Прочистувач на воздух - Gorenje
затвори
...
OPTIAIR203M ПРОЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХСО ХЕПА ФИЛТЕР
1

Прочистувач на воздух

Денес, загадувањето на воздухот е голем проблем и ако не можеме да влијаеме врз квалитетот на воздухот во надворешната средина, можеме да се погрижиме да имаме чист воздух во нашиот дом, стан, канцеларија...

Прочистувачот на воздух од Gorenje прочистува до 99.97% од несакани честички во воздухот. Повеќеслојниот филтер ги отстранува непријатниот мирис, бактериите и прашината.

Вдишувањето чист воздух ни овозможува да се чувствуваме подобро и тоа има влијание врз нашата продуктивност. Прочистувачот на воздух особено треба да го користат луѓето што имаат проблеми со дишењето и оние кои се алергични на прашина. Апаратот ги отстранува несаканите хемиски честички, вирусите и алергените.

Карактеристики:

3 во 1 систем на филтрирање

Предфилтер, ХЕПА филтер и активен карбонски филтер
Заменливиот 3 во 1 филтер доаѓа со предфилтер, ХЕПА филтер и активен карбонски филтер и содржи најнова технологија за прочистување. Благодарение на трите нивоа на чистење, прочистувачот на воздухот отстранува до 99,97% прашина, алергени, мали честички (вклучувајќи PM2.5) и непријатни мириси.

Јонска технологија

Почувствувајте повеќе енергија
Јонската технологија испушта негативно наелектризирани јони во воздухот. Тие се од суштинско значење за клеточен метаболизам и други витални функции. Ефикасниот систем за филтрирање ги елиминира честичките од полен, миризба, чад и прашина, секогаш обезбедувајќи свеж и чист воздух во затворен простор.

Оптимално прочистување на воздухот

За простории до 20 м2
Уживајте во свежиот воздух збогатен со енергија во вашиот дом или канцеларија. Прочистувачот на воздухот е совршен избор за простории до 20 м2. Можете да го поместувате многу лесно и да го подобрувате квалитетот на воздухот таму каде што е потребно.

Тивко работење

Потивко и од шепот
Работењето на прочистувачот на воздухот е потивко и од шепотот и нема да ви пречи кога работи со помала брзина на вентилаторот. Со ниво на бучава од само 25 dB, го чисти воздухот за полесно дишење и спиење. Идеално за спални и детски соби.

Посетете нѐ:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice