Татковците го прават тоа поедноставно - Gorenje
затвори
...

Татковците го прават тоа поедноставно

СЕМЕЈСТВО
5.8.2019

Да се ​​биде родител е веројатно најтешката работа на земјата. Во овој пост, би сакале да ги пофалиме татковците и нивните многу често „генијални“ начини со кои излегуваат на крај со децата. Дозволете ни да откриеме дел од „татковските трикови“ - нашиот омилен избор од моментите од „татковците го прават тоа поедноставно“ од кои сите можеме да учиме.

1. Хамак (шатор) од постелнина под вашата трпезариска маса. Ако сакате да создадете забава за вашето дете, безбедно завиткајте еден од вашите чаршафи околу масата и оставете ги да уживаат малку во импровизирана лежалка. Едноставно како во недела наутро!

2. Немате лизгалка дома или во близина? А што велите да искористите една картонска кутија за лизгање по скалите? Забавата е загарантирана. Советуваме да поставите надзор.

3. Научете ги како да ги четкаат забите на забавен начин! Што велите да посветите една песна на времето кога вашето дете вообичаено ги мие забите? Изберете ја онаа што трае 3 минути ... и поттикнете ги  тие да ги четкаат забите за времетраењето на целата песна! Зар не ви е овој совет од полза?

4. Возење на децата во автомобил за да заспијат. Слушаме од многу родители - некои деца заспиваат најбрзо додека се возат во автомобил. Што велите за едно вечерно крукче околу соседството? На тој начин, мајките може да уживаат дома посветувајќи си малку време на себеси. Двојна победа!

5. Преку игра до раскревање и редење на играчките - на пример, организирајте натпревар и оваа активност мерете ја на тајмер. Никогаш толку брзо играчките не се нашле на своето место!

6. Ќе одите на место кадешто има многу луѓе? Носете облека во слична боја! За полесно да се препознаете еден со друг - дури и оддалеку! Толку едноставен совет што може да реши толку многу проблеми.

7. Зачувајте ги вашите ѕидови така што ќе залепите хартија на некои од нив за да создадете бесконечна област за цртање за вашите мали уметници. Само појасните им на кои ѕидови може да цртаат.

8. Сокријте ги слатките во вреќи за зеленчук. Верувајте ни, никој нема ни да се мачи да ги бара таму.

9. Користете го капакот за кафе за носење како држач за сладолед на стапче - под ова подразбираме да го земете пластичното капаче за кафе, да го превртите наопаку и да пробиете една дупка на средината. Потоа, едноставно, провлечете го стапчето низ неа и готово! Имате мини чинија за да се собира стопениот сладолед. На овој начин, рацете на вашето дете ќе останат чисти и ќе ги зачувате седиштата во автомобилот или вашиот тросед.

10. Обојте го времето на часовникот за да обележите некои дневни рутини и да ги научите децата како функционира часовникот. Генијален, зар не?

#instalove

Side by side комбинираните фрижидери се крајниот избор за секој кој сака удобен и ефикасен начин за да ја зачува свежината на својата храна. Комбинирајќи го модерниот дизајн со моќната технологија и пространата внатрешност, овие апарати нудат лесно достапно и добро организирано складирање на сите ваши намирници. Не е ни чудо што веднаш ќе се вљубите во нив.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice