Интеграцијата на Горење со моќната Hisense носи голем потенцијал за понатамошен развој - Gorenje
затвори
...

Архива на новости

Петок, 20. Септември 2019

Интеграцијата на Горење со моќната Hisense носи голем потенцијал за понатамошен развој

Интеграцијата на Горење со моќната Hisense носи голем потенцијал за понатамошен развој

Интеграцијата на Горење со моќната Hisense носи голем потенцијал за понатамошен развој

Интервју за Капитал број 1032/1033  со Мирјана Мајнова – Директор на Горење ДООЕЛ Скопје на тема „Интеграцијата на Горење со моќната Hisense носи голем потенцијал за понатамошен развој“. Прочитајте го целото интервју!

Во тек е кампања со која се комуницира влегувањето на Горење во семејството на Hisense, водечката светска компанија за електроника. За почеток, може ли да не запознаете со брендот Hisense?

Токму така, од крајот на минатата година, Горење е дел семејството на глобалниот технолошки лидер Хајсенс (Hisense). Групацијата Хајсенс (Hisense) е формирана во 1969 година во Кина. Денес, Хајсенс (Hisense) е водечка интернационална компанија за производство на телевизори, апарати за домаќинство, системи за климатизација и паметни мобилни телефони со 17 милијарди долари приход во 2018 година.

Веќе 50 години е присутна на пазарот, а во своето портфолио има 5 големи глобални брендови, 54 филијали, 14 производствени погони, како и 12 центри за истражување и развој низ целиот свет. Производите на компанијата во моментов се нудат во над 130 земји. Со меѓународниот тим кој вклучува повеќе од 80.000 вработени, Хајсенс (Hisense) ја реализира својата визија да стане еден од водечките светски брендови за производство на високо квалитетни, врвни и достапни производи што го подобруваат животот на потрошувачите.

Што значи ова за Горење? Што може да очекуваме?

Глобално, гледаме голем потенцијал за развој и раст. Консолидацијата на Горење во рамките на моќната и финансиски стабилната групација Хајсенс (Hisense), носи многу придобивки за идните активности на Горење. Со интегрирањето станавме компанија со огромно портфолио на производи кое покрива различни пазарни сегменти, современ развоен центар, Ноу хау и голема продажна мрежа со добро обучен кадар.

Дел од инвестициите на Хајсенс (Hisense) во изминатиов период беа насочени кон унапредување на оперативниот систем за телевизори VIDAA U чија цел е да го поедностави целокупниот интерфејс за корисниците на паметните телевизори и во изработка на целокупни решенија за паметен дом (SmartHome). Во периодот кој следи, Горење на своите пазари ќе го прошири својот асортиман во оние сегменти каде што досега не сме биле присутни: телевизори, мобилни телефони големи системи за климатизација и ќе им понудиме на нашите купувачи целокупно решение за нивниот дом на едно место.

Како што веќе знаете, соработката со врвни дизајнери е од особено значење за Горење, бидејќи во денешно време, сѐ почесто кујната е дел од дневната соба, потрошувачите покрај тоа што обрнуваат внимание на функционалноста и квалитетот на апаратите за домаќинство, тие одбираат апарати за домаќинство кои ќе бидат и украс во нивниот дом. Горење ја продолжува успешната соработка со извонредните Philippe Starck, Karim Rashid и Ora ito. Добро прифатени се и сопствени линии на Горење како што се Simplicity, Classico и Retro колекцијата на фрижидери. Classico линијата на апарати за домаќинство има прекрасен и динамичен дизајн во класичен стил, а новата Simplicity линија опфаќа апарати кои не само што се дизајнерски совршени, туку и тие се мошне едноставни за употреба со што им овозможуваат на нашите потрошувачи повеќе време за блиските во домот. Поради тоа, можеме да кажеме дека Горење е извор на безброј идеи кои го поедноставуваат животот и му даваат повеќе слободно време на корисникот за работите кои се навистина важни.

Каква е ситуацијата со Горење локално?

