Продолжена 5 годишна гаранција на компресорот на инвертер клима уреди од Хајсенс
Сите сакаме поголема сигурност и гаранција кога купуваме уреди за нашиот дом кои се предвидени да ги користиме на подолг рок. Hisense ви дава сигурност со квалитетот кој го гради 50 години и со продолжена гаранција од 5 години на компресорот на сите клима уреди во асортиманот.
За дополнителна гаранција може да се регистрираат сите инвертер клима уреди од Hisense купени помеѓу 15.10.2020 година и 31.12.2020 година. Можете да ја побарате вашата продолжена гаранција со регистрација на клима уредот најдоцна 30 дена по купувањето.
Висока енергетска ефикасност (ладење/греење): A++ / А+
SEER/SCOP: 6,1/4
Капацитет на ладење/греење: 3.500 W /4.000 W
Технологија на прочистување на воздухот на повеќе нивоа со посебен 4 во 1 филтер (филтер со катехин, ХЕПА филтер, филтер со сребрени јони, филтер со активен јаглен)
Јонски генератор на студена плазма
Ултра тивок режим на работа од 19 dB
Греење до - 15℃
Вградена Wi-Fi контрола
I Feel функција за интелигентна контрола на температурата
Hisense е бренд основан во 1969 година во Кина. Денес, Hisense е водечка интернационална компанија за производство на телевизори, апарати за домаќинство, системи за климатизација и паметни мобилни телефони. Во сопственост на Hisense се повеќе брендови како Toshiba, Gorenje, Kelon и Ronshen.