Кога и зошто да купите комбинирана машина за перење и сушење алишта? - Gorenje
затвори
...

Архива на новости

Вторник, 29. Септември 2020

Кога и зошто да купите комбинирана машина за перење и сушење алишта?

Кога и зошто да купите комбинирана машина за перење и сушење алишта?

Одржувањето на алиштата е една од многуте домашни работи кои не можеме да ги избегнеме. За среќа, одзема многу помалку време отколку во минатото. Пред сто години облеката ја переле крај реката, но во денешно време имаме чиста облека практично со притискање само на едно копче. Ваквата удобност навистина доаѓа со повеќе дилеми - која машина за перење да ја купам, дали треба да купам машина за сушење, дали имам доволно простор и за двете или, наместо тоа, дали треба да купам комбинирана машина за перење и сушење? Во многу ситуации, комбинираната машина за перење и сушење е одличен избор. Кога е вистинското време да ја купите и зошто?

Совршена за ограничен простор

Немате посебна соба за перење алишта или собата ви е премногу мала за да имате посебна машина за перење и посебна машина за сушење? Тогаш комбинираната машина за перење и сушење е совршено решение за вас бидејќи овозможува максимална ефикасност на перењето, дури и кога имате ограничен простор во домот. Бидејќи комбинираните машини за перење и сушење традиционално трошат повеќе електрична енергија, не заборавајте да изберете модел со ефикасен инвертер мотор, како што е инвертер PowerDrive моторот на Горење. Инвертер моторите се енергетски ефикасни, издржливи и имаат пониско ниво на бучава, па затоа вреди да се инвестира во машина со инвертер мотор.

Одлични перформанси на перење

Немојте повеќе да се грижите за тоа колку добро комбинираните машини за перење и сушење се грижат за вашите алишта. Новите комбинирани машини за перење и сушење од Горење, на пример, имаат PowerJet систем на перење кој прска вода во барабанот под висок притисок, така што детергентот се раствора побрзо и поефикасно се отстрануваат дамките. Обезбедува одлични перформанси на перење во пократок период. Дополнително, поради иновативниот Snowflake дизајн на барабанот на машината од Горење кој има мазна површина, вашите алишта ќе бидат нежно и ефикасно испрани и исушени.

Посебни карактеристики кои ви го олеснуваат животот

Современите комбинирани машини за перење и сушење нудат бројни практични карактеристики кои ќе ви го поедностават животот и ќе ви заштедат време. На пример, замислете дека одбирате облека за некој посебен настан кој ќе се одржи оваа вечер и сфаќате дека вашата омилена кошула треба да се испере. Воопшто не е проблем! Со 60-минутната програма за перење и сушење на Горење можете да исперете и исушите до 1 kg алишта за само еден час. Со сигурност ќе бидете спремни на време. А што ако најдете залутан чорап или заборавена маичка неколку минути откако сте ја вклучиле машината за перење? Со функцијата StopAddGo можете едноставно да го паузирате циклусот на перење кога е во почетна фаза за да додадете или отстраните алишта. Понатаму, заради специјалната програма SterilTub, што го одржува барабанот чист и ги елиминира бактериите во машината, алиштата секогаш ќе мирисаат свежо.

Ергономски дизајн кој е едноставен за употреба

Новата генерација на комбинирани машини за перење и сушење алишта од Горење се многу лесни за употреба поради нивниот голем ЛЕД дисплеј и копчето JoggerDial, што обезбедува брз избор на програми за перење и сушење. Можете да изберете помеѓу 10 програми за перење, 3 програми за сушење и 5 комбинирани програми, кои лесно можете да ги прилагодите со практичната контролна табла на допир. И благодарение на иновативно дизајнираниот сад за детергент, каде што во предниот дел е сместен одделот за омекнувач, веќе можете да заборавите на непотребно истурање.

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice