БЕЗ бактерии со најновите модели на машини за сушење алишта - Gorenje
затвори
...

Архива на новости

Четврток, 22. Октомври 2020

БЕЗ бактерии со најновите модели на машини за сушење алишта

БЕЗ бактерии со најновите модели на машини за сушење алишта

Дали сте во потрага по машина за сушење на алишта? Не сакате оваа зима повторно да чекате со денови да се исушат алиштата и на крајот да немаат никаков мирис иако сте ги испрале со вашиот омилен прашок за перење и омекнувач? Разбираме. Сите го сакаме истото. Машините за сушење на алишта дефинитивно помагаат со заштеда на време во средување на алиштата, а и ни заштедуваат време и енергија за нивно пеглање. 

Пред да ја завршите потрагата по машина за сушење на алишта, прочитајте неколку клучни податоци кои ги разговаравме заедно со Gorenje, кои во овој период имаат намалени цени на одлични модели на машини за сушење на алишта. Од големиот избор на машини за сушење алишта, нивниот тим го издвојува моделот на машина за сушење алишта со генератор на пареа и топлотна пумпа DS92ILS. Еве и зошто: 

Загревањето кај овој модел се заснова на принципот на топлотна пумпа, слично како кај економичните клима уреди со што значително се намалува потрошувачката на електрична енергија. Кај овој тип на машина за сушење алишта температурата се одржува на околу 50°C што придонесува за рамномерно сушење, a се превенира пресушување и крутост на облеката, како и губење на кондицијата на ткаенините.

Парниот генератор со кој е опремен овој модел машина за сушење овозможува дополнителен антибактериски третман на алиштата по завршување на сушењето. Имено, пареата која е загреана на висока температура темелно навлегува и ги отвора и најмалите пори на ткаенините. Со ваквиот начин на работа, пареата го уништува поголемиот дел од бактерии и грини, но и ги отстранува повеќето набирања со што ќе успеете да го избегнете пеглањето на облеката. Исто така, со помош на пареата можете и да ја освежите облеката што не е доволно валкана за да ја перете, или да ги освежите ќебињата и зимската гардероба кои подолго време биле во плакарот. На овој начин ќе знаете дека сте ги убиле сите бактерии и сте ги отстраниле сите мириси. Друга практична страна на пареата е доколку имате деца - брзо и лесно ќе ги дезинфицирате нивните омилените мекани играчки. 

Поради тоа, моделот DS92ILS кој има капацитет од 9 килограми, има одлична А++ енергетска класа и овозможува значителна заштеда во потрошувачката.

Проверете ги салоните на Горење и дозволете да ви помогнат во потрагата на совршената машина за сушење на алишта! 

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice