Избор на вистинската машина за перење - Gorenje
затвори
...

Архива на новости

Вторник, 26. Јануари 2021

Избор на вистинската машина за перење

Избор на вистинската машина за перење

Машината за перење е апарат за домаќинство без кој тешко можеме да го замислиме животот. Добро осмислената набавка може да ве опреми со машина за перење која ќе ви биде верен помошник во домаќинството уште многу години!

Погледнете што има зад етикетата со цена

Не дозволувајте цената да ви биде единствен критериум кога купувате машина за перење. На долг рок, тоа може да носи многу поголеми и непредвидени трошоци, како и да ви предизвика фрустрација. На пример, моделите со најниска цена можат да трошат значително повеќе вода и електрична енергија, а нивните програми се подолги и помалку ефикасни. Ако вашата евтина машина за перење веќе не е под гаранција, нејзината поправка обично нема смисла бидејќи релативните трошоци едноставно би биле премногу високи. Горење ви нуди 5 години целосна и бесплатна гаранција на машините за перење алишта што е дополнителна потврда на веќе докажаниот квалитет.

При избор на машина за перење, капацитетот е сигурно еден од најочигледните критериуми. Дури и машина за перење од висока класа, инаку совршено приспособена на вашето домаќинство, може да предизвика константна фрустрација ако не го земете предвид нејзиниот капацитет. Во нашата понуда секој може да го пронајде оптималниот капацитет  за своите потреби, почнувајќи од 6 kg па сѐ до 10 kg.

Десет критериуми за нарачување машина за перење алишта

Вие сте единствената личност која вистински ги знае вашите потреби кога станува збор за перењето алишта и, со неколку корисни совети, изборот на вистински апарат треба да биде едноставно како една прошетка во паркот:

  1. Претперење: Особено ако имате мали деца, претперењето може да ја надмине неизвесноста околу отстранувањето на најтврдокорните дамки.
  2. Бучава на машината за перење: Машините за перење на Горење се истакнуваат при тивко работење нудејќи инвертер-мотор PowerDrive, што овозможува нивото на бучавата никогаш да не се искачи над 54 dB.
  3. Енергетска класа: Секој дополнителен плус (+) што ја следи класата значи понатамошно намалување на потрошената енергија за 10% во споредба со номинално оценетата класа.
  4. Лесночитлив екран: Екранот на предната страна го прикажува преостанатото време на циклусот на перење, нивото на центрифугирање и останатите информации за циклусот на перење.
  5. Целосен AquaStop систем за заштита од поплавување:. Можете да ја оставите машината за перење да работи без надзор, без страв од поплавување.
  6. Инвертер мотор за тивко работење: Покрај тивкото работење, предност на таквиот електричен мотор е неговиот подолг век на траење и помалите барања за одржување. Горење има дополнителна 10 годишна гаранција на инвертер моторот со регистрација на gorenje.com.mk.
  7. Ефикасност на циклусот на центрифугирање: Ефективноста на машината за перење алишта при ослободување на водата од облеката зависи од бројот на вртежи во минута. Оптимален број на вртежи во една минута е 1.000. Кога машината за перење има повеќе од 1.000 вртежи во минута, се овозможува подобро цедење, што придонесува за побрзо сушење, особено доколку се користи машина за сушење алишта.
  8. Приспособување кон количината и видот на алиштата: Машините за перење со оваа функција автоматски управуваат со неколку параметри на циклусот. Покрај приспособувањето на потрошувачката на вода, тие го приспособуваат времетраењето на перењето, на плакнењето и интензитетот на перење, во зависност од типот и количината на алишта.
  9. Разновидност на програмите: Покрај основните програми за разни видови алишта, некои машини имаат и поконкретни програми, како што се: рачно перење, перење на детската облека, програма за помалку извалкани алишта, спортска облека, обувки, итн. Апаратите на Горење, исто така, ја нудат програмата AutoWash (автоматско перење) при што автоматски се избира најдобрата програма за полнењето, така што нема што друго да правите, освен да седите и да се релаксирате.
  10. Генератор на пареа (SteamTech): Дополнителен третман со пареа на крајот од избраната програма значително ги намалува наборите, мирисите и бактериите. Вашите алишта ќе бидат темелно испрани, помалку истуткани и помеки без употреба на омекнувач.

Проверете ги салоните на Горење и дозволете да ви помогнат во потрагата на совршената машина за перење на алишта!

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice
Месечни акции и промоции
Месечни акции и промоции