Што треба да знаете за перењето на бебешката облека - Gorenje
затвори
...

Што треба да знаете за перењето на бебешката облека

СЕМЕЈСТВО
23.8.2018

Оние кои се родители првпат обично се прашуваат како најдобро да се грижат за своите бебиња, вклучувајќи ја и нивната облека. Сепак, тоа не мора да биде комплицирано. Еве неколку совети за тоа како облеката на вашето бебе да биде чиста и мека без многу проблеми.

Исчистете ја машината за перење. Стартувајте го циклусот за чистење (како SterilTub) или празен циклус на висока температура со оцет во барабанот за да ги отстраните сите мириси. Во исто време, ќе ги убие бактериите и ќе создаде похигиенска средина за облеката на вашето бебе.

Прочитајте ги ознаките за нега. Насоките за нега при перењето, како што се температурата на водата и рачното/машинско перење, ќе ви помогнат да ги зачувате алиштата на вашето бебе да изгледаат најдобро и по перењето.

Изберете го вистинскиот детергент. Ако вашето бебе нема алергии или екстремно чувствителна кожа, нема потреба да купите специјален детергент само за неговата облека. Едноставно изберете детергент без интензивна миризба или хемикалии. Може да одберете течен детергент, бидејќи тие обично се исплакнуваат потемелно отколку оние во гранули.

Омекнувач - да или не? Бидејќи кожата на бебето е особено деликатна, обидете се да ги избегнувате омекнувачите на ткаенината. Тие често содржат хемикалии и мириси, што може да предизвика иритации. Наместо тоа, користете оцет за природно да ја омекнете облеката на вашето бебе.

Машина за сушење или јаже за сушење алишта? Освен ако не е посебно напишано на етикетата за нега, нема причина да се избегнува користењето на машина за сушење на облеката на вашето бебе. Големи се шансите да исперете бесконечна количина на облека за време на нивното детство, па зошто да не заштедите малку време? Сушењето на сонце исто така е добра идеја, бидејќи сончевата светлина работи како средство за дезинфекција за перените алишта и исто така ги осветлува дамките на белите ткаенини.

WaveActive машините за перење од Gorenje се направени за да се стави крај на валканата работа на ефективен, лесен и еколошки начин.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:

  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење. 
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии. 
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice