се чистат остатоците од храната штом плотната стане ладна на допир.

Ако се појават тврдокорни дамки, пробајте да чистите со добар крем за чистење или испрскајте ја со бел оцет и оставете ја да отстои извесно време за да пробие средството за чистење во тие масни дамки. Можете, исто така, да ги расклопите сите делови од ринглите кои се одвојуваат за да се направи површината на плочата колку што е можно помазна или порамна.

Следуваат неколку совети за тоа како да се исчисти решетката на плинската плотна. Ако можете, осигурете се колку што е можно побрзо дека се исчистени дамките од храна. Пламенот на плинската плотна ќе ги изгори остатоците од храна и тие изгореници ќе ги остави запечени на вашата решетка, а тоа ќе го отежни нивното отстранување. Не грижете се, секогаш постои начин да се ослободите од дамките. Потопете ја решетката во јако средство за чистење кујна, да отстои преку ноќ, за да ги омекнете дамките и користете абразивен сунѓер за да ја исчистите решетката следниот ден.

Плинските плотни се популарни во професионалните кујни поради нивната прецизност. Тие се среќаваат во широк опсег на големини, од мала плотна со 4 горилника до 5-делна плинска плотна за готвење, па дури и таква со шест (6) горилника. Навистина постојат големини за секого.

Што е плински горилник на стаклокерамичка плотна за готвење?

Покрај мноштвото различни достапни видови плотни, можеби се прашувате како работи плинскиот горилник на стаклокерамичка плоча за готвење? Плинските горилници на стаклокерамички плотни претставуваат комбинација од керамичка стаклена плотна и обична плинска плотна. Тие, во суштина, претставуваат стаклена површина со плотна на плин и познати се и како стаклени плочи на плин. Плотните на плин се поставени на површината на керамичката стаклена плотна наместо оригиналната метална основа.

Плинските горилници на стаклена плотна за готвење е малку поскапа опција од обичната плотна, но ги има сите  поволности на една плотна за готвење, а згора на тоа полесно се чисти и изгледа постилски. Овие комбинирани плочи се достапни како плински плочи на црно стакло и плински плочи на бело стакло, па без оглед дали претпочитате светол или темен изглед на вашата кујна, постојат плински стаклени плочи за готвење кои ви одговараат на ентериерот во кујната. Слично на класичната плинска плотна, оваа комбинација се среќава како верзија со 4 горилници и како верзија со 5 горилници.

Стаклокерамички плотни за готвење

Се прашувате што е тоа керамичка плотна за готвење?

Стаклокерамичка плотна е позната и како керамичка плотна за готвење. Овие плотни се напојуваат со електрична енергија и се покриени со мазен слој од керамичко стакло. Греењето кај овој вид плотна за готвење доаѓа од грејниот калем под стаклената плотна што ја пренесува својата топлина низ стаклото користејќи инфрацрвени зраци.

Најзабележителна карактеристика на керамичките плотни е тоа што тие најлесно се чистат исто како и индукциската плотна за готвење. Ова е така затоа што керамичката плотна има една чиста мазна површина за готвење. Сепак, има неколку работи што треба да ги барате, па затоа наведовме неколку совети што мора да ги знаете за да можете да ја исчистите керамичката плотна за готвење.

Најдобро е да се избегнуваат какви било абразивни методи за чистење, исто како и кај индукциската плотна за готвење, бидејќи тие ќе предизвикаат гребење на стаклото. Не се препорачуваат многу силни производи за чистење и груби сунѓери.

Наместо тоа, обидете се да ги чистите со мека крпа и со едноставна течност за миење. Течноста за миење е направена за чистење на маснотиите, така што успешно ќе влијае на мрсните дамки. Ако имате траги од изгореници или дамки, обидете се да најдете специфични средства за чистење на керамички плотни или обидете се со стругалка за керамички плотни. Проверете дали е компатибилна со керамичките плотни за да спречите какво било оштетување.

И на крај, керамичката плотна за готвење е исто така подостапен избор. Таа е енергетски ефикасна, што значи дека не троши многу топлинска енергија при загревање на вашите тави. Она на што треба да се внимава е дека стаклената површина може да се скрши, така што таа не е отпорна како плинската плотна или електричната плотна.

Посебни карактеристики на плотната за готвење на Горење

Покрај класичните карактеристики на секој тип плотна, Горење нуди возбудлив избор на специјални одлики за да ви го олесни готвењето. Ние веруваме дека готвењето треба да биде потполно пријатно искуство кое не само што ги зближува луѓето туку, исто така, обезбедува и еден многу потребен момент на смиреност и внимание во текот на вашиот напорен ден. Ова може да се постигне само со употреба на апарати за готвење што ја прават вашата работа попријатна и на кои навистина може да се потпрете.

Функцијата PowerBoost, која е дел од асортиманот на индукциски плотни на Горење, е направена за луѓе кои сакаат брзо да ја приготвуваат својата храна, но не прават компромиси кога станува збор за вкусот или за текстурата. PowerBoost ја интензивира топлината за време на загревањето, за да бидете сигурни дека вашите тави се загреваат многу побрзо.

Функцијата StayWarm е идеална кога готвите повеќе јадења за еден оброк истовремено. Оваа функција ќе ја задржи вашата храна топла на константни 70°C додека не го завршите приготвувањето на целото јадење и за да го послужите сето топло.

Функцијата StopGo ќе престане да го приготвува вашето јадење и кога ќе добие наредба да се продолжи со приготвувањето ќе ги користи истите поставки како претходно. Ова претставува совршена можност кога е потребно вашата храна да отстои или кога приготвувате некакво јадење кое е потребно да се вари двапати.

Класична карактеристика, но одлична, тајмерот. Горење нуди тајмер што може да се постави до 99 минути однапред за да се обезбеди рамномерно готвење и доследно готвење во рамките на определеното време. На овој начин можете да седнете, да се опуштите и да ѝ ја препуштите работата на вашата плотна за готвење Горење, целата да ја заврши наместо вас.

Сумирано, при изборот на вистинската плотна за вашата кујна имајте го предвид стилот – дали барате ретро или помодерен изглед? И не заборавајте на чистењето – ако сакате готвење, но живеете со интензивно, модерно темпо, неопходни се едноставни опции за чистење. Ако сѐ уште се сомневате, нашите експерти се тука да ви помогнат да ја изберете најдобрата опција.

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice
Месечни акции и промоции
Месечни акции и промоции