Горење го објавува глобалното партнерство со фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен - Gorenje
затвори
...

Архива на новости

Среда, 9. Декември 2020

Горење го објавува глобалното партнерство со фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен

Горење го објавува глобалното партнерство со фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен

Горење, како еден од водечките европски производители на апарати за домаќинство, неодамна објави ново глобално партнерство со еден од најголемите и најпочитуваните фудбалски клубови во светот, Париз Сен Жермен. Од 2018 година, брендот со 70-годишна традиција стана важен дел од кинеската групација Хајсенс, една од водечките светски производители на електроника и апарати за домаќинство.

Партнерство со извонредни фудбалски мајстори

Неодамна постигнатото партнерство помеѓу Горење и Париз Сен Жермен дефинира почеток на нова ера во однос на спонзорствата на спортот на овој бренд. Кралството на елегантни апарати за домаќинство и поетското мајсторство на светските фудбалски експерти се обединуваат во едно извонредно партнерство. Во време на нова реалност поради корона вирусот, љубителите на фудбалот пропуштаат да одат на стадион за гласно да ги бодрат господарите на фудбалот. Сепак, тие можат да навиваат за својот омилен фудбалски клуб во нивниот дом, додека истовремено уживаат во вкусни јадења подготвени со апаратите за домаќинство од Горење. Игра што ја сакаме и едноставен живот полн со мали задоволства во домаќинството - што повеќе би можеле да посакате во вакво време?

Љубов кон играта во сите делови на светот

Аленка Поточник Анчиќ, директор за маркетинг на групацијата „Hisense Gorenje Europe“, истакна: „Воодушевени сме што постигнавме партнерство со еден од најголемите фудбалски клубови во светот. Париз Сен Жермен е навистина уникатна институција и неверојатен деловен партнер. Нивните основни вредности се целосно во согласност со нашите. Заедно сме вистински посветени на општеството во кое живееме и се надеваме дека заедно можеме да донесеме радост и среќа на милиони луѓе во нивните домови ширум светот. Дури и во овие посебни периоди, можеме да уживаме во животот во потполност. Ние би сакале да ги видиме навивачите на Париз Сен Жермен како навиваат за својот сакан клуб, додека истовремено уживаат во удобноста на својот дом, во кој се сместени апаратите за домаќинство Горење “.

Бренд што го прави животот полесен и позначаен

Од своето основање, брендот Горење се фокусира на апарати за домаќинство и услуги. Словенечкиот бренд претставува совршени технолошки иновации и нуди беспрекорни практични решенија. Апаратите за домаќинство од Горење го олеснуваат и поедноставуваат животот. Вредностите на брендот се многу јасни: едноставност, ефикасност, долговечност и одржливост. Со текот на годините, ние останавме верни на овие вредности и значително ја зголемивме свеста за брендот. Поставивме високи стандарди и изградивме бренд на кој му веруваме. Горење особено се грижи за своите клиенти и нивната благосостојба. Спортот е моќна алатка што може да помогне  на брендот да остане поврзан со општеството. Во Горење, горди сме што учествувавме во неколку спортски спонзорства во последните три децении и што можевме да придонесеме за некои исклучителни спортски приказни.

Видлива е страста на Горење кон спортот

Преку ова партнерство, Горење ја зајакнува својата позиција како еден од водечките спортски спонзори во Европа. Ги спонзорираме словенечкиот нордиски тим и ракометниот клуб Горење Велење скоро 30 години. Од 2017 година станавме официјални партнери на Европската ракометна федерација.

Сега, влегуваме во интересен фудбалски свет спонзориран од УЕФА Евро 2020 и Париз Сен Жермен. Возбудливото патување само продолжува.

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice
Месечни акции и промоции
Месечни акции и промоции