Сушењето алишта на балкон во зима е веќе минато! - Gorenje
затвори
...

Архива на новости

Понеделник, 9. Ноември 2020

Сушењето алишта на балкон во зима е веќе минато!

Сушењето алишта на балкон во зима е веќе минато!

Eсента е идеален период да ја купите долго посакуваната машина за сушење алишта! 

Има неколку причини за да донесете ваква одлука токму сега. Првата причина е дека следи ладно и магливо време што секако не е во прилог на сушење на алишта на вашиот балкон или двор, а втората причина се одличните модели на машини за сушење во Gorenje кои во моментов се на попуст!

Во Gorenje ќе најдете одличен избор на машини за сушење алишта по промотивни цени, кои одговараат на сечии потреби и навики. Можете да одберете машина со капацитет и до 9 килограми, конвенционален модел, како и модел со топлотна пумпа или модел со генератор на пареа. Промотивната понуда на машини за сушење од Gorenje вклучуваат модели со енергетска ефикасност и до А+++, стандарден или инвертер мотор, WaveActive барабан кој е нежен кон ткаенините, 14 однапред дефинирани автоматски програми и уште многу други карактеристики кои го прават целиот процес на сушење на алиштата полесен. 

Фаворитот оваа сезона есен-зима во Gorenje e машината за сушење со топлотна пумпа DA83IL/I.  Поради моќниот и тивок инвертер мотор и економичната топлотната пумпа, овој модел може да се пофали со одлична енергетска класа А+++, која овозможува значителна заштеда во потрошувачката, но и понежно сушење во однос на конвенционалните системи за сушење. 

Овој модел е опремен и е со IonTech технологија. IonTech технологијата ги отстранува поголемиот дел од алергените, остатокот од чад, полен и електростатичкото полнење создадено во текот на процесот на сушење. Благодарение на јонизаторот вашите алишта ќе бидат минимално истуткани и со максимална свежина.   

Погледнете повеќе детали за фаворит моделот и посетете ги продавниците на Gorenje!

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice