Идеална листа на домашни обврски и задачи за секое семејство - Gorenje
затвори
...

Идеална листа на домашни обврски и задачи за секое семејство

СЕМЕЈСТВО
14.1.2021

Јануари е месец на нови почетоци, нови проекти, ветувања, цели и секако домашни обврски. Помагајќи дома, децата учат многу важни животни вештини, стануваат социјално корисни и генерално се чувствуваат поспособни. Правејќи ја целата работа како семејство, ги зајакнуваме нашите семејни врски.

Прво и најважно - подготовка на листа со домашни обврски. Разговарајте за истото со децата. Запишете ја секоја идеја, дискутирајте ја и направете избор. Со подготовка на листа со домашни обврски, секој член на семејството ќе даде свој придонес во одржување на вашиот дом чист и организиран. Со распоредувањето и поделбата на поголемите задачи на сите членови на домаќинството, никој нема да биде преоптоварен.

Помали задачи, помал отпор

За децата, особено за тинејџерите, некои домашни обврски може да бидат премногу тешки или непотребни, а родителите може да наидат на одреден отпор. Таквите ситуации најдобро се избегнуваат со планирање и објаснување. Добра идеја е да ги разграничите обврските и да ги распоредувате на дневни, неделни и месечни активности. Штом децата видат колку малку време и посветеност е потребно за да се заврши одредена задача, чистењето на домот веќе нема да претставува проблем.

Што велите на тркало на среќа за домашните обврски?

Вклучувањето децата може да биде уште полесно ако направите тркало на среќа со листа на домашни задачи. Бидејќи некои работни активности им се полесни на децата (за да учат) започнете со тоа.

На пример, поедноставни дневни или неделни задачи се миење садови, фрлање ѓубре, хранење миленичиња, наводнување растенија и слично. Можете да направите тркало на среќа за дневни и неделни задачи. Можете исто така да направите заеднички круг на среќа за сите членови на семејството. Или, можеби, децата да имаат своја листа, а родителите друга. Каде да го ставите тркалото на среќата со листата со активности? Ставањето на вратата на ладилникот е добра идеја - веројатно секој член на домаќинството ќе помине во текот на денот.

Следете ја реализацијата на задачите

На почетокот, родителите ќе мора да завршат повеќе работи и да го следат текот на активностите за да бидат сигурни дека децата ги извршуваат своите домашни задачи. Секако дека треба да ги поправите по потреба. Бидете трпеливи. Никој не се родил паметен, сите сè моравме да научиме. Ако децата направиле неред или погрешно ја извршиле задачата, нежно објаснете им што е проблемот и како правилно да ја завршат својата задача. Не заборавајте да ги пофалите децата кога правилно ја вршат својата работа.

Повратните информации се важни

Родителите треба да ги слушаат своите деца што зборуваат за домашните работи. Не секоја поплака е резултат на мрзеливост или недостаток на енергија. Децата исто така имаат идеи. Понекогаш дури и одлични. Научете ги своите деца како да мијат садови, да користат машина за миење садови, можеби дури и машина за перење. Знаеме дека мислата ве плаши. Откако децата ќе пораснат доволно, тие ќе знаат што може да им направат високата температура и ставањето премногу детергент на вашите алишта и дека сите џебови мора да се испразнат пред да ја вклучите машината.

Фрлање коцки

Друга интересна идеја, која вреди да се спроведе, е да имате листа на дневни задачи и да одредите кој која задача ќе ја изврши со фрлање на коцки. Уште подобро, ако имате помалку од 6 дневни задачи, резервирајте го бројот шест за ослободување од обврските. Кога дете (или родител) ќе ги сврти коцките на бројот шест, тој ден не мора да прави ништо. Секако, секој број се брои само еднаш, кој прв ги фрла коцките со тој број.

Создавање вредности

Секој родител сака да го научи своето дете или деца на вредностите на работата и задачите. Затоа домашните обврски се толку важни. Придонесувањето во домашните обврски, во која било форма, ќе предизвика чувство на припадност и цел кај вашите деца, а вие ќе бидете горди родители.

WaveActive машините за перење од Gorenje се направени за да се стави крај на валканата работа на ефективен, лесен и еколошки начин.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:

  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење. 
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии. 
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice
Месечни акции и промоции
Месечни акции и промоции