Со цел да се постигне највисок степен на сигурност на корисниците на апаратите на Горење, ги повикуваме сопствениците на следниве модели ладилници и замрзнувачи:
RKI-ORA-E
RK-ORA-S
RK-ORA-E
RK-ORA-S-L
RK-ORA-E-L
RKI-ORA-E-L
година на производство 2007, да го проверат серискиот број и бројот на артиклот. Кај горенаведените модели, под одредени услови потенцијална грешка може да предизвика несакани последици на апаратот.
Моделите кај кои е можно да имаат потенцијален проблем, се со сериски број 7XXXXXX и артикал број 172770, 172260, 172261, 172262, 184831, 184832.
Моделот на апаратот, серискиот број и бројот на артикалот се отпечатени на самолепливата плочка што се наоѓа во внатрешноста на производот, од левата страна, кај садот за зеленчук. Истите податоци се наведени и во гаранцискиот лист кој го имате добиено со самиот апарат.