Пронајдете го вашето совршено велигденско изненадување од Горење - Gorenje
затвори
...

Архива на новости

Петок, 9. Април 2021

Пронајдете го вашето совршено велигденско изненадување од Горење

Пронајдете го вашето совршено велигденско изненадување од Горење

Велигден е прослава на животната победа, почеток на нов циклус во природата. Оваа пролет, повеќе од кога било, треба да ги почувствуваме свежиот воздух и топлите сончеви зраци на нашата кожа, треба да се чувствуваме среќни и живи. Воедно, треба да ни се погоди трпезата и да ни биде чист домот. За поедноставна подготовка за празникот, Горење подготви нешто посебно овој Велигден, со надеж дека ќе донесе светлина и позитивност во секој дом.

Почувствувајте свежина како во шума директно во вашиот дом


Прочистувачот на воздух AP500 SENSE AIR од Горење е дизајниран за прочистување на воздухот во вашиот дом, ослободување од нечистотии, како што се чад, првут од миленичиња и прашина, како и за неутрализирање на загадувањето на воздухот. Погоден за поголеми дневни соби (до 60 m2), а со својот двоен систем за филтрација со заменлив 3 во 1 филтер и со технологијата на јонизација ќе ви помогне да уживате во почист и посвеж квалитет на воздух во затворени простории. Двата сензора на AP500 SENSE AIR прочистувачот од Горење ги читаат ултра ситните честички (PM2.5) и испарливите органски соединенија (VOC). Ќе се чувствувате многу подобро кога конечно ќе можете слободно да дишете. Нема главоболки, помалку симптоми на астма и полесно ќе можете да се фокусирате на вашите секојдневни задачи.

Дали сакате полна чаша со витамини?


Смути блендерот BSM600CLW од Горење е нешто што на секое домаќинство сигурно му треба. Иновативниот дизајн на ножот со четири сечила изработен од не'рѓосувачки челик обезбедува оптимално блендирање на состојките, што резултира во кадифена мазна текстура. Двете повеќенаменски чаши со пластични капаци ви овозможуваат да го носите смутито каде и да одите. На работа, универзитет, пикник со пријатели, во теретана или на прошетка со вашите деца. Здравиот пијалак ќе ви биде секогаш при рака. Внесете ги сите толку потребни витамини и додадете нова енергија и здравје во вашата секојдневна рутина.

Моќна алатка и сестран помошник

Моќниот кујнски робот SBR1000BE ќе ја направи вашата рутина за сечкање, месење и цедење многу поедноставна. Ќе се чувствувате како вистински готвач користејќи разновидни додатоци и голем сад за сечкање од 2,4 литри. Станете ѕвезда на вашата авантура во кујната.

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice
Месечни акции и промоции
Месечни акции и промоции