Помалку работи за паметење, помалку копчиња за стискање, поголем мир и слободно време! - Gorenje
затвори
...
Вторник, 10. Септември 2019

Помалку работи за паметење, помалку копчиња за стискање, поголем мир и слободно време!

Помалку работи за паметење, помалку копчиња за стискање, поголем мир и слободно време!

Gorenje ја претстави новата Simplicity колекција на IFA 2019

Gorenje, реномираниот европски бренд за домаќинство наскоро слави 70 годишнина од своето постоење како важен дел од животот на многу генерации низ светот. Брендот верува дека технологијата е тука да им служи на луѓето тогаш и таму каде што најмногу им треба - во домот. Затоа, секоја иновација во Gorenje е инспирирана од животот – од секојдневните моменти, од очекувањата за едноставност наместо комплексност, за да може животот да се ужива без непотребниот стрес.

За Gorenje, IFA 2019 (најголемиот европски настан поврзан со технологија) е исклучително важен бидејќи за прв пат брендот се претстави под големата капа на водечката светска компанија за електроника - Hisense.

На IFA 2019, Hisense го претстави и своето широко портфолио на ТВ уреди, кои претставуваат револуција во иновативноста на ова поле и овозможуваат потполно ново корисничко искуство. Главните новини се однесуваат на 8К резолуција, ULED XD TV, Hisense laser TV, Hi-view engine итн. Сите овие иновации овозможуваат речиси неверојатен контраст и детали во визуелниот и во аудио делот, несвојствени за она што досега ни беше познато како ТВ искуство. 

Дизајнерските линии презентирани оваа година од Gorenje го вклучуваат глобално познатиот дизајнер Ора Ито и Classico колекцијата, но вниманието e најмногу насочено кон Simplicity колекцијата во црно и бело. Simplicity е посебна дизајнерска линија на Gorenje која постои веќе 10 години и се одликува со минималистички дизајн и висококвалитетни материјали кои се спојуваат со функции што се максимално приспособени на потрошувачките потреби и навики. Новата Simplicity колекција е директен израз на мотото на Gorenje,Life Simplified (Поедноставен Живот), за помалку работи да се имаат на ум, помалку копчиња за стискање, помалку потрошено време и поголем мир и време за себе.

Зборувајќи за идните развои, Gorenje исто така ги претстави своите новитети како дел од ConnectLife платформата која вклучува напредни дигитални решенија и услуги во спој со останатите онлајн или офлајн уреди од Hisense групацијата (Hisense, Gorenje, Asko). Поврзаноста на уредите овозможуваат не само безгрижно користење туку и вредни информации, како навики за користењето на истите, со што се добиваат вистински опипливи резултати и напредно искуство имајќи многу помалку причини за стрес и повеќе време за значајни моменти во живеењето. Повеќе поврзан живот е Life Simplified (Поедноставен Живот).

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice