Вегански мајмун-мафини - Gorenje
затвори
...

Вегански мајмун-мафини

ХРАНА
9.11.2020

Овие вкусни чоколадни мафини во облик на симпатични мајмуни ќе бидат тема на разговор по секое роденденско прославување на кое ќе се појават.

Состојки:

  • 2 банани со средна големина
  • 1 супена лажица семе од лен + 2 супени лажици вода
  • 1 1/2 мало лажиче сода бикарбона
  • 100 gr кафеав шеќер
  • 40 gr путер од кикирики
  • 1 мало лажиче екстракт од ванила
  • 2 супени лажици кокосово масло
  • 30 gr какао во прав
  • 140 gr овесно брашно
  • 50 gr мелени сирови нелупени бадеми
  • 60 gr црно чоколадо

Излупете ги двете средни по големина банани, поделете ги на парчиња и додадете ги во еден сад за мешање. Во садот додадете 1 лажица семе од лен и 2 лажици вода, а потоа изматете сè со виљушка. Додадете ги сите суви и влажни состојки и нежно мешајте, користејќи шпатула, додека сè не се соедини. Наполнете 12 калапи за мафини до две третини од волуменот и печете 20-25 минути на 180 °C на централно поставената решетка користејќи ги горниот и долниот грејач. Оставете мафините да се оладат и украсете ги со ганаш (прелив) од темно чоколадо. Завршете го украсувањето на мафините со парченца од марципан во форма на делови што посетуваат на мајмун или направете декорации користејќи фондан.

Лична фабрика со совршен вкус: вградени рерни

HomeMade oблик. Карактеристичната заоблена форма е една од најголемите предности на рерните од Gorenje. Инспирирани од традиционалните фурни на дрва, таа овозможува топлиот воздух да се движи слободно. Бидејќи храната е рамномерно загреана и од сите страни, секогаш е совршено приготвена: крцкава однадвор и сочна во внатрешноста.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice