Чистење со моќта на природата - Gorenje
затвори
...

Архива на новости

Среда, 10. Март 2021

Чистење со моќта на природата

Чистење со моќта на природата

Нов чистач на пареа од Горење

Почувствувајте ја беспрекорната моќ на чистење со пареата, без никакви хемикалии. Пареата брзо испарува и ги чисти и дезинфицира сите тврди подови во вашиот дом.

Чиста и еколошка, пареата е најприроден начин за чистење и идеална алтернатива на методите за хемиско чистење. Затоа, чистачот на пареа SC1200W од Горење е совршено решение за беспрекорно чист дом.

Подготвен за само 25 секунди и со 2 нивоа на пареа, чистачот на пареа може да се користи на повеќе начини. Може да се користи за чистење кујни, бањи или прозорци. Поради неговата компактна форма, овој чистач на пареа е лесен за употреба и чување.

Чистењето со пареа ви заштедува време и домашен буџет. Погодно е за секојдневно чистење на површини или за годишно длабинско чистење, кое се прави особено на пролет. Поради неговата лесно управлива папуча, чистачот на пареа е дизајниран за постигнување подобри резултати при чистење тесни простории, агли и рабови. Крпите од микрофибер се нежни кон вашиот под, но сепак се моќни за да ја направат површината беспрекорно чиста за кратко време благодарение на пареата. Дури и нечистотијата и маснотиите се раствораат и се отстрануваат за неколку секунди, а чистењето и полирањето што најчесто одзема многу време, сега не е потребно. Пареата ја завршува целата работа.

Чистењето со пареа е корисно и за оние кои страдаат од алергии, бидејќи пареата ја врзува прашината и не исфрла алергени како грини од прашина во воздухот.

Уживајте во вашиот беспрекорен и дезинфициран дом.

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice