Во постигнувањето на својата мисија, Gorenje Group и понатаму ќе ги негува и подобрува своите основни вредности за да ги исполни своите цели.
Долгорочен приход за акционерите
Мисијата, визијата и стратешките цели се трајна определба на Gorenje Group, заедно со совршеното работење и довербата во производите и во услугите на компанијата. Сето ова ке биде гаранција за одржување на довербата во стратегијата на работењето и развојот во Gorenje со што ќе се обезбеди оптимална сопственичка структура и стабилна акционерска вредност.
Култивација на односот кон потрошувачите и кон бизнис-партнерите
Gorenje ќе ја одржува и подобрува својата репутација меѓу потрошувачите и бизнис-партнерите, ќе создава атмосфера на взаемна доверба, задоволство и лојалност преку посветување на особено внимание на реципроцитетот во соработката и партнерството.
Грижа за вработените, за нивното знаење, здравје, безбедност и задоволство, како и зајакнување на нивната лојалност кон Gorenje
Заради цврста интерна организираност лојалноста на вработените ќе се одржува и дополнително ќе се подобрува.
Одржување на корпоративниот идентитет и развивање на трговската марка и производите на Gorenje
Марката и производите на Gorenje ќе се подобруваат за да се развива и поттикнува продажбата. Тоа ќе доведе до засилување на корпоративниот идентитет на Групацијата, истакнување на нејзините производи, услуги и предности во однос на конкуренцијата.
Промовирање на еколошка свесност помеѓу вработените како и помеѓу пошироката социјална јавност
Gorenje ќе го подобрува квалитетот на животот и на работењето во различните сфери од своето работење и влијание. Ќе се развиваат нови технологии за да се подобрат производните процеси, да се употребат и рециклираат сировите материјали и произведените производи со цел глобално да се намали загадувањето на животната средина.