Правосмукалката Freesytle Move Light од Горење ви дава чувство на свежина и леснотија додека го чистите вашиот дом - Gorenje
затвори
...

Архива на новости

Петок, 23. Април 2021

Правосмукалката Freesytle Move Light од Горење ви дава чувство на свежина и леснотија додека го чистите вашиот дом

Правосмукалката Freesytle Move Light од Горење ви дава чувство на свежина и леснотија додека го чистите вашиот дом

Со чувство на слобода до чист дом

Ако постојано се сопнувате од каблите и го барате најблискиот приклучок, пробајте безжична правосмукалка и веднаш ќе почувствувате „олеснување“.

Freesytle Move Light правосмукалката од Горење е внимателно дизајнирана. Оваа лесна, ергономска и навистина ефикасна правосмукалка нуди ново искуство во чистењето. Можете да ја подобрите вашата рутина за чистење со слободно и лесно движење наоколу.

Моќната литиумска батерија од 21,6 V ја прави оваа правосмукалка многу лесна за пренесување и достигнување до тешко достапни точки и овозможува постојана моќ на вшмукување за време на работата. Времето на работа до 45 минути ви овозможува да ја исчистите куќата со еден потег. Времето зависи од параметрите за брзина, видот на подот и потребната моќност за чистење. Сепак, можете да ја користите на кој било кат.

Индикаторот за статус на батеријата ќе ве извести кога е време да ја наполните, за да се чувствувате слободни и да знаете кога ќе завршите со домашните обврски.

Понекогаш наједноставните работи најмногу нѐ исполнуваат и тоа секако важи за оваа безжична правосмукалка. Во еден апарат всушност добивате два. Исправената положба за чистење на подот нуди флексибилни можности за чистење, започнувајќи од површината на софата, автомобилот, па сѐ до достигнување под софата и другиот мебел, поради нејзиниот ергономски дизајн. ХЕПА филтерот отстранува до 99,95% честички на нечистотија во воздухот, вклучувајќи полен и дерматофагоиди, што е од суштинско значење за оние кои страдаат од астма и од алергии. Може да сметате на повеќе свеж воздух во вашиот дом. Да не заборавите дека садот за прашина лесно се празни, така што воопшто нема да ги валкате рацете. Само ослободете ја рачката, отворете и истресете ја нечистотијата.

Кога се обидувате да стигнете до недостапно место под троседот, рачката со низок профил ви овозможува да маневрирате во тесни празнини. Технолошки напредната турбо четката има екстра широка кружна четка за да обезбеди подобро вшмукување. Меките облоги и браници се љубезни кон вашиот дрвен под и мебел. Одвојливиот дел на четката кој се отстранува со едноставен механизам на допир го олеснува чистењето на долгите влакна и друга нечистотија, додека ЛЕД светлата по целата ширина на моторизирана турбо четка помагаат во ефикасно чистење под мебелот и на тешки за видливи места.

Ако се прашувате каде да ја чувате, имаме добар одговор. Ставете ја на станицата за полнење на ѕид и ќе биде подготвена кога и да ви е потребна.

Уживајте во домашните обврски со Freesytle Move Light правосмукалката од Горење!

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice
Месечни акции и промоции
Месечни акции и промоции