Горење е бренд кој во Македонија е присутен уште од шеесеттите години. Слушајќи ги потребите на нашите потрошувачи и одговарајќи на нивните очекувања, барања и потреби успеавме да останеме бренд кој често е прв избор на купувачите бидејќи нудиме квалитетни апарати за домаќинство, добар однос меѓу квалитетот и цената, и што е најважно, добра пост-продажна услуга.

При купување на апарати ретко кој размислува за гаранцијата и сервисирањето на истите. Но, пост-продажната услуга е од особено големо значење за продолжување на животниот век на производот. Одржувањето на апаратите преку брза и професионална поправка и замена со сигурни и оригинални резервни делови се основа на квалитетното работење на компанија како што е Горење. Довербата во сопствениот квалитет ја докажуваме со пет годишната целосна и бесплатна гаранција на апаратите од бела техника.

Следејќи го трендот, за да им по поедноставиме целокупниот процес на купување на апарати на нашите потрошувачи, овој месец започнавме со онлајн продажба на апарати за домаќинство од Горење. Од сега, тие сега ќе имаат можност лесно и едноставно да ги нарачаат нашите апарати од нивниот дом на нашата веб страница www.gorenje.com.mk. Онлајн продавницата ги задоволува и најстрогите стандарди на безбедност за електронската трговија во Македонија и опфаќа бесплатна достава на сите производи од асортиманот на Горење до домот на купувачот.

На што работите во моментов? На што се враќате веднаш по ова интервју?

Имајќи во предвид дека секоја зима, загадувањето во Скопје достигнува алармантно високи стапки, во моментов работиме на тоа да го промениме однесувањето и мислењето на граѓаните како при изборот на апарати за домаќинство, така и при изборот на транспортно средство.

Како општествено одговорна компанија би сакале и ние да помогнеме и заедно да се бориме против овој голем и реален локален проблем. Би сакале да ги потсетиме сите граѓани дека можат да придонесат за заштита на животната средина и да го зголемат сопствениот животен век и животниот век на блиските. Но, мораат да почнат од себеси, од нивниот дом, од нивните секојдневни навики во текот на целата година. Сакаме да ги поттикнеме граѓаните во текот на целата година, не само во најзагадените месеци, да ги остават автомобилите дома и да ги користат велосипедите како основно превозно средство наместо автомобилите. За таа цел, ќе донираме велосипедски паркинзи со цел да се унапреди инфраструктурата за велосипедистите и да придонесеме кон подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.

Многу секојдневни активности, всушност, можат да дадат свој придонес за намалување на загадувањето и отпадот. Различни задачи што рутински ги правиме може да се извршат поефикасно и со користење на помалку вода, помалку електрична енергија и со ограничена употребата на детергенти кои загадуваат.  Обновата на старите уреди со производи кои имаат висока енергетска класа е европска и глобална мисија, во која учествуваат сите компании во секторот, од производители до дистрибутери до одговорна организација за отстранување и рециклирање на стари уреди. Потрошувачот ги има сите алатки за зачувување на животната средина, преку избор на ефикасни апарати за домаќинство, нивна паметна употреба и правилно отстранување на старите апарати. Покрај заштедата на енергија, не треба да се заборави дека енергетски ефикасните апарати за домаќинство, исто така, влијаат и на буџетот во домаќинството. Новите генерации на апарати за домаќинство од Горење се дизајнирани автоматски да ја намалат потрошувачката на енергија и вода, а со тоа и влијанието врз животната средина.

Во октомври, официјално ќе го претставиме новиот дизајн на дизајнерската линија Simplicity од Горење која постои веќе 10 години. Оваа дизајнерска линија е директен израз на мотото на Горење, Life Simplified (Поедноставен Живот). Целта на оваа дизајнерска линија е да го поедностави изборот на потрошувачот, за помалку работи да се имаат на ум, помалку копчиња за стискање, помалку потрошено време и поголем мир и време за себе. Минималистичкиот дизајн и висококвалитетни материјали се спојуваат со функции што се максимално приспособени на потрошувачките потреби и навики.  

