Hisense клима уредите се гаранција за чист и здрав воздух во домот! - Gorenje
затвори
...

Архива на новости

Понеделник, 13. Јули 2020

Hisense клима уредите се гаранција за чист и здрав воздух во домот!

Hisense клима уредите се гаранција за чист и здрав воздух во домот!
Прочитајте ја целата објава на inovativnost.mk.

Обезбедувањето на чист воздух во домот е императив за секое семејство кое посветува внимание и грижа за здравјето. Hisense клима уредите  со својата најнова технологија и комбинацијата од филтри, активно го прочистуваат и освежуваат воздухот од прашина, бактерии, издувни гасови, хемикалии и други штетни супстанци кои влијаат на здравјето на секој човек. На македонскиот пазар овие клима уреди ги носи компанијата Горење, која од 2018. година е дел од семејството на глобалниот технолошки лидер Hisense, кинеската корпорација за производство на телевизори, апарати за домаќинство, системи за климатизација и паметни мобилни телефони со 50-годишна традиција.

Hisense клима уредите имаат одлична технологија за прочистување на воздухот на повеќе нивоа, овозможена од пет филтри низ кои поминува воздухот. Оваа технологија гарантира висок квалитет на воздухот, а секој од филтрите има функција да овозможи подобар и поздрав воздух во домот. Тоа се витамин Ц филтер, филтер со катехин, филтер со сребрени јони, оптички каталитички филтер, ХЕПА филтер и арома филтер.

Како функционираат овие технологии?

  • Филтерот со активен јаглен овозможува најдобра апсорпција на честички и непријатен мирис. Овој филтер има јаглен кој покрај честичките, фаќа и хемикалии, издувни гасови и чад од цигари и е совршено решение да го апсорбира и да го отстрани непријатниот мирис во домот
  • Филтер со катехин, што е екстракт од зелен чај,  поради ефектите на оксидација и стерилизација се додава во филтрите, Активните ензими создаваат јадро на бензен, кое апсорбира непријатни мириси и штетни материи во атмосферата. Филтерот со катехин ги пресретнува и ефикасно и долгорочно ги стерилизира честичките од прав. Неговото антибактериско дејство уништува повеќе од 95% од бактериите.
  • ХЕПА филтер е високоефикасен филтер, кој зафаќа 80% повеќе честички од прашина од класичните филтри, овозможува посвеж и почист амбиентален воздух.
  • Арома филтерот е дополнителна заштита што дистрибуира пријатна миризба во воздухот, која ги релаксира сетилата.
  • Филтерот со сребрени јони е многу ефикасен за стерилизација и ефикасно го запира ширењето на бактериите.
  • Филтрите со витамин Ц обезбедуваат дополнителна заштита што овозможува исклучително чист воздух кој е здрав за кожата, не предизвикува чешање, ја прави помека и го намалува стресот, истовремено обезбедувајќи терапевтски придобивки.
  • Филтри со сребрени јони кои ги ловат нечистотиите од воздухот и ги елиминираат бактериите за да обезбедат почист воздух во просториите.
Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice
Месечни акции и промоции
Месечни акции и промоции