HISENSE ГО ПРОДОЛЖУВА ПАРТНЕРСТВОТО СО PARIS-SAINT GERMAIN - Gorenje
затвори
...

Архива на новости

Понеделник, 16. Август 2021

HISENSE ГО ПРОДОЛЖУВА ПАРТНЕРСТВОТО СО PARIS-SAINT GERMAIN

HISENSE ГО ПРОДОЛЖУВА ПАРТНЕРСТВОТО СО PARIS-SAINT GERMAIN

На 12 август 2021 година, по првата успешна сезона на теренот со меѓународниот и реномираниот фудбалски клуб Париз Сен Жермен, водечката компанија за електроника и апарати за домаќинство, Hisense, со нетрпение ја очекува втората година од ова глобално партнерство. Со исклучително силен тим и нови аквизиции како Leo Messi, Gianluigi Donnarumma, Sergio Ramos, Georginio Wijnaldum и Achraf Hakimi, проследено со нов договор на Neymar Jr, Hisense исто така настојува да го зајакне партнерството со клубот од Париз.

Candy Pang, генералниот менаџер за маркетинг во Hisense, рече: „Возбудени сме што ја започнуваме втората година од нашето партнерство со Париз Сен Жермен, еден од најуспешните и најбрзо растечките клубови во светот. Врз основа на успехот на првата година, ние ќе продолжиме да ја градиме нашата соработка врз заеднички вредности и ќе го користиме ова партнерство за да обезбедиме најдобро искуство за следење на натпревари од дома за Париз Сен Жермен и за сите негови фанови. Со враќањето на навивачите на „Паркот на принцовите“, во комбинација со бројните нови засилувања, се наговестува дека ќе имаме уште подобра и повозбудлива сезона пред нас“.

Marc Armstrong, извршниот директор за партнерства во Париз Сен Жермен, ја коментираше оваа соработка: „Беше фантастично да се види колку добро донесе и какви резултати постигна партнерството помеѓу Hisense и Париз Сен Жермен во првата година од соработката. Иновативната кампања на Hisense „Деталите ја прават разликата“ покажа како играчите можат да се користат на иновативен начин за да се прикажат нивните производи и карактеристики на брендот. Со нетрпение очекуваме да видиме како ова партнерство ќе стане уште посилно и да ги видиме новите кампањи на Hisense следнава сезона“. 

Како што се приближуваме до втората година од партнерството, Hisense ќе обезбеди широк спектар на иновативни производи за клубот и ќе постави катче со изложени производи на стадионот „Паркот на принцовите“ за да можат навивачите да „комуницираат“ со производите. Hisense ќе се стреми да го искористи ова партнерство за да ја промовира својата иновативна технологија, додека во исто време ќе се стреми да им обезбеди на фановите најдобро искуство за следење на натпреварите од дома.

Првата година од партнерството помогна да се постигне значително зголемување на продажбата и свесноста за постоењето на брендот Hisense. Првата кампања на Hisense со клубот, започната на почетокот на оваа година, Деталите ја прават разликата, во која беа вклучени играчите Neymar Jr, Keylor Navas, Ángel Di María, Ander Herrera и Presnel Kimpembe, имаше голема интеракција на социјалните мрежи и каналите за дигитална комуникација.

Hisense во Франција, еден од значајните пазари за овој бренд, постигна раст на приходите од 101% во споредба со минатата година, откако партнерството беше официјализирано во август 2020 година па сѐ до крајот на сезоната во мај 2021 година. Остварен е и пораст во продажбата на телевизори за 100% во споредба со минатата година во првите шест месеци од 2021 година, а сѐ тоа со шест проценти зголемување на свесноста на потрошувачите за постоењето на овој бренд на францускиот пазар во периодот 2020-2021 година.

Благодарение на глобалната популарност на клубот и големиот број играчи од Јужна Америка, партнерството, исто така, придонесе за понатамошен раст на продажбата низ Јужна Америка. Во Чиле, спонзорството придонесе за зголемување на продажбата на телевизори од над 350% во споредба со претходната година, додека во исто време продажбата на апарати за домаќинство се зголеми за 940% од година на година. Продажбата на апарати во Централна Америка (Панама) порасна за 249% од година на година во првата година од партнерството, од август 2020 година до мај 2021 година, при што продажбата на телевизори се зголеми за 499%. Во исто време, Hisense Колумбија разви локални партнерства со продажни канали, а обемот на деловни активности за Hisense во Аргентина се зголеми благодарение на ова спонзорство.

Hisense продолжува да ги поддржува водечките спортски настани низ целиот свет со неодамна објавеното партнерство за 2022 FIFA World Cup, како и неодамна завршеното првенство на UEFA EURO 2020, и финалето на UEFA Nations League. Овие спонзорства го означуваат глобалното присуство на Hisense на светската сцена, чии производи се извезуваат во над 160 земји и региони низ целиот свет.

Останете информирани за сите новости за Hisense и Париз Сен Жермен на: mk.hisense.com

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice