Најлесен начин ги убедите децата да си ги исполнуваат обврските - Gorenje
затвори
...

Најлесен начин ги убедите децата да си ги исполнуваат обврските

СЕМЕЈСТВО
28.5.2018

Убедувањето на вашите деца да помогнат околу домашните работи не мора да претставува постојана борба. Еве пет совети кои ќе ви помогнат да ги убедите вашите деца да ги извршуваат своите задолженија за кратко време без да негодуваат. Загарантирано!

1. Бидете упорни. Воведувањето на децата во новите обврски може да предизвика некаков првичен отпор. Особено ако тие биле навикнати вие да правите сѐ место нив. Но бидете упорни и наскоро ќе видите промена во нивното однесување.

2. Направете да изгледа како игра. Претворете го спарувањето на соодветните чорапи во национално првенство или собирањето на играчките во мисија за спасување во која тие се суперхерои. Не само што задачата ќе ја извршат за половина време со помалку проблеми, но вие и вашите деца ќе се забавувате во самиот процес.

3. Оставете ги вашите високи стандарди. Значи, сите маички нема да се свиткаат сосема на ист начин и може да остане прашина овде-онде. Спротивставете се на нагонот да велите „Еве, дозволете ми да го сторам тоа“ и гледајте ги вашите деца како стануваат одговорни и компетентни поединци.

4. Награда! Луѓето сакаат да бидат наградени за нивната работа и децата не се исклучок. Затоа, бидете сигурни дека тие знаат каква прекрасна работа прават и колку сте среќни затоа што помагаат.

5. Позитивна мотивација. Налепници и графикони, дополнителна книга пред спиење или дури и парче благо понекогаш може да направи чуда за работниот морал. Некои би можеле да го наречат поткуп, ние тоа го нарекуваме средување на работите.

WaveActive машините за перење од Gorenje се направени за да се стави крај на валканата работа на ефективен, лесен и еколошки начин.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:

  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење. 
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии. 
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice