Поради секојдневните услови на висока влажност, квалитетот на мијалникот е од особено значење за домаќинството.
Siligor е вештачки мермер со карактеристики на природен камен, кој е издржлив на удари, дамки од храна и хемикалии, како и на нагли температурни промени, сечење, препарати, киселини и други супстанции кои се наоѓаат во домот. Тој е издржлив композитен материјал составен од кварцни честички и полимерна смола. Материјалот е резултат на долгогодишен развој, при што се барани оптималните пропорции. Направен е на основа на висококвалитетна полиестерна смола, комбинирана со кварцни честички, при што секоја честичка се третира со незаситена смола.
Siligor е сертифициран за својата издржливост кон развојот на бактерии.
Повеќе детали за мијалниците, можете да погледнете на линкот.