Архива на новости
Вторник, 1. Октомври 2019
Ден со семејството и Горење

На 5 октомври (сабота), од 11 до 14 часот во Горење Студио во Аеродром ќе се одржи забавен настан: Ден со семејството и „Горење“.
Посетителите ќе можат да го проследат кулинарското шоу во живо со готвачот Давор Панчевски (Dave's Kitchen). Дегустации, демонстрации и многу изненадувања ќе бидат дел од овој настан.
За гостите, готвачот ќе зготви вкусен појадок (вафли, свеж леб, џем) подготвен со уредите на Горење. Во меѓувреме ќе се служат свежо цедени сокови и вода. Овој семеен настан е одлична можност посетителите да поминат квалитетен саботен ден со најблиските и да уживаат во дегустирањето на вкусната храна и на свежите пијалоци.
„Горење“ мисли и на најмладите гости. За нив, ќе биде достапно катче за играње.
Во денешното брзо време во кое живееме, со помош на модерните апарати може да се намали товарот на готвењето како неопходна активност, да се поедностави нашиот живот, а преку тоа да се помине поголем дел од времето со семејството и со пријателите.
Сите посетители на настанот ќе имаат можност да ги купат апаратите од VitaWay колекцијата на апарати за здрав живот со промотивен попуст од 15%, а ги очекуваат и други одлични понуди и подароци.
Горење студио се наоѓа во Аеродром, на улица Видое Смилевски- Бато број 2Б. Ги покануваме сите наши соседи, и сите оние кои се расположени за убава дружба да не посетат на настанот.