Следната година планираме да го прошириме асортиманот на Горење на нашиот пазар и да понудиме целокупно решение за домот. Асортиманот ќе го надополниме со телевизори, клими и мобилни телефони од брендот Хајсенс (Hisense). Хајсенс (Hisense) е најпродаван бренд на телевизори во Кина веќе 14 години по ред, а четврти бренд во светот. Широкото портфолио на телевизори од брендот Хајсенс (Hisense) претставуваат револуција во иновативноста на ова поле и овозможуваат потполно ново корисничко искуство. Особено би сакала да ги потенцирам иновациите како 8К резолуција, ULED XD TV, Hisense laser TV, Hi-view engine итн. кои овозможуваат речиси неверојатен контраст и детали во визуелниот и во аудио делот, несвојствени за она што досега ни беше познато како ТВ искуство.   

Технологијата игра огромна улога во производите на Вашата компанија, но и во нашите животи. Ве плаши ли незапирливиот технолошки раст и развој на кој сме сите сведоци?

Мотото на Горење е Life Simplified и Горење ја користи технологијата токму за тоа, да го поедностави животот онаму каде што најмногу ни треба, во нашите домови. Секоја нова технологија, иновација или услуга што ја нудиме има цел да ги поедностави домашните активности, правејќи ги секојдневните моменти попријатни и најголемите моменти во животот поисполнети и незаборавни. Да се имаат помалку работи на ум, помалку копчиња за стискање, помалку потрошено време и поголем мир и време за себе.

Во време кога нашето општество станува се повеќе мобилно, интелигентно и поврзано, Групацијата Хајсенс заедно со Горење се приклучија во и развија решенија со кои се поедноставува животот на нашите корисници. Платформата ConnectLife ги поврзува апаратите во домот, луѓето и услугите, создавајќи простор за пријатни моменти и настани додека поминувате помалку време работејќи.

Платформата ConnectLife овозможува комуникација помеѓу поврзаните производи од сите компании на Групацијата Хајсенс (Hisense). Горење, ги вклучува своите машини за перење и сушење алишта произведени во Словенија,  додека пак Аско ги вклучува рерните, машините за миење садови и фрижидерите. Сите апарати од бела техника сега можат без проблеми да комуницираат едни со други и со разни паметни апарати од Хајсенс, како клима уреди, прочистувачи на воздухот, Vidaa оперативниот систем на паметните телевизори, паметните сензори, прекинувачи и паметното огледало, преку паметната платформа ConnectLife.

Платформата ConnectLife е интегрирана со услуги и производи што ги нудат партнери од трети страни. Поврзана е и со дигитални лични асистенти, како што се Alexa, Google, Siri итн. Исто така, важен дел од екосистемот е и дигиталниот асистент на Горење, Ана, која помага при купување на совршен апарат, помага доколку имате какви било проблеми со вашите сопствени уреди или ви помага ги користите поефикасно. Горење ќе ја лансира платформата ConnectLife и линијата на поврзани апарати во блиска иднина.

Ова се само некои од многубројните придобивки од напредокот на технологијата и примената во нашите апарати за домаќинство. Технологијата има секакви страни, но како и секоја алатка носи добро или лошо во зависност од тоа како се користи. Во Горење, веруваме дека технологијата е наш пријател и нејзината улога е особено важна за поедноставување на животот на нашите потрошувачи. Беспрекорно поврзаните уреди обезбедуваат резултати во реалниот живот и унапредено искуство со помалку стрес и повеќе време за значајни моменти во животот. Поповрзан живот е поедноставен живот (Life Simplified). 

Financial Times проценува дека помалку од 5% од светските компании се водени од жени. Имавте ли воопшто дилема при размислувањето дали да ја прифатите оваа позиција?

Не, воопшто. Ова е навистина голем предизвик за мене, особено што довербата да раководам со компанијата ми беше доделена откако Горење стана дел од оваа голема глобална корпорација. Веќе шеснаесет години сум дел од тимот на Горење Македонија, добро ги познавам процесите и стратегијата на Горење како локално, така и глобално. Со преземањето на Горење од страна на Хајсенс (Hisense) влеговме во процес на реорганизација, но познавајќи ги новите правила и насоки можам да кажам дека сето тоа води кон сигурен успех. Дел сме од една технолошки развиена компанија којашто нѐ мотивира да работиме напорно и да бидеме подобра верзија од себе. Имаме јасна цел и се стремиме кон реализирање на истата.

 

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice