Заедно со Hisense ќе понудиме целосно решение за домот на едно место - Gorenje
затвори
...

Архива на новости

Четврток, 10. Октомври 2019

Заедно со Hisense ќе понудиме целосно решение за домот на едно место

Заедно со Hisense ќе понудиме целосно решение за домот на едно место

Заедно со Hisense ќе понудиме целосно решение за домот на едно место

Интервју за Убавина и здравје број 134 со Мирјана Мајнова – Директор на Горење ДООЕЛ Скопје на тема „Заедно со Hisense ќе понудиме целосно решение за домот на едно место“. Прочитајте го целото интервју!

Од минатата година, Горење е дел семејството Хајсенс (Hisense) водечката светска компанија за електроника. Што е според вас најзначајното за Горење во оваа соработка?

Хајсенс е финансиски стабилна корпорација која постои веќе 50 години и која дава значаен потенцијал за иден раст и развој на Горење, пристап до нови пазари, нови технологии и извори на набавки и голема продажна мрежа со добро обучен кадар. Со нивната позиција на пазарот во светот и со иновативната технологија која ја имплементираат во своите телевизори (8К резолуција, ULED XD TV, Hisense laser TV, Hi-view engine итн.), не случајно Хајсенс е најпродаван бренд на телевизори во Кина веќе 14 години по ред, а четврти бренд во светот.

Значајно за Горење е тоа што нашето портфолио на производи ќе се прошири во оние сегменти каде што досега не сме биле присутни: телевизори, мобилни телефони и големи системи за климатизација и ќе им понудиме на купувачите целокупно решение за нивниот дом на едно место.

Што вие лично научивте од искуството на компанија како што е Хајсенс?

За оваа една година научив дека треба да бидеме т.н open minded. Да бидеме позитивни во однос на промените, отворени кон нови идеи и без предрасуди.

Кои се вашите омилени производи на Горење кои ги користите и во вашиот дом со семејството?

Сите апарати за домаќинство во мојот дом се од Горење. Сите одлично ме служат долги години наназад. Но ако морам да одберам, омилени ми се апаратите од VitaWay колекцијата, апаратот за вафли и мафини и прочистувачот на воздух.

Лично верувам дека здравјето е најголемото богатство, а храната што ја консумираме и воздухот кој го дишеме се основа за пронаоѓање на внатрешна рамнотежа. Сите го сакаме свежо цедениот сок во Slow Juicer бавниот соковник. Nutri Power блендерот ми е основен помошник во кујната не само за подготовка на смути туку и за мелење на јаткасти плодови, семиња, овесни снегулки кои ги користам како додатоци кога подготвувам вафли или мафини во нашиот омилен апарат за вафли и мафини.

Свесни сме за загаденоста кај нас. Прочистувачот на воздух со јонизатор од Горење го користам и во домот и на работното место.

Раскажете ни нешто повеќе за дизајнерските линии, колку кај вашите женски клиенти е важен дизајнот?

Откако кујната стана дел од дневната соба, апаратите за домаќинство станаа подеднакво важни како и сите останати детали кои ни го разубавуваат домот.

Жените многу повеќе внимание обрнуваат на дизајнот и на деталите меѓутоа сите дизајнерски линии се одлично прифатени подеднакво и од машките и  од женските клиенти. Сите апарати од дизајнерските линии (Philippe Starck, Karim Rashid, Ora ito, Simplicity, Classico и Retro колекцијата на фрижидери) се убави и истовремено многу различни така што имаме избор за сечиј вкус и може совршено да се вклопат во сечиј дом. Многу често малите апарати за домаќинство од дизајнерските линии се избор на жените. Тие ги избираат како декор во кујната без разлика дали останатите апарати се од некоја дизајнерска линија или не.

Се ближи есенскиот и зимскиот период, кога степенот на загадувањето кај нас е највисок. Во однос на вашата девиза Life Simplified, какви кампањи кои би ја зголемиле свеста на граѓаните за овој голем проблем се во план?

Во моментов работиме на кампања со која сакаме да потенцираме дека грижејќи се за природата, се грижиме за себе. Грижата за околината не треба да биде само во есенскиот и зимскиот период кога степенот на загадување е највисок. Секој од нас, може да придонесе во грижата за животната средина, во текот на целата година. На пример, доколку ги оставиме автомобилите дома и одиме на работа со велосипед или автобус, ќе помогнеме да се намали загадувањето на воздухот. За таа цел, ќе донираме велосипедски паркинзи со цел да се унапреди инфраструктурата за велосипедистите и да придонесеме кон подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.

Со промена на само некоја навика, можеме да го зголемиме сопствениот животен век и животниот век на блиските. Со избор на енергетски ефикасни апарати за домаќинство од Горење, ќе ја намалиме потрошувачката на енергија и вода, а со тоа и влијанието врз животната средина.

Како балансирате помеѓу семејството и работните обврски, и колку ви останува време за вас лично?

Балансирањето е секојдневен предизвик. Се трудам максимално ефикасно да го користам времето поминато на работа за да имам повеќе време за семејството. Време за мене лично е всушност времето кое што го поминувам со Синтезис. Секој друг момент му е посветен на семејството.

Имате ли омилени ритуали за убавина, нега и релаксација?

Обврските, темпото и приоритетите во животот не ми дозволуваат ритуали за нега, убавина и релаксација. Меѓутоа научив да се релаксирам и уживам во мали моменти кои што наместо да ми поминат незабележано, наместо да ги  „претрчам“ во текот на денот, јас „застанувам“ и им придавам значење. Така на пример се релаксирам додека пијам кафе, а мојот двегодишен син црта, додека ја проверувам домашната на големиот син, додека заедно правиме сок, кафе, мафини, додека во недела ги чекаме палачинките што ни ги подготвува мојот сопруг 😊

На локално и на светско ниво, малку жени се на водечки позиции во големите компании. Дали некогаш сте се почувствувале инфериорно како жена во условно речено „машката“ професија?

Мислам дека перцепцијата за машка и женска професија е променета. Исто како што е променет ставот дека само жените готват, се грижат за децата и ги извршуваат домашните обврски. Според мене повеќе е во прашање биолошката природа на жената. Јас не сум се почувствувала инфериорно. Сметам дека еден културен, современ маж никогаш нема да се однесува така за да една жена се чувствува инфериорно покрај него.

Кое е мотото на компанијата според кое се водите во работата и вашето лично мото кое ве турка напред?

Мисијата на Горење е да го поедностави секојдневниот живот на клиентите. Во динамичното окружување, Горење се стреми да биде извор на практични идеи што ги прават секојдневните работи поедноставни, животот помалку комплициран и пријатен.

Моето лично мото е да не очекувам ништо од никого. Да работам активно и делувам проактивно.

Горење е бренд кој опстојува долго време на домашниот, на регионалниот и на светскиот пазар. Кои се клучните карактеристики на успехот?

Слушајќи ги потребите на нашите потрошувачи и одговарајќи на нивните очекувања, барања и потреби успеавме да останеме бренд кој често е прв избор на купувачите бидејќи нудиме квалитетни апарати за домаќинство, добар однос меѓу квалитетот и цената, и што е најважно, добра пост-продажна услуга. Довербата во сопствениот квалитет ја докажуваме со пет годишната целосна и бесплатна гаранција на апаратите од бела техника.

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice