Решете го стресот за 10 минути (за родителите во брзање) - Gorenje
затвори
...

Решете го стресот за 10 минути (за родителите во брзање)

ДОМАШНИ ОБВРСКИ
8.9.2020

Родителите кои се под стрес се несреќни родители. Долго размислувавме како да им помогнеме на оние кои се во ситуација „не можам повеќе да издржам“. Пред да се откажете, тука се избрани 10-минутни или повеќе (ако имате време) начини за ослободување од стресот што може да ви помогне подобро да управувате со малите семејни кризи. Кажете ни што најмногу ви помогна. Сакаме кога е едноставно, дали се согласувате?

1. Момент за себе и за умот. Првото решение не е некоја мудрост. Медитација. Верувале или не - тоа навистина може да ве смири и да го промени вашиот фокус многу брзо. Ако можете, забавувајте ги вашите деца неколку минути. Седнете, опуштете се, затворете ги очите и фокусирајте се на дишењето. Дури и ако се само неколку минути. Медитацијата може да направи чуда, но важно е да не размислувате за обврските и за тоа што треба да направите. Обидете се да се исклучите целосно.

2. Одбројувајте за да се смирите. Ако ви е доста од сè и ви треба супер брз и едноставен лек, обидете се да бројте од 50 наназад и длабоко вдишете откако ќе го завршите одбројувањето. Овој трик само секогаш функционира.

3. Ослободете се од стресот со потење. Ако сте во можност вклучете во вашиот зафатен распоред брзо трчање низ населба или 10-минутно вежбање без да ве вознемируваат. Дури и кратка прошетка може да помогне. Само малку вежба за да го исчистите умот од негативни и стресни мисли. Ако сте среќен родител на помало дете, можете да го комбинирате со пријатна прошетка со количка.

4. Исплакнете го стресот. Туширајте се и не заборавајте да ги затемнете светлата, запалете неколку прекрасни миризливи свеќи и додадете неколку капки релаксирачки есенцијални масла во вашата када.

5. Книгите за боење се наменети само за деца? Не можете да погрешите повеќе. Во моментов постои голема побарувачка и понуда на боенки за возрасни. Само позајмете неколку боички од вашите деца и започнете да боите. Гарантираме дека оваа активност ќе ве релаксира.

Понекогаш животот може да биде драматичен. За среќа, апаратите за домаќинство на Gorenje од Simplicity колекцијата се целосно без драма со чист и елегантен изглед, беспрекорно корисничко искуство со одличен сооднос на квалитет за вложени пари:

  • Адаптибилна технологија која ги препознава потребите и навиките на корисникот
  • Автоматски програми кои секој пат даваат совршени резултати
  • Интуитивно управување во еден чекор што им олеснува користењето на искусните корисници но и на почетниците

Достапни во црна или бела боја кои никогаш не излегуваат од мода.